Нескротливи срца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нескротливи Срца
Жанрдрама, тинејџерска, теленовела
Создадена одЕнрике Хименез
УлогиСара Малдонадо
Арон Диаз
Ерика Буенфил
Артуро Пениче
Арлет Теран
Воведна темаVivir, Belinda
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди145
Продукција
Извршен продуцент(и)Роберто Хернандез Васкез
МестоположбаМексико Сити
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/corazonesallimite/

Нескортливи срца е тинејџерска мексиканска теленовела која е снимана во текот на 2004 година. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 телевизија во терминот за тинејџерски теленовели и доживеа одличен успех.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на серијата ги следи љубовните згоди и незгоди на младата девојка Дијана Антилон и момчето Браулио Валдарес. Дијана веќе пет години се наоѓа во интернат во Швајцарија, каде нејзиниот татко Доменико, успешен бизнисмен, ја пратил за да ја скроти нејзината бунтовност. Но, и во Интернатот, Дијана не мирува. Набрзо станува лидер на девојките во нивните авантури, што ќе предизвика вознемиреност кај управничката на Интернатот. Таа неколку пати ќе ја опомене, но последниот скандал на девојките, кога групно ќе избегаат од испит, ќе доведе до укор до сите девојки, а најлошо ќе помине токму Дијана. Таа е избркана од Интернатот. Управничката се јавува на нејзиниот татко во Мексико, со наредба да ја земе ќерка му, но Доменико, поради бизнисот, не заминува во Швајцарија, туку Дијана мора сама да се врати. Таа е несреќна што нејзиниот татко не доаѓа да ја земе, туку на аеродромот во Мексико ја пречекува шоферот на фирмата. Дијана ја посетува нејзината баба Викторија, која се наоѓа во дом за стари лица, но боледува од Ајцхалмерова болест и не препознава никого од семејството. На патот до дома, Дијана за малку избегнува судир со еден автомобил, во кој се возат Браулио и неговата другарка Кони. Двајцата млади Браулио и Дијана се вљубуваат на прв поглед, но до нивна средба нема брзо да дојде, бидејќи Браулио припаѓа на сосема поинаков свет од оној на Дијана. Како мал, во сообраќајната несреќа загинале неговите родители, а грижата за него ја превзел неговиот чичко. Браулио не се согласува со неговиот братучед Естебан, кој работи во фирмата на Доменико Антилон. Естебан постојано е подложен на провокации и набрзо ќе стане вистински експерт за криминал во фирмата, а нема да се стеснува од понижувањата кон Браулио. Ова особено ќе кулминира откако ќе ја запознае Дијана, во која ќе се вљуби. Единствениот конкурент ќе му биде Браулио, па Естебан ќе се служи со нималку чесни методи да го тргне конкурентот. Другарката на Браулио, Кони Перез е млада и бунтовна девојка, која е вљубена во Браулио, но тој нема да и ја возврати љубовта, особено откако ќе ја запознае Дијана. Но, Естебан нема да биде единствената пречка. Откако Браулио и Дијана повторно ќе се сретнат, Кони постојано ќе смислува начини да им ја расипе врската. Но, и Кони крие од нејзините родители и другарите, дека со месеци боледува од анорексија, што неколку пати ќе ја доведе до болница. Во меѓувреме, Дијана станува се побунтовна, бидејќи нејзиниот татко нема доволно време за неа. Набрзо, таа го запознава надворешниот свет, во кој царуваат тинејџерите, свет исполнет со многу забава, но и опасности. Дрогата, алкохолизмот и проституцијата се дел од ноќниот живот на Мексико, а Диjана набрзо станува дел од тој опасен свет.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Сара Малдонадо Дијана
Арон Диаз Браулио
Марко Муњоз Доменико
Артуро Пениче Алваро
Ерика Буенфил Пилар
Шерлин Кони

Нескорливи Срца на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: А1 Телевизија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]