Прејди на содржината

24 (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од 24 (ТВ серија))
24
Лого
Жанракција, драма, трилер
Создадена одЏоел Сарноу
Роберт Кокран
УлогиКифер Сатерленд
Карлос Бернард
Ени Вершинг
Мери Лин Рејскаб
Џејмс Морисон
Колм Фор
Џефри Нордлинг
Боб Гантон
Џејнен Гарофало
Рис Коиро
Шери Џонс
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони8
Бр. на епизоди192
Производство
МестоположбаЛос Анџелес
Вашингтон
Њујорк
Времетраење42-45 минути
Прикажување
Првична мрежа FOX
A1
Првично прикажување6 ноември 2001 – 24 мај, 2010
Надворешни врски
Мрежна страницаfox.com/24/

24американска акциона/драмска телевизиска серија. Во Америка се прикажува на Fox, а е и адаптирана за прикажување низ светот, со првата епизода емитувана на 6 ноември 2001, со прво 13 епизоди (следните 11 епизоди биле подоцна порачани). 24 е втора по ред најдолго прикажувана шпионска серија во телевизиската историја, веднаш зад првобитната серија Невозможна мисија по број на епизоди и зад Одмаздниците по долговечност на прикажување.

24 се прикажува во таканаречената техника реално време, со тоа што секоја сезона прикжува дваесет и четири часовен период од животот на Џек Бауер, кој работи со американската влада за да ги отстрани фиктивните терористички закани на САД. Бауер е често на полето за Анти-терористичката единица на Лос Анџелес со чија помош се обидува да ја заштити нацијата од терористички закани. Серијата исто така ги следи и дејствата на други АТЕ агенти, државни службеници и терористи поврзани со синопсисот. Дејството во првите шест сезони на серијата се случува во Лос Анџелес и во вистински или измислени локации во или во близина или на Калифорнија, иако одвреме-навреме и други локации се прикажувани, најзабележително Вашингтон, каде дел од дејството во епизодите за време на четвртата и шестата сезона се случува. Наспроти традицијата, седмата сезона во основа е поставена во Вашингтон.[1] Дејството во осмата сезона ќе се случува во Њујорк.

Откако водечкиот глумец Кифер Сатерленд се здобива со Златен глобус за неговата улога во првите 10 епизоди, рејтинзите на серијата се зголемиле, водејќи да FOX ја нарача и втората половина од сезоната. По шест сезони, беше потврдено дека FOX порачале идни две сезони да се продуцираат.[2] Веќе е напишан и игран филм заснован на серијата, насловен 24, кој требал да почне да се снима во 2007 за да се прикаже во 2008, но плановите се одложиле за да се задржи интересот на серијата и за да може да се фокусира на нејзината дообработка.[3]

Седмата сезона, првично закажана да почне да се прикажува на 13 јануари 2008, била одложена поради штрајкот на сценаристите во 2007-08 за да се обезбеди непрекинта сезона, заштитен знак на серијата уште од почетокот на нејзината четврта сезона во јануари 2005.[4][5] Била официјално одложувана сè до јануари 2009.[6][7] За да се помогне да се израмни одложувањето предизвикано од штрајкот, 24 се вратила во недела, 23 ноември 2008 со долгометражен телевизиски филм, насловен 24: Откуп, чии настани се случуваат околу четири години по шестата сезона и ја поставуват приказната која ја започнува седмата сезона.[8][9][10]

Елементи

[уреди | уреди извор]

Реално време

[уреди | уреди извор]
Пример на отчукување на часовникот од премиерата на четвртата сезона.

24 е серија која е прикажан во т.н. техника „реално време“, каде што секоја минута од емитувањето си одговара со минута од животите на ликовите[11]. Рекламните пораки исто така се сместени во серијата (на пример ако ликовите се возат некаде кога рекламите почнуваат, тие веќе стигнале таму кога рекламните пораки завршуваат). Ова овозможува шоуто да се прикажува во реално време без никаква пауза. Часовникот кој го прикажува вистинското време во серијата продолжува да отчукува и за време на прикажувањето на рекламните пораки, нагласувајќи ги реалните 24 часа од сезоната.

Времетраењето на една епизода од серијата без рекламни пораки изнесува околу 42-44 минути, ова е типично за едночасовна телевизиска серија со многу рекламни пораки. Ефектот на реално време работи само ако епизодата е прикажана со рекламни пораки и само ако времетраењето на истите се зголеми на точни точки во времето, што кај повеќето телевизиски станици не е случај.

Гледајќи ги епизодите по ред без рекламни пораки, на секоја сезона и се потребни приближно 17 часа да заврши. Реалното време е назначено од еден дигитален часовник кој се појававува пред и по емитувањето на рекламните пораки, и со впечатлив звук ги означува секундите. Ликовите често го споменуваат времето (на пример „за еден час“) за одредени случувања како терористички закани, на овој начин прецизно го означуваат времето на нападот/случувањето.

Анти-терористичка единица

[уреди | уреди извор]

Анти Терористичка Единица (АТЕ) (англиски: Counter Terrorist Unit (CTU)) е измислена владина анти-терористичка агенција и е слична на ФБИ и ЦИА. Нивното главно седиште се наоѓа во Вашингтон. Главната мисија на АТЕ е да ги одбрани терористичките напади упатени кон САД. Со седиште во речиси секој поголем град во САД, АТЕ исто така има улога во создавањето на безбедноста и бркање на групите на организиран криминал (што го вклучува и тероризмот).

Седиштата на АТЕ се контролирани од директор, наречен Специјален главен агент, на кого Директорот за операции на поле и Шефот на управата му одговараат. Одделите на АТЕ вклучуваат Комуникација, Логистика, и Тактика. Персоналот на Комуникацијата и Логистиката директно одговараат на Шефот на управата, а персоналот на Одделот за тактика се поделени на тактички тимови од страна на Директорот за операции на поле.

Глумечка екипа

[уреди | уреди извор]

Главни Глумци

[уреди | уреди извор]
Глумечката екипа од седмата сезона.

24 е позната по правењето големи промени на нејзините главни глумци за секоја сезона — единствен исклучок е Кифер Сатерленд, кој е единствен главен глумец кој глуми во сите седум сезони. Глен Моршли, кој го глуми Арон Пирс, е единствениот глумец покрај Сатерленд кој се појавува во сите седум сезони. Во неколку случаи, гостинските глумци биле унапредени во главни глумци за време на сезоната. На главните глумци кој се вратиле од претходните сезони за една епизода или мал дел од сезоната им се дава статусот „специјална гостинска ѕвезда". Овој статус е користен и за други познати филмски глумци кој глумат во серијата, како Денис Хопер, Поверс Бут, Син Астин и Џејмс Кромвел.

Поради напнатата природа на серијата, бројот на умирањата е голем, спореден со другите телевизиски драми. Од 28 ликови кои беа пријавени како главни улоги за минатите шест сезони, десет се убиени. Овој број ќе биде поголем ако ги вклучиме и умирањата на споредните и гостинските улоги.

ГлумецЛикУчество во епизодиГлавен карактер во сезонитеСпореден глумец во сезонитеСтасус
Кифер СатерлендЏек Бауер1681, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8*НемаЖив
Лесли ХоупТери Бауер241НемаМртва
Сара КларкНина Mаерс3612, 3Мртва
Елиша КофбертКим Бауер771, 2, 35, 7, 8*Жива
Денис ХајсбертДејвид Палмер791, 2, 34, 5Мртов
Сара ВајнтерКејт Варнер2523Жива
Ксандер БарклиЏорџ Мејсон2721Мртов
Пени Џонсон ЏералдШери Палмер4521, 3Мртва
Карлос БернардТони Алмеида1152, 3, 5, 71, 4Жив
Реико АјлествортМишел Дестлер6232, 4, 5Мртва
Џејмс Беџ ДејлЧејс Едмунтс243НемаЖив
Ким РејверОдри Рејнс534, 56Жива
Алберта ВатсонЕрин Дрискол124НемаЖива
Вилиам ДејвнЏејмс Хелер2045, 6Жив
Лана Парила**Сара Гавин1244**Жива
Роџер Крос**Кертис Менинг434, 54**, 6Мртов
Мери Лин РејскабКлои O'Брајан1015, 6, 7, 8*3, 4Жива
Џејмс МорисонБил Бјукенен645, 6, 74Мртов
Грегори ИтзинЧарлс Логан3654, 6Непознато
Луис ЛомбардиЕдгар Стајлс3754Мртов
Џеан СмартМарта Логан2456Жива
Д.Б. ВудсајдВејн Палмер4863, 5Непознато
Петер МекНиколToм Ленокс246НемаЖив
Џејн АткинсонКарен Хејс3065Жива
Ерик БалфорМило Пресман2861Жив
Карло РотаМорис O'Брајан2965, 7Жив
Марисол НиколсНадија Јасир246НемаЖива
Реџина КингСандра Палмер96НемаЖива
Боб ГантонИтан Канин2176, 8*Жив
Колм ФорХенри Тејлор127НемаЖив
Ени ВершингРене Валкер247, 8*НемаЖива
Џефри НордлингЛери мос197НемаМртов
Џејнен ГарофалоЏанис Голд217НемаЖива
Рис КоироШеан Хилингер107НемаЖив
Шери ЏонсАлисон Тејлор237, 8*НемаЖив

* = Закажана улога за 8. сезона.
** = Бил унапреден од гостинска улога, во главна улога.

Споредни улоги и гости

[уреди | уреди извор]

24 содржи голем број на споредни улоги и гости во секоја сезона. Подолу се некои од споредните улоги кои се појавија минативе шест сезони.

ГлумецЛикСе појави во сезонитеУчество во епизодиСтатус
Џуд СиколелаМајк Новик1, 2, 4, 558Жив
Глен МоршлуАрон Пирс1, 2, 3, 4, 5, 6, 7,49Жив
Пол ШлузРајан Шапел1, 2, 324Мртов
Закари КвинтоАдам Кофман323Жив
Џиоф ПирсонЏон Килер3, 419Жив
Даниел БесРик Ален118Жив
Шеан ОстинЛин МекГил510Мртов
Мишел ФорбсЛин Креџ218Непознато
Арнолд ВослуХабиб Марван417Мртов
Адони МарописАбу Фајед615Мртов
Денис ХоперВиктор Дражен14Мртов
Жељко ИванекАндре Дражен114Мртов
Миша КолинсАлексис Дражен17Мртов
Лаура ХарисМари Ворнер214Жива
Јоаким де АлмеидаРамон Салзар312Мртов
Џеси БорегоГел Ортега314Мртов
Пауерс БутНоа Даниел614Жив
Вајселис ШенонКит Палмер1,213Жив
Ѕи MaЧенг Зи4, 5, 612Жив
Мајкл МасиАјра Геинс112Мртов
Рики ШродерМајк Дојл612Жив
Рена СоферМерлин Бауер612Жива
Џонатан АдотБеруз Араз412Жив
Шори АшлуДина Араз412Мртва
Ник ЏејмсонЈури Суваров5, 612Жив
Џон Ален НелсонВолт Камингс4, 512Мртов
Џон ТериБоб Ворнер212Жив
Џулијан СендсВладимир Биертко511Мртов
Петер ВелерКристофер Хендерсон511Мртов
Ванеса ФерлитоКлаудија Ернандес311Мртва
Кери МачетЛиса Милер610Жива
Лорд БенедиктоКери Турнер210Жив
Еван ЕлингсонЏош Бауер610Жив
Џејмс КромвелФилип Бауер610Мртов
Џон НоблАнатоли Марков62Мртов
Пол БлектронСтивен Саундрес310Мртов

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Прва сезона

[уреди | уреди извор]

Првата сезона започнува и завршува во 00:00 часот, и дејството се одвива во Лос Анџелес, Калифорнија. Во оваа сезона се запознаваме со протагонистот на оваа серија, Џек Бауер. Тој е агент во Анти-Терористичката Единица (АТЕ), кој ќе мора да ја пронајде и спаси неговата ќерка Ким Бауер, која е киднапирана, и да го спаси сенаторот Дејвид Палмер, од истите луѓе кои му ја киднапираа ќерката, и кои сакаат да ги убијат Џек Бауер и Дејвид Палмер поради поранешна мисија која ја одобрил Дејвид Палмер, а ја извршил Џек Бауер.

Втора сезона

[уреди | уреди извор]

Втората сезона се случува 18 месеци по првата, и почнува и завршува во р08:00 часот. Во оваа сезона Џек ќе мора да запре јадрена бомба од експлодирање, и потоа да му помогне на претседателот Дејвид Палмер, да го пронајде виновникот за бомбата. Во оваа сезона, Џек ќе мора да соработува со Нина Маерс, жената која во првата сезона го предаде Џек, и ја уби неговата жена, Тери Бауер.

Трета сезона

[уреди | уреди извор]

Третата сезона е сместена 3 години по настаните од втората сезона, и почнива и завршува во 13:00 часот. Џек е зависник од хероин, и има нов партнер - Чејс Едмундс, кој има љубовна афера со неговата ќерка Ким Бауер. Во оваа сезона Џек и Чејс се во потрага по вирусот Кордила (моќен преносен вирус кој убива во рок од 24 часа).

Четврта сезона

[уреди | уреди извор]

Дејствијата од четвртата сезона се сместени 18 месеци по дејствијата во третата сезона. Во оваа сезона Џек и Анти-Терористичката Единица ќе мораат да се справи со повеќебројни терористички напади од страна на терористот Хабиб Марван. На почетокот Џек ќе мора да го спаси киднапираниот министер за одбрана Џејмс Хелер, потоа ќе мора да го запре топењето на јадрата на Атомските централи низ цел САД, И на крајот ќе мора да ја запре боевата глава лансирана од страна на Хабиб Марван, да го погоди Лос Анџелес.

Петта сезона

[уреди | уреди извор]

Петтата сезона е сместена 18 месеци по четвртата сезона, и почнува и завршува во 6:00 часот. поранешниот претседател Дејвид Палмер ќе биде убиен, и Џек Бауер ќе биде обвинет за неговото убиство. Тој ќе се обиде да го пронајде убиецот, и да докаже дека е невин, но притоа ќе дознае дека Дејвид Палмер, дознал за некоја голема завера, и затоа е убиен. Како што денот тече, Џек открива дека руски сеператисти се во сопственост на 20 канистри на ортовен нервен гас. Џек И АТЕ тргнуваат во потрага по Терористите и гасот, а потоа дознаваат дека и претседателот Логан e помешан во терористичките напади кои се случуваат во оваа сезона.

Шеста сезона

[уреди | уреди извор]

Шестата сезона е сместена 20 месеци по петтата сезона, и почнува и завршува во 6:00 часот. Џек е пуштен откако бил затворен во кинески затвор 20 месеци. Терористите планираат да детонираат куфер со високо експлозивна направа во САД, и Џек мора да ги запре, подоцна, Џек е принуден да одбира помеѓу тие што му се мили, и националната сигурност кога кинезите се одлучуваат да направат некои работи кои би можеле да започнат војна помеѓу САД и Русија.

  1. „IGN: 24: The Dead Rise“. au.tv.ign.com. Посетено на 2008-04-23.
  2. „Fox orders more '24'. Посетено на 2008-07-04.
  3. 24 Director Jon Cassar Takes a Time-out to Discuss Season Six and the 24 Movie“. iFMagazine. Архивирано од изворникот на 2008-06-14. Посетено на 2008-07-04.
  4. „FOX Postpones '24,' Sets 'American Idol' Premiere“. Архивирано од изворникот на 2008-06-19. Посетено на 2008-07-04.
  5. 'K-Ville,' '24' latest affected by strike – CNN.com“. Архивирано од изворникот на 2008-01-12. Посетено на 2009-06-26.
  6. Carter, Bill (2008-02-11). „After Strike, TV Shows Hurry Up and Wait“. New York Times. Посетено на 2008-02-12.
  7. "Fox: '24' on shelf until next January" (CNN)“. Посетено на 2008-02-16.
  8. '24' Prequel Coming This Fall“. TV Blogger. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2008-03-06.
  9. „Exclusive News: Producer Howard Gordon Explains This Fall's 2-hour 24 TV Movie“. iFMagazine. Архивирано од изворникот на 2008-03-16. Посетено на 2008-03-13.
  10. „Emmy and Golden Globe Winner 24 Gets a Jumpstart on the Clock with Special Two-hour Prequel Sunday, 23 ноември, on Fox“. The Futon Critic. Посетено на 2008-05-15.
  11. „TV.com Summary of 24. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2009-06-27.

Надворешни Врски

[уреди | уреди извор]