Џек Бауер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џек Бауер
лик од 24
Кифер Сатерленд како Џек Бауер
ТолкуваКифер Сатерленд
СтатусЖив

Џек Бауер (англиски: Jack Bauer) е протагонистот и анти-херојот од Американската телевизиска серија 24, каде што има различни надлежности како владин агент, тука вклучувајќи ги Делта Силите на американската армија, Полицискиот Оддел на Лос Анџелес - Специјални Оружја и Тактики, ЦИА, и конечно во Анти-Терористичка Единица (АТЕ) Лос Анџелес. Во дејствието на 24, тој претставува клучен член на АТЕ и често е претставен како најдобриот агент на АТЕ. Работата на Бауер обично се состои во превентивно дејствување против поголеми терористички напади во САД, притоа спасувајќи цивилни животи и владини администрации. Во многу случаи Џек тоа го прави на сопствена сметка, притоа самиот и неговите блиски се честа мета на тие што ги спречува. Ликот на Џек Бауер е прикажан од глумецот Кифер Сатерленд во телевизиската серија[1] и во видеоиграта. Во 2006 Кифер потпиша договор за најмалку уште три сезони.[2][3][4]

Концепт и творба[уреди | уреди извор]

Соавторот на 24 Џоел Сурноу потенцира дека немале идеја кој би бил глумецот за улогата на Џек; "Навистина не ја знаевме вистинската личност. Имавме аудиции со многу луѓе и тогаш го слушнавме името на Кифер Сатерленд и помисливме, тоа е Џек Бауер.[2]" Во 2000, пријателот на Кифер, а воедно и режисер Стефан Хопкинс, кој работел на пробната епизода за експериманталното телевизиско шоу во реално време, контактирал со Сатерленд и му ја понудил главната улога[5]. Во почетокот, Кифер не бил премногу оптимист за улогата на Бауер, изјавувајќи, "Мислев, 'Ова е доста паметно и различно, па би немало шанса да го одберат. Но би ми требале парите, а и никој не би го гледал'."

Сатерленд мора да одигра околу 18 часа во секоја сезона, "што е како да направиш 12 играни филмови, па би имало грешки во текот на снимањето, но јас сум неверојатно изненаден колку добро течеа работите со тоа темпо.[6]"

Сатерленд потпиша договор да ја глуми улогата на Бауер уште три сезони за 40 милиони американски долари[2]. Сатерленд е исто така и извршен продуцент на 24.[7]

Улога[уреди | уреди извор]

Џек Бауер е роден во Санта Моника[8], Калифорнија на 8 февруари 1966[9]. Син е на Филип Бауер, кој целиот свој живот го поминува во својата компанија BXJ Technologies. Името на мајката на Џек е непознато. Џек има еден брат, Граем Бауер. Филип првенствено планирал да му ја даде компанијата на Џек[10], но како што Џек кажува во Ден 6, "Морав да одам по сопствениот пат.[11]"

Џек има Диплома од Англиска Литература и Уметност на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес и Магистратура по Криминологија и Право на Универзитетот на Калифорнија во Беркли[12]. Се пријавил во американската војска и понатаму влегол во елитните Делта Сили (меќу неговите почести се Сребрена Ѕвезда, Пурпурно Срце и Легија на Мерит). Ја напушта Армијата со ранк Капетан, врз основа на неговото досие за служба. Следната негова кариера е во Полицискиот Оддел на Лос Анџелес - Специјални Оружја и Тактики и за Централната Разузнавачка Агенција. Во АТЕ е регрутиран од Кристофер Хендерсон[13].

Има покажано голема вештина за огнено оружје, експлозиви, електронски направи, отпор при испрашување, и способноста да разбира Шпански и Руски.

Исто така може да управува и со авиони (Сезона 2) и хелихоптери (Сезони 3 и 5).

Појавувања[уреди | уреди извор]

Како протагонист и централна фигура во 24, Џек Бауер е единствениот карактер кој се појавува во секоја епизода од сериите.

24 Сезона 1[уреди | уреди извор]

Во Сезона 1, жената на Бауер, Тери Бауер, и неговата ќерка Ким Бауер се киднапирани од Виктор Дражен, човек којшто Бауер мисли дека го убил во воената Операција Самрак во Косово, две години порано. Џек се обидува да ги спаси, истовремено спречувајќи атентат врз претседателскиот кандидат Сенаторот Дејвид Палмер. Мислејќи дека Ким е убиена од Дражен, Џек го убива Дражен и неговите соработници. Кога Бауер се враќа назад во АТЕ, Нина Маерс, за која знае дека е предавник, ја убива Тери за да си го олесни бегството. Сезоната завршува со сцена од Џек со Тери мртва во неговите раце.

24 Сезона 2[уреди | уреди извор]

Осумнаесет месеци по случувањата од Ден 1 и загубата на неговата жена Тери, Џек е замолен да се врати назад во АТЕ по барање на Џорџ Масон и НСА. Џек, кој сѐ уште е во болка од смртта на неговата жена и фактот дека неговата ќерка Ким не сака ништо со него, одбива поради фактот дека ги смета АТЕ за одговорни за тоа што се случи на Тери. Меѓутоа, по барање на сега Претседателот Палмер, се враќа во АТЕ, каде дознава дека постои ризик од терористи во Лос Анџелес кои планираат да детонираат јадрена бомба во градот ве текот на денот.

24 Сезона 3[уреди | уреди извор]

Три години подоцна, Џек се враќа од тајна мисија извршена врз Рамон Салазар, мексикански "крал на дрогата". Иако операцијата е успешна и Салазар е уапсен, тоа доаѓа со висока цена. Бауер завршува со зависност од хероин со цел да ја одржи неговата маска кај Салазар, и обиди да се бори против зависноста со таканаречена "ладна мисирка", целосно апстинирајки од хероинот. Братот на Рамон, Хектор, инсистира Бауер да остане жив со цел да го купи Кордила вирусот и да го продаде преку подземни организации низ светот за да оствари профит од една милијарда долари. Најпосле Бауер ја придобива довербата од Рамон Салазар и дознава дека нов купувач е во игра, предводен од Нина Маерс. Продажбата на вирусот не поминува добро, но Нина е фатена и однесена во притвор и на крајот погубена од Бауер кога веќе не му е потребна. Подоцна Џек дознава дека човекот задолжен за дистрибуцијата на вирусот и нападите е Стефан Сондерс, еден од поранешните членови на тимот предводен од Џек во операцијата Самрак на Косово, за кој верувал дека е загинат. Конечно Џек и Чејс Едмундс го заробуваат Сондерс и му ја оземаат ампулата со вирусот. При последната подготовка на податоци за понатамошна обработка со користење на операциите пребарување, пронаоѓање и вчитување, Џек е приморан да му ја отсече раката на Чејс користејќи секира бидејќи за да го спречи осомничениот да избега со направата и вирусот, Чејс ја врзува раката со титански стегач. Откако ја напушта болницата после одлуката на Чејс, Џек последните минути од 24 часа ги минува сам во својот џип.

24 Сезона 4[уреди | уреди извор]

Три месеци подоцна, Џек е отпуштен од страна на Ерин Дрискол поради неговата зависност од хероин здобиена претходно во Сезона 3. Се вработува во Министерството за Одбрана и влегува во врска со ќерката на Министерот за Одбрана, Одри Рејнс. Осумнаесет месеци после Ден 3 Џек се враќа назад во АТЕ да помогне да се запре терористот Хабиб Марван. Одри е сведок на бруталното испрашување на Џек врз нејзиниот отуѓен сопруг Пол Рејнс, по што таа се преиспитува дали е можно да биде во врска со Џек. Подоцна во текок на денот, Џек е замолен поранешниот претседател Дејвид Палмер, кој сегашниот Претседател Чарлс Логан го назначува за советник, да се инфилтрираат во Кинескиот конзулат и да го киднапираат лицето Ли Јонг кој има клучна информација. Меѓутоа, во текот на акцијата Кинескиот конзул случајно е убиен од пријателски оган. Кинезите наскоро дознаваат дека Џек стои позади нападот на конзулатот, притоа принудувајќи го Џек да ја исценира сопствената смрт и да се крие, со цел да избегне да биден заробен од кинезите, а воедно и како превенција да не биде убиен од американската влада со цел да не открие воени тајни на кинезите[14].

24 Сезона 5[уреди | уреди извор]

Откако Мишел Деслер и Дејвид Палмер се убиени, а Тони Алмеида се претпоставува мртов од страна на атентаторите, Џек е принуден да престане да се крие. Тој дознава дека заверата на атентаторите е да го наместат него за убиствата. Клои О'Брајан е спасена од Џек при обидот на атентаторите да ја убијат и неа. Џек ги испрашува атентаторите и извлекува информации дека тие го местат. Терористи го заземаат терминалот на аеродромот, при што АТЕ дознава дека ситуацијата со заложниците е само мамец за да се стигне до воениот нервен гас Сентокс Ви-Икс 1. Џек следи голем број траги што го водат кон Кристофер Хендерсон, човек за којшто Џек порано работел во АТЕ. Џек оди притаено кога терористите се обидуваат да испуштат цилиндар од гасот во трговскиот центар Санрајс Хилс, и го спречува обидот наспроти наредбите од Претседателот. На крајот од сезоната Џек е фатен од Кинезите и затворен поради неговите акции во Ден 4. Иако целото време е мачен, Џек не издава ниту една информација.

24 Сезона 6[уреди | уреди извор]

Последните 11 недели, Соединетите Американски Држави се постојана цел на терористички напади и експлозии, во јавните згради и транспортот. Џек е ослободен од Кина 20 месеци од неговото затворање на крајот на Ден 5. Се дознава дека е ослободен само со цел да се предаде на Абу Фаед[15].

Меѓутоа, Џек успева да избега преку одгризување на вратната вена на човекот што го чува. Се обидува да го предупреди Претседателот Вејн Палмер за невиноста на Хамри Ал-Асад, човек кој бил убеден од Фаед дека САД стојат зад нападите. Џек го спасува Асад од воздушен напад и двајцата спречуваат бомбашки напад во подземна станица и спасуваат семејство кои се држени како заложници. Како што дејствието тече, болните сеќавања од неговата единица го наведуваат Кертис Менинг да се обиде да го убие Асад, притоа не оставајќи му избор на Џек освен да го убие Кертис со цел да добие повеќе потребни информации од Асад, кои му нанесуваат на Џек огромна тага. Џек се обидува да го напушти АТЕ, но јадрена бомба експлодира притоа уништувајчи ја Веленсија, Калифорнија. Сфаќа дека не може да прекине сè додека не го фати Фаид еднаш за секогаш. Нови траги го насочуваат до компанијата водена од неговиот татко и брат Филип и Граем Бауер. Џек го испитува Граем, меѓутоа пред да дознае нешто, неговиот татко Филип го гледа синот како преголема закана за откривање на неговата вмешаност и самиот го убива Граем (под импресија дека Граем имал срцев удар од лековите). Џек ја открива вмешаноста на татко му и трага по него до еден хотел, каде овој го држи неговиот внук Џош Бауер заложник. Филип се согласува да го ослободи Џош во замена за животот на Џек. Пред Филип да го убие својот син, Џек кажува еден мал сентаментализам, тврдејќи дека тој станал тоа што е од сопствени причини, а не од инает кон татко му. Филип не пука во Џек и си оди. На крајот успева да го спречи Фаед во неговите планови, додека сѐ уште не се детонирани повеќе бомби.

На Џек му е кажано дека Одри Рејнс умрела барајќи го во Кина, но подоцна дознава дека таа всушност била киднапирана од страна на кинезите. Тој врши размена со кинезите и успева да ја спаси Одри, како и неговиот внук. Одри го има изгубено сеќавањето и не се сеќава на Џек. Тој ја напушта Одри откако нејзиниот татко Џејмс Хелер му вели дека тој не може добро да се грижи за неа. Сезоната завршува со сцена како Џек гледа во хоризонтот, незнаејќи што го чека во иднина.[16]

24: Откуп[уреди | уреди извор]

Барајќи место каде што може да "најде мир", Џек патува низ светот и завршува во измислената Африканска држава Сангала. Тука тој останува со неговиот стар пријател и колега од специјалните сили Карл Бентон, кој раководи со школа за спасени деца сираци од војната. За време на неговиот престој во Сангала, тој е најден и врачена му е судска покана од претставник од Стејт Департментот да се појави пред сенат да одговара на прашања поврзани со неговите активности во АТЕ, кој тој се обидува да ги избегне повеќе од година.

Наеднаш во земјата се случува воен пресврт и Џек е приморам да му помогне на Бентон да ги донесат децата сираци во американската амбасада со цел да ја напуштат земјата и да избегаат од бунтовниците кои сакаат да ги направат деца војници. Откако Бентон е убиен, Џек се предава на судската покана извршена од американските маринци и дозволува да биде уапсен во амбасадата со цел да ги тргне децата од воената зона.

24 Сезона 7[уреди | уреди извор]

Џек Бауер се враќа во Ден 7 од 24, каде што е на судење поради измачување. На стартот од сезоната му приоѓа агентот Рене Вокер, агент на ФИБ и му кажува за можната закана кон земјата која ја врши стариот пријател и поранешен колега на Џек, Тони Алмеида, за кој се верувало дека е мртов скоро 5 години по случувањата од Ден 5. АТЕ за првпат нема да има никаква улога во сезоната, иако Клои О'Брајан и Бил Бјукенен ќе се појават, притоа помагајќи му на Џек.

Во првата сцена од Сезона 7, Бауер се појавува пред комитет на сенатот притоа одговарајќи на прашања за мачењето на Ибрахим Хадад во 2002, Откако е испрашан, Бауер достоинствено признава дека го мачел Хадад (според дефиницијата поставена од Женевската Конвенција) со цел да дојде до детали за планиран напад врз автобус полн со цивили. Џек објаснува дека терористите не се придржуваат истите закони како амеиканските граќани и како резултат на тоа, бил приморан да се адаптира на нивната природа. Иако спремен да одговара на прашањата на поротниците, сепак одбива да му биде судено од сенатор кој според Бауер не ја разбира природата на Војната врз Теророт.

Испрашувањето пред законодавното тело е прекинато од страна на ФИБ агенти кои бараат надзор врз Бауер поради причини поврзани со Националната Безбедност. Бауер е однесен во теренските канцеларии на ФИБ и е информиран дека е потребен во разрешување на можна закана. Бауер е известен дека неговиот поранешен пријател и колега Тони Алмеида е жив и е член на терористичка групација која планира да се инфилтрира во американската инфраструктура. Бауер одбива да верува дека Алмеида е жив бидејќи тој според него, умрел кај него во раце. Почнува да верува кога агентот подобро му објаснува што точно се случило со Тони и кога ќе види фотографија од него и откако ќе дознае дека после инхумацијата на неговиот гроб, ДНК-та на телото внатре не одговарала со таа на Алмеида.

Додека Џек го испрашува Тони во собата за испрашување на ФИБ, Тони тајно му дава АТЕ сигнал "Високо Небо" на Џек, по што Џек се јавува на одреден број. Бил Бјукенен се јавува и му објаснува на Џек дека Тони работи на тајна мисија со него и Клои. Џек тогаш го ослободува Тони и заедно одат на тајна мисија да ја поткопаат терористичката закана и да разоткријат владина завера.

Тони се ре-инфилтрира во бандата на Емерсон, притоа внесувајќи го и Џек со него. Емерсон најпрвин сака да го види Џек убиен, но Џек успева да го убеди да го прифати во неговиот тим. Џек му помага на Емерсон во киднапирањето на Атобо. Агентот Рене Вокер, која ги следела е исто така фатена и на Џек му е наредено да ја убие. Џек успева да го лажира нејзиното убиство, пукајќи и во вратот. Наредено му е да ја закопа, по што подоцна Клои и Бил доаѓаат да ја спасат. Емерсон сепак не му верува на Џек и му вади пиштол. Притоа Тони му пука на Емерсон во раката, а Џек во вратот, по што тој умира.

Џек подоцна сфаќа дека вистинскиот план на Тони и Галвез е да ги намами ФИБ тимовите во зграда каде има Ц4 и успева да ги предупреди. Иако многу од агентите се убиени или ранети при експлозијата, неговото предупредување спаси неколку од нив, вклучувајќи ја и Рене која лично ја водела потрагата по Галвез. Џек подоцна станува свесен за нелогичности во приказната на Тони и сфаќа дека Тони ги изигрува. Џек се конфронтира со поранешниот пријател, но има напад што му дозволува на Тони да избега.

Други појавувања[уреди | уреди извор]

Како главен карактер во 24, Џек игра важна улога како во сериите така и во видеоигра. Џек е главниот протагонист на 24 сериите и книгите, и се има појавено во секоја епизода до денес. Кифер Сатерленд го глуми Џек Бауер во овие епизоди, вклучувајчи ги и пред-сезоните и вебизодите. Дополнително, тој го позајмува гласот на истоимениот карактер во 24: Играта, 24: Ден Нула и 24: ДВД Табла за Играње.

24 Пред-сезони[уреди | уреди извор]

Џек Бауер исто така се појавува во сите 4 пред-сезони што може да се најдат на 24 Ди-Ви-Ди, како и на различни мрежни места. Овие пред-сезони се создадени за да ја премостат дупката помеѓу сезоните. Тие овозможуваат приказ на тоа што ќе се случува во наредните сезони. Пред-сезони се направени за Сезоните 4, 5, 6 и 7.

24 Вебизоди[уреди | уреди извор]

24: Ден 6 Разузнавачка задача се одвива 35 часа откако јадрената направа експлодира во Валенција, Калифорнија. Серијата се состои од 5 сегменти, не подолги од три минути поединечно. Два агента, Рамирес и Мос, го наоѓаат Џек во хотелска соба и го носат во Одделот за разузнавачки задачи за јадрено оружје. Тие веруваат дека Џек издал информација на кинезите која водела до откривање на идентитетот и погубување на Маркус Холт. Го пуштаат Џек поради недостаток на докази, меѓутоа Рамирес му ветува дека ќе го држи на око сè додека не е сигурен. Џек му кажува на Рамирес дека ако повторно го види, подобро да се помоли бидејќи ќе го убие. Со тоа истрагата против Џек завршува.

Право и политика[уреди | уреди извор]

Американските политичари и адвокати често го користат Џек Бауер и неговите дела како начин на претставување на американските техники на истражување.

На правна конференција во Отава, Канада, на пример, судијката Антонин Скалиа од Врховниот Суд нападна друг канадски судија поради неговата забелешка дека неговата нација не ги зема предвид делувањата на Џек Бауер при спроведување на нивната политиката. Скалиа на тоа остро возвратила со зборовите: "Џек Бауер го спаси Лос Анџелес... Тој спаси стотици илјади животи... Ќе го осудите ли Џек Бауер? Велите дека кривичното право е против него? 'Имате право на судење пред порота?' Дали некоја порота ќе го осуди Џек Бауер? Мислам дека не."[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ken Tucker, “24: Mondays, 9 p.m., premiering Sunday, Jan. 11, at 8 p.m.,” Entertainment Weekly 1o30 (16 јануари 2009): 56.
  2. 2,0 2,1 2,2 Stephen M. Silverman (2004-10-06). "Kiefer Sutherland: $40 Million Man". http://www.people.com/people/article/0,,1181709,00.html. Посетено на 2008-04-28.
  3. Froomkin, Dan (2008-04-21). "Duped About Torture". The Washington Post. http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/blog/2008/04/21/BL2008042101378_pf.html. Посетено на 2009-01-24.
  4. Sands, Phillip (2008-04-19). "Stress, hooding, noise, nudity, dogs". The Guardian. http://www.guardian.co.uk/world/2008/apr/19/humanrights.interrogationtechniques. Посетено на 2009-01-24.
  5. Hedegaard, Erik (2006-04-20). "Kiefer Sutherland: Heart of Darkness". Rolling Stone Magazine. http://www.rollingstone.com/news/profile/story/9596933/alone_in_the_dark_with_kiefer_sutherland Архивирано на 19 април 2008 г.. Посетено на 2008-07-04.
  6. Joel Schumacher (2004-02-01). "Kiefer Sutherland: he's been around Hollywood for more than 20 years, but these days, this bold talent has them counting the minutes". Interview. http://www.findarticles.com/p/articles/mi_m1285/is_1_34/ai_112482982/pg_2 Архивирано на 20 јануари 2009 г.. Посетено на 2008-07-04.
  7. Jenna Fryer (2004-01-01). "24 SEASON 3 Q&A with JOEL SURNOW, ROBERT COCHRAN and HOWARD GORDON". Phase 9 Movies. http://www.phase9.tv/moviefeatures/24season3q&a-joelsurnow2.shtml Архивирано на 20 јануари 2009 г.. Посетено на 2008-07-04.
  8. Cerasini, Marc (2003). 24: The House Special Subcommittee's Findings at CTU (First ed.). Harper Collins. pp. 7. ISBN 0-06-053550-4.
  9. "Debrief #2: 09:42:22". Writer: Howard Gordon, director: Brad Turner. 24. 2007-05-28.
  10. "12:00 PM - 1:00 PM". Writer: Howard Gordon, director: Jon Cassar. 24. 2007-02-05. No. 127, season 6.
  11. "3:00 PM - 4:00 PM". Writer: Howard Gordon, director: Brad Turner. 24. 2007-02-19. No. 130, season 6
  12. FOX Broadcasting Company: 24
  13. "4:00 PM - 5:00 PM". Writer: Joel Surnow, director: Tim Iacofano. 24. 2006-02-27. No. 106, season 5.
  14. "6:00am-7:00am". Writers: Robert Cochran and Howard Gordon, director: Jon Cassar. 24. 2005-05-23. No. 96, season 4.
  15. "6:00am-7:00am". Writer: Howard Gordon, director: Jon Cassar. 24. 2007-01-14. No. 121, season 6.
  16. "5:00am-6:00am". Writers: Robert Cochran, Manny Coto and David Fury, director: Brad Turner. 24. 2007-05-21. No. 144, season 6.
  17. COLIN FREEZE, The Globe and Mail (Toronto), 16 June 2007, Canadian jurist prompts international justice panel to debate TV drama 24's use of torture.

Надворешни Врски[уреди | уреди извор]