К-15
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
К-15 | |
---|---|
![]() | |
Жанр | комедија |
Создадена од | Васко Тодоров, Љупчо ,,Бубо" Каров, и Бранко Огњановски |
Земја на потекло | ![]() |
Првичен јазик | македонски |
Бр. на сезони | 19 |
Продукција | |
Времетраење | 4-10 мин. еден скеч |
Прикажување | |
Првична мрежа | А1 (1994-2001),
Сител (2002-2006), Канал 5 (2006-2007), МТВ 1 (2007-2008), К-15 ТВ (2008), Алфа ТВ (2009-2013) |
Сликов формат | 4:3 (1994-2008) 16:9 (2008-2013) |
Првично прикажување | 23.11.1994 – 30.03.2013 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | youtube.com/user/panikamile |
Поврзано, Дуо трио.
К-15 — популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започнало во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик. К-15 како термин се користи и за други проекти, не само во контекст на хумористичните тв серии туку и било кој друг настап на познатата група, како на пример песните од Дуо трио, рекламите кои тие ги снимаат или гостувањето во други емисии и филмови како Балкан Кан.
К-15 е основано и оригинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.
Историја[уреди | уреди извор]
Тројцата ликови решиле да создадат единствена работна можност за себе — неделно хумористично шоу кое не само што ќе им обезбеди месечна плата туку и ќе ги забавува сите оние кои живеат, знаат, или имале искуство со социјалната и културната ситуација во Македонија. Првата епизода била емитувана на 23 ноември 1994 година на А1 телевизија. Шоуто К-15 оттогаш обезбедува силна социјална, политичка и економска критика особено на нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина. К-15 шоу било емитувано на повеќе телевизиски канали, имено на МТВ 1, Сител, А1, Алфа ТВ, К-15 ТВ, Канал 5 Телевизија. Во 2008 година, уредниците на К-15 се одлучиле да формираат свој независен телевизиски канал познат како К-15 Телевизија. Каналот претежно емитувал македонска музика со повремено емитување на скечови и реклами од К-15. Каналот бил достапен и преку сателитската телевизиска мрежа.По низа финансиски проблеми на самата продукција,последниот серијал (циклус) завршува на 30.03.2013.Воедно тоа е и датумот на последната емитувана епизода.Одлуката за престанокот на емисијата следува неколку месеци подоцна соопштена од Бубо Каров,на големо разочарување на сите гледачи.
Сезони (циклуси) по број и име | Број на
Епизоди |
Почеток | Крај | Канал на емитување |
---|---|---|---|---|
01 | 13 | 23 Ноември 1994 | 17 Јуни 1995 | А1 Телевизија |
02 | 8 | 25 Ноември 1995 | 24 Февруари 1996 | А1 Телевизија |
03 (Оплеменувачи На Иверици) | 15 | 23 Ноември 1996 | 07 Јуни 1997 | А1 Телевизија |
04 (Далтонисти) | 15 | 22 Ноември 1997 | 06 Јуни 1998 | А1 Телевизија |
Новогодишна епизода (вон сезона) | 1 | 31 Декември 1998 | А1 Телевизија | |
05 (К-15 За Сите) | 8 | 18 Март 2000 | 24 Јуни 2000 | А1 Телевизија |
Новогодишна епизода (вон сезона) | 1 | 31 Декември 2000 | А1 Телевизија | |
06 (12:05) | 7 | 21 Април 2001 | 07 Јули 2001 | А1 Телевизија |
Новогодишна епизода (вон сезона) | 1 | 31 Декември 2001 | А1 Телевизија | |
Предизборна епизода (вон сезона) | 1 | 07 Септември 2002 | Сител-телевизија | |
07 (К-15 ШооУ!!) | 6 | 21 Декември 2002 | 01 Март 2003 | Сител-телевизија |
08 (К-15 ТХЕ БЕСТ ОФ) | 9 | 17 Мај 2003 | 12 Јули 2003 | Сител-телевизија |
09 (К-15 ШОУ!) | 8 | 06 Декември 2003 | 17 Април 2004 | Сител-телевизија |
10 (10 Години К-15) | 14 | 20 Ноември 2004 | 25 Јуни 2005 | Сител-телевизија |
11 (Фарбање) | 8 | 04 Декември 2005 | 11 Март 2006 | Сител-телевизија |
12 (Фарбање - Втора Рака) | 6 | 22 Април 2006 | 01 Јули 2006 | Канал 5 Телевизија |
13 (Шмирглање) | 16 | 18 Ноември 2006 | 03 Март 2007 | Канал 5 Телевизија |
14 (На Прва) | 12 | 21 Април 2007 | 07 Јули 2007 | МТВ 1 |
15 (Втора На Прва) | 16 | 17 Ноември 2007 | 01 Март 2008 | МТВ 1 |
16 (К-15 На К-15 Телевизија) | 8 | 17 Мај 2008 | 05 Јули 2008 | К-15 ТВ |
17 (Рекапитулација) | 20 | 12 Декември 2009 | 12 Јуни 2010 | Алфа ТВ и К-15 ТВ |
18 (Лубриканти) | 12 | 10 Декември 2011 | 25 Февруари 2012 | Алфа ТВ |
19 (Лубриканти 2) | 16 | 16 Декември 2012 | 30 Март 2013 | Алфа ТВ |
Главни ликови[уреди | уреди извор]


- Миле Паника (Бранко Огњановски) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15. Миле Паника има карактеристичен изговор (или говорна маана) и често употребува српски (југословенски) изрази за дополнителен хумористичен ефект на неговите реплики.
- Тошо Малерот (Васко Тодоров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15. На Тошо најчесто му се случиваат незгоди и неправди, па оттаму и неговиот прекар Малерот. Тошо често користи скопски сленг и е познат по фразата „батка“ која ја користи кога се обраќа некому, но и по навика.
- Цацко Конопишки (Бубо Каров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15. Цацко потекнува од Конопиште, Кавадаречко (како и Бубо Каров кој е од Кавадарци) и често зборува со специфичен кавадаречки дијалект за дополнителен хумористичен ефект на неговите реплики.
- Ристо (Васко Тодоров) е еден од двајцата ликови кои претставуваат стереотипичен македонски земјоделец. Ристо е од струмичко-радовишкиот крај и зборува на дијалект. Исто така често (и смешно) во својот говор ја користи фразата „разбираш“ како дел од сленгот или дијалектот.
- Блажо (Бранко Огњановски) е еден од двајцата ликови кои претставуваат стереотипичен македонски земјоделец. Блажо е исто така од струмичко-радовишкиот крај и зборува со соодветен дијалект. Најчесто Блажо се појавува во тандем со Ристо.
- Полицаецот (Васко Тодоров) е лик кој го отликува стереотипот за полицајците во Македонија. Најчесто неименуван, тој има одлики на смотан и не многу учен човек.
- Албанецот (Бранко Огњановски) е стереотипичен лик кој најчесто се појавува во скечови каде што се прави сатирична критика на меѓуетничките односи меѓу Албанците и другите националности во Македонија (претежно Македонците). Овој лик некогаш е именуван иронично како Зоран (што е нетипично албанско име, особено изговорено со неговиот акцент) и е познат по тоа што е снаодлив и успева да излезе како добар и умен иако не секогаш е. Ликот е познат по тоа што има изговор како стереотипичниот албанец од Македонија.
- Гркот (Бранко Огњановски) е лик кој најчесто се појавува со перика од долка виткана (налик на афро фризура) коса и ги изговара македонските зборови со специфичен акцент како грк. Овој лик некогаш е именуван како Јорго и има улога на надреден и е на повисоко социјално ниво од Македонците и често има навредлив и понижувачки однос кон нив.
- Охриѓанецот (Бранко Огњановски) е лик кој претставува стереотипичен охриѓанец и познат е по охридскиот дијалект и нетрпеливоста со скопјаните, особено во туристички контекст. Овој лик некогаш, но ретко е именуван како Климе (или Наум, Наумче)
- Џони Џанак (Бранко Огњановски) е стереотипичен македонски наркоман, често прикажуван издрогиран или во криза, говори споро со наркомански сленг и ја користи фразата ,,џони".
Други ликови[уреди | уреди извор]
- Бапчо (Емануел Тасев) е лик кој настапувал заедно со групата во периодот 1994 - 1997 година.Посебно се истакнува во третиот циклус ,,Оплеменувачи на иверици'' во таканаречените долгометражни епизоди. Бабчо бил особено популарен, а во една прилика Бранко Огњановски изјавил дека тој е извонреден лик.По завршувањето на третиот серијал се повлекува целосно од К-15,од непозната причина за јавноста.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- K-15 на Семрежната филмската база на податоци
- Официјално мрежно место Архивирано на 27 февруари 2008 г.
- Видео записи Архивирано на 5 март 2012 г.