Канал 5

Од Википедија — слободната енциклопедија
Канал 5
Отпочната1998
Формат на слика16:9 (1080i, HDTV)
СлоганСекогаш со вас и за вас
ДржаваМакедонија
Јазикмакедонски
Област на емитувањеМакедонија
СедиштеСкопје, Македонија
Сестрински канал(и)Канал 5+
Канал 5 HD
Веб-странаwww.kanal5.com.mk
Достапност
Терестријална телевизија
АналогнаКанал ?
ДигиталнаКанал ?
A1 TV LiteКанал 005
Сателитска телевизија
m:SAT tvКанал 008
Кабелска телевизија
BlizooКанал 004
TelekabelКанал ?
Достапна на повеќето кабелски операториПроверете ги локалните оператори за достапност
IPTV
Max TVКанал 003
Семрежно емитување
WebMax TVГледај во живо Само (MKD)
OnNetГледај во живо Само (MKD)

Телевизија „Канал 5“ — национална телевизија основана во 1998 година во Скопје и е една од водечките помлади телевизиски куќи во Македонија. Таа е телевизија од претежно забавен општ формат. Во 2010 година, во рамките на Канал 5 Телевизија била оформена и нова Канал 5+ телевизија.[1]

Телевизијата располага со две комплетно опремени студија, најсовремена телевизиска дигитална техника (Sony), аналогни и дигитални студиски камери, најнови дигитални камери dsr 200 и dsr 250 dv-cam (Sony), современи компјутерски и кат монтажни едници.

Седиштето на Канал 5

Со сето ова се произведуваат емисии од најразличен карактер. Јавувањата во живо од местото на настаните се овозможува со вклучување на врска преку репортажните возила кои се опремени со комплетна опрема. Програмската шема на телевизијата преку емисиите од своја продукција пред сѐ, ги задоволува потребите на гледачите.

Од многуте емисии би ги издвоиле: дневно информативни, политички емисии, вести, контактно забавни, детски емисии, спортски натпревари, актуелни филмови и серии и нагласени документарни емисии. Разновидните програмски содржини што секојдневно се нудат, привлекуваат сѐ поголем број гледачи. Во сите медија-истражувања веќе подолг период расте трендот на гледаност на програмата. Со тоа рекламниот простор е сѐ повеќе цел на многу клиенти и тие своите производи и услуги можат да ги претстават по слободен избор и пристапни цени. За успешна презентација на сето ова задолжен е маркетинг тимот на Канал 5 Телевизија. Зад функционалноста на телевизијата стои раководен тим заедно со уште 80-тина вработени кои се стручно оспособени, а своите задолженија ги извршуваат на најпрофесионален начин.

Серии[уреди | уреди извор]

  • Невиност
  • Одмазда
  • Надеж
  • Ветување
  • Сродни души
  • Ќерката на амбасадорот
  • Малата Каја
  • Напуштени
  • Забрането јаболко
  • Ранети птици
  • Богаташи
  • Супер татко
  • Султана
  • Горка љубов
  • Дозволи да те сакам
  • Елиф
  • Каде е Зехра
  • Лажговци
  • Црниот бисер
  • Свекрви и снаа
  • Пари и љубов
  • Мајка
  • Издржи срце
  • Вистинска ѕвезда
  • Совршена
  • Браќата
  • Доста е!
  • Малиот Дениз
  • Животот не е песна
  • Љубов
  • Украден живот
  • Не те заборавам
  • Убавата Марал
  • Ах тоа бебе
  • Не се откажувам
  • Болка на Душата
  • Татко и синови
  • Кога љубовта боли
  • И небото плаче
  • Судбината на една Зерда
  • Белото памукче
  • Тешки времиња
  • Трето па машко
  • Има ли надеж
  • Две фамилии

[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Совет за радиодифузија
  2. https://www.youtube.com/watch?v=m8CM-Cxbcx8
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-31.
  4. http://forum.femina.mk/threads/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%9A%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB-5.10986/page-8
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-31.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]