Опасна убавина (телевизиска серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Опасна убавина)
Eve Düşen Yıldırım
Опасна убавина
Земја на потекло Турција
Првичен јазиктурски
Производство
КинематографијаMedyapim
Времетраење90 минути
Прикажување
Првична мрежаShow TV
Надворешни врски
Мрежна страницаevedusenyildirim.com

Опасна убавина — турска серија која била прикажувана во периодот од 9 март до 15 октомври 2012 година. Биле снимени две сезони и истата премиерно се прикажувала на Show TV[1][2][3].

Серијата е заснована на истоимениот роман напишан од Nahid Sırrı Örik. Буквалниот наслов на серијата е „Гром ја погоди нашата куќа. Понекогаш убавината може да предизвика катастрофи“.

Во оваа серија се зборува за: Муазес која е убава и млада девојка. По смртта на татко и, таа заминува да живее во куќата на нејзиниот чичко кој од тогаш е нејзин заштитник и старател. Нејзината опасна убавина ќе ги натера Намик и Саит, синовите на нејзиниот чичко да се вљубат во неа.

Опасна убавина во Македонија се емитува на Канал 5 телевизија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eve Düşen Yıldırım“. Show TV. Архивирано од изворникот на 16 July 2013. Посетено на 25 July 2013.
  2. „Episodes“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 25 July 2013.
  3. „Lightning within the house (Eve dusen yildirim)“. Turkish Drama. Посетено на 25 July 2013.