Прејди на содржината

Скеч

Од Википедија — слободната енциклопедија

Комедија на скечеви е комедија која се состои од повеќе неповрзани сцени, или 'скечеви', најчесто меѓу една и десет минути долги. Овие скечеви обично се изведуваат од група глумци, или на сцена или на некој аудио или видео медиум. Често скечевите се плод на импровизацијата на глумците, а многу поретко се случува скечевите да бидат напишани и изведени буквално според текстот. Познати групи што изведуваат комедија на скечеви се К-15 во Република Македонија, како и Монти Пајтон кои уживаат култен статус меѓу групите комичари.