Охрид
Охрид | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Прекар(и): Балкански бисер Европски Ерусалим Град на светлина | |||
Местоположба на Охрид во Македонија | |||
Координати: 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° СГШ; 20.80000° ИГД | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Југозападен Регион | ||
Општина | Општина Охрид | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Кирил Пецаков (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Надм. вис. | 695−740 м | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 38,818 | ||
Демоним | Охриѓани (мн.) | ||
Час. појас | UTC+1 | ||
• Лето (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 046 | ||
Рег. таб. | OH | ||
Патрон | Свети Климент Охридски | ||
Мреж. место | www.ohrid.gov.mk | ||
Службен назив: Природно и културно богатство на Охридскиот регион | |||
Тип: | Природно, Културно | ||
Критериуми: | i, iii, iv, vii | ||
Прогласено: | 1979 (3то заседание) | ||
Број | 99 | ||
Држава: | Македонија | ||
Регион: | Европа и Северна Америка | ||
Дополнувања: | 1980, 2019 |
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија и административен центар на истоимената општина. Се наоѓа на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име.[1] Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. До него се стигнува преку регионалниот пат Битола — Ресен — Охрид. Охрид е осми град по број на жители во Македонија со вкупно население од 38.818 жители (2021 г.) и се наоѓа на 135 километри јужно од градот Тетово.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим.[2] Охрид е познат и како „Градот на Светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име — Лихнид. Охридскиот Регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.
Потекло на името
Името на градот настанало од старословенските зборови „во хриди“, т.е. „во ридот“, како описно име за местоположбата на градот којшто со векови опстојувал во јужната вдлабнатина на карпестиот рид.
Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.[3]
Историја
Античка историја
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнид. Според податоците, градот првпат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнид се наоѓал на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците.
По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македонија. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, кој според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илјади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.
Средновековна историја
Охридската област во крајот на VI век била изложена на масовна словенска колонизација. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.
Охридскиот крај уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.
Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.
Во време на царот Самуил, Охрид станал религиозен центар и главен град на царството. Неговите тврдини и ден денес стојат високо над самиот град. Есента 1015 година византискиот цар Василиј II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил.
Императорот Василиj II Бугароубиец дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископија.
Во 1204 година, за време на четвртата крстоносна војна Охридскиот крај заедно со другите југозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство. Во 1334 година српскиот крал Душан ги презел градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид.
Охрид не само што бил најважниот град во регионот, туку бил и најважниот образовен центар и извор на писменоста на сите словенски народи. Во Охрид се наоѓа најстариот универзитет во Европа (IX век), додека во местото Плаошник близу градот се наоѓа реставрираната црква Св. Климент чии наоди укажуваат на фактот дека пак таму имало универзитет од XIII век.
Османлиски период
Кон самиот крај на XIV век турскиот султан Бајазит I успеал речиси насекаде во Македонија да ја наложи својата власт. Во 1408 година, Охрид потпаѓа под власта на Османлиите и наредните пет века опстојува како дел од тогашната Отоманско Царство. Турците, по своето доаѓање во овој крај, се населиле во рамничарскиот дел на исток и на запад од градот, додека поугледните и побогатите турски бегови изградиле и свои живеалишта покрај езерскиот брег, надвор од тврдината, во месноста Трсија.[4]
Султанот Мехмед II во 1466 година наредил во Цариград[nb 1] да бидат депортирани охридскиот архиепископ Доротеј, заедно со многу охридски клерици и болјари, најверојатно поради нивното антиосманлиско дејствување за време на востанието на Скендербег.[5]
Познатиот турски патописец Евлија Челебија кој го посетил Охрид во 1670 година, во својот патопис за овој град забележал: „Градот е добро населен, со рајски мирис, исто како градот Дамаск. Куќите му се приземни и на кат, со оформени седумнаесет маала (десет муслимански и 7 христијански). Куќите на големците се наоѓаат покрај езерото. Во градот има 17 муслимански храмови (големи и помали џамии), неколку медреси, седум мектеби, две јавни бањи, три трговски ана...Чаршијата е расфрлена на четири места со околу 150 трговски и занаетчиски дуќани“.[6]
Во 1767 година била укината Охридската архиепископија.
Основањето на првиот комитет на ТМОРО во Охрид се случило во август 1894 година. Пролетта 1901 година се пристапило кон создавање на чета со враќањето на неколкумина печалбари. За време на Илинденското востание во Охридско се воделе непрекинати борби во текот на целиот месец август 1903 година. Во време на востанието во Охридско имало 31 борба. Четите од Илинденското востание својата борба ја продолжиле и во текот на Младотурската револуција во 1908 година.
Современа историја
Охридската околија за време на Првата балканска војна била поделена од страна на Србија и Бугарија на два дела: еден кој припаднал под српска власт и друг чиј статус требало да се решава по крајот на војната. Српската војска во Охрид влегла на 22 ноември 1912 година. Во војната се вклучиле и голем број охриѓани со надеж дека Македонија ќе биде ослободена.
Поради незадоволсвото од потпишувањето на Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија, во септември 1913 година во Западна Македонија (Дебар, Охрид, Струга) е кренато востание, познато како Охридско востание. На 12 септември четите на Петар Чаулев и Павле Христов влегле во Охрид. Српската војска и администрација била протерана од Охрид, било свикано собрание и била формирана привремена управа, во која влегле: Лев Огненов, Иван Групчев, Павел Христов, Лев Кацков, Петар Филев и други истакнати граѓани. На 19 септември селата во Охридско биле освоени и опожарени од страна на српските чети, а четите на ВМРО се повлекле на запад кон Голо Брдо.
За време на Првата светска војна, Охрид и Охридско потпаднале под бугарска власт. За време на оваа окупација извршени се бројни ограбувања и однесени се предмети, книги и друго материјално богатство што се векови сведочело за достигнувањата на Охридската архиепископија. По пробивот на Македонскиот фронт во септември 1918 година, силите на Антантата ги поразиле бугарската и германската војска, така што тие ја напуштиле Македонија.
Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, бидејќи биле под притисок на германските сили, тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили ноќта меѓу 7 и 8 ноември градот е ослободен.[7]
Во 1958 година во црквата „Света Софија“ бил одржан Вториот македонско црковно-народен собор на кој била донесена одлука за возобновување на Охридската архиепископија и истата да го носи името Македонска православна црква. На Третиот македонски црковно-народен собор, кој исто така се одржал во црквата „Света Софија“ во 1967 година била донесена одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква.
Географија
Градот Охрид се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на североисточната страна од Охридското Езеро, во Охридско-струшкото Поле. Градот е сместен во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 695 m, додека стариот дел од градот се наоѓа на повисока надморска височина до 740 m.
Сливното подрачје на Охридското Езеро брои над 40 реки и тоа 23 на албанска и 17 на македонска територија. Сепак, најголемиот дел од нив пресушуваат во летниот период и се незначителни. Во однос на нивниот проток, Сатеска, Коселска, Сушица и Черава се најзначајните реки кои се вливаат во езерото.
Охридски маала
Маала во Охрид се: Варош, Канео, Месокастро, Кошишта, Воска, Лабино, Кара-бего Маала, Крст-Џамија, Видобишта, Влашка Маала, Христо Узунов, Бараки, Црногорци...
Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) во 1900 година во Охрид живееле 14.860 жители, од кои 8.000 Македонци, 5.000 Турци, 800 Албанци (300 христијани и 500 муслимани), 460 Власи и околу 600 Роми.[8]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Охрид, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[заб 1]
- Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 42.033 жители и спаѓал во групата на средни градови.[9] Заедно со туристичките приградски населби Рача (1.043 ж.), Населба Исток (117 ж.) и Свети Стефан (112. ж.) кои во статистиките се водат како одделни населени места, градот Охрид има 43.305 жители. Етнички гледано, населението (без приградските населби) е составено од:[10]
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 33.791 | 80,39 |
Албанци | 2.959 | 7,04 |
Турци | 2.256 | 5,37 |
Роми | 69 | 0,16 |
Власи | 308 | 0,73 |
Срби | 331 | 0,79 |
Бошњаци | 29 | 0,07 |
други | 2.290 | 5,45 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[10]:
Јазик | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
македонски | 34.910 | 83,05 |
албански | 3.957 | 9,41 |
турски | 2.226 | 5,30 |
ромски | 26 | 0,06 |
влашки | 156 | 0,37 |
српски | 280 | 0,67 |
бошњачки | 10 | 0,02 |
други | 468 | 1,11 |
- Вероисповед
Во Охрид се застапени следните религиски групи[10]:
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Православни | 33.987 | 80,86 |
Муслимани | 7.599 | 18,08 |
Католици | 119 | 0,28 |
Протестанти | 4 | 0,01 |
други | 324 | 0,77 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Охрид:
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948[11] | 6.094 | 1.011 | 2.758 | 444 | 271 | 322 | — | 269 | — | 11.169 |
1953 | 6.929 | 765 | 3.667 | 564 | 236 | 214 | — | 265 | — | 12.640 |
1961 | 11.222 | 1.866 | 2.590 | — | — | 376 | — | 438 | — | 16.492 |
1971 | 18.958 | 2.712 | 2.723 | 6 | — | 405 | — | 1.565 | — | 26.369 |
1981 | 29.603 | 3.373 | 2.688 | 497 | 265 | 423 | — | 2.244 | — | 39.093 |
1991 | 35.325 | 1.123 | 2.785 | 128 | 256 | 408 | — | 2883 | — | 42.908 |
1994 | 33.180 | 2.703 | 2.344 | 45 | 242 | 378 | — | 2.254 | — | 41.146 |
2002 | 33.791 | 2.959 | 2.256 | 69 | 308 | 331 | 29 | 2.290 | — | 42.033 |
2021 | 28.920 | 1.924 | 1.825 | 226 | 297 | 257 | 23 | 1.925 | 3.421 | 38.818 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948 — 2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Религија
Од 1018 до 1767 година Охрид бил седиште на Охридската Архиепископија. Таа како самостојна црковна организација го управувала верскиот живот на христијаните во Македонија и други балкански земји, а во одреден период под своја управа ги имала православните цркви во Далмација и делови од Италија. Затоа Охрид се нарекува „Балканскиот Ерусалим“[12]. На територија на општина Охрид постојат повеќе од 100 православни цркви од кои 60 активни, 10 исламски верски објекти — џамии и една католичка црква. Во Охрид се наоѓа седиштето на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ.
-
Св. Богородица Челница
Згради и музеи
Говор на човек од маалото Канео (Варош) на охридски дијалект | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Турскиот патописец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.
Цркви и манастири
- Катедралата Света Софија (XI век)
- Црквата Св. Јован Канео (XIII век)
- Црквата Св. Климент и Св. Пантелејмон во Плаошник
- Црквата Св. Богородица Перивлепта
- Црквата Св. Богородица Каменско
- Црквата Св. Богородица Болничка
- Црквата Св. Богородица Пандонос
- Црквата Св. Ѓорѓија
- Црквата Св. Варвара
- Црквата Св. Димитриј
- Црквата Св. Климент Охридски
- Црквата Св. Константин и Елена
- Црквата Св. 40 Севастиски Маченици
- Црквата Мали Свети Врачи
- Црквата Големи Свети Врачи
- Црквата Св. Никола
- Црквата Св. Никола Геракомија
- Црквата Св. Никола Болнички
- Црквата Св. Троица
- Црквата Св. Еразмо
- Црквата Лазарево Воскресение
- Црквата Св. Никола Чудотворец
- Црквата Св. Благовештение - Рача
- Црквата Св. Никола - Чекоштина - камен темелник поставен на 20 декември 2015 година. Се наоѓа во населбата Чекоштина, дел од осмата охридска парохија;[13][14]
- Многу ранохристијански базилики како на пр. Базиликата на Св. Еразмо (4 век)
Тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи и музеи
- Самуиловата тврдина (X/XI век)
- Галерија на икони-Охрид
- Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов
- Музеј на словенската писменост (XVIII век)
- Антички амфитеатар
- Спомен-куќата на Григор Прличев
- Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник
Археолошки остатоци
Годишни настани
- „Прличеви беседи“ — денови на поетот Григор Прличев
- „ЕКО Фестивал“
- Mеѓународен фестивал од областа на екологијата и културниот туризам
- Ден на Охридското Езеро
- Балкански Фестивал на народни песни и игри
- Охридско лето — меѓународна музичко-сценска манифестација
- Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
- Охрид фест — фестивал на фолк- и поп-музика
Спорт
Спортски клубови
- Веслачки клуб „ЈУГ"
- Кајак-кану клуб „Стрмец"
- Кајак клуб „Рибар"
- Кајак клуб „Пештани"
- Едриличарски клуб „Бофор"
- Спортско - риболовен клуб „Св. Апостол Петар"
- Пливачки - ватерполо клуб „Охридски бранови"
- Машки ракометен клуб „Охрид"
- Женски ракометен клуб „Мобидик Охрид"
- Фудбалски клуб „Охрид"
- Фудбалски клуб „Воска 2002"
- Фудбалски клуб „Воска Спорт"
- Фудбалски клуб „Лескоец"
- Фудбалски клуб „Рудар"
- Фудбалски клуб „Борец’
- Женски кошаркарски клуб „Профитнес"
- Машки кошаркарски клуб „Лихнидос"
- Атлетски клуб „Охрид"
- Боксерски клуб „Охрид"
- Тениски клуб „Охрид"
- Стрелачки клуб „Охрид“
- Извиднички Одред „Пионер“
- Ф.К. Мазатар Брежани
Спортски манифестации
- Интернационален охридски пливачки маратон — дел од Светскиот пливачки куп; Патека “Климе Савин” Св. Наум — Охрид.
- Мал охридски пливачки маратон; патека Горица — Охрид.
- Меѓународна едриличарска илинденска регата.
- Илинденска веслачка регата
Инфраструктура
Аеродромот Охрид се наоѓа на 9 км од градот, на магистралниот пат Струга — Кичево — Скопје. Должината на полетно — слетната патека е 2.550 м, а ширината 45 м. Капацитетот на Аеродромот е 300 патници на час. Вкупниот аеродромски комплекс e со површина од 640.850 м, од кои 155.000 м за полетно — слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки. Врз основа на вака поставениот критериум се дефинира опслужното подрачје на Охридскиот аеродром за покриеност и на општините: Ресен, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Хисар како општини со ограничени можности за просторна покриеност. Од статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот 1997 — 2003, се добива податок дека се искористува приближно 40 % од расположливите сообраќајни капацитети на Аеродромот во текот на една година.
Во Охрид има една Автобуска станица каде што се одвива локалниот, меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници. Во 2002 се превезени скоро 2 милиона патници.
Низ територијата на Охрид поминуваат магистралниот пат М5 Охрид-Битола-Скопје со должина од 235 км и регионалните патишта Р501, Охрид — Св. Наум, 29 км и Р420, Охрид — Струга, 14 км.
Градот Охрид располага со паркиралишта од затворен и отворен тип. Ги има 6 со затворен тип и поголем број од отворен тип. На територија на Охрид во функција е граничниот премин “Св. Наум” — на државната граница со Република Албанија.
Охрид има издадена лиценца на околу 260 такси -возила и 91 комби-возило и минибуси преку кои се одвива локалниот и меѓуопштинскиот превоз на патници.
Постојат и две царински и шпедитерски терминали и тоа: Царински и шпедитерски терминал — Охрид и Царински и шпедитерски терминал — Аеродром Охрид.
Образование
Во Охрид функционираат следниве средни училишта:
- Општинско средно училиште „Св. Климент Охридски“
- Општинско средно економско и медицинско училиште „Св. Кирил и Методиј“
- Општински електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“
- Општинско угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“
Од високото образование, во Охрид функционира државниот Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле", како и Факултетот за туризам и угостителство при Универзитетот Св. Климент Охридски.
Места во охридската област
Родени во Охрид
- Коста Абраш (1879 - 1898) — македонски поет и социјалист
- Никола Автовски-Боби (? - 13 ноември 2017) — македонски глумец
- Гоце Ангеличин Жура (1951 - 1 април 2019) — македонски историчар на уметноста и археолог
- Евтим Апочев (1863 - 1943?) — деец на ВМОРО
- Арабаџи Али-паша (1620 - 1693) — отомански голем везир
- Наум Арнаудов (1863 - 1941) — деец на ВМОРО
- Ташко Арсов (1882 - 1950) — македоснки револуционер, војвода на ВМРО
- Виолета Ачкоска (9 април 1954) — македонска историчарка на уметноста и универзитетска професорка
- Георги Баласчев (1869 - 1936)
- Емине Ајруш (р.1902) — учесник во НОВ на Македонија.
- Спас Банџов (1904 - 1942) — борец во Шпанската граѓанска војна
- Вера Битракова-Грозданова (19 јули 1939) — македонска универзитетска професорка, членка на МАНУ
- Атина Бојаџи (13 март 1944 - 28 декември 2010) — македонска пливачка
- Дики Бојаџи (24 февруари 1939) — македонски пливач
- Климент Бојаџиев (1861 - 1933) - генерал-мајор во Бугарската армија
- Борис Бојаџиски (1915 - 1959) - македонски писател за деца
- Драган Бочески (24 ноември 1963) — македонски фудбалер
- Марко Бошнаков (1878 - 15 февруари 1908) — македонски анархист, револуционер и член на Гемиџиите
- Зоран Вељаноски (31 јули 1965) — македонски фотограф
- Видое Видичевски (8 јануари 1931 - 12 декември 2020) — македонски писател
- Цветан Грозданов (5 март 1936 - 30 март 2018) — македонски историчар на уметноста, академик и политичар
- Иван Групчев (21 јануари 1874 - 11 јуни 1963) — деец на ВМОРО
- Коста Групче (1848 - 3 февруари 1907) — македоснки револуционер
- Лука Групчев (19 октомври 1874 - 30 јули 1947) — македонски револуционер, деец на ВМОРО
- Стефан Јакимов Дедов (1869 - 1914)
- Сашо Димоски (1985) — македонски писател и драматург
- Андон Дуков (1913 - 1944) — македонски партизан
- Нада Арнаудова — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден за заслуги за народ од III степен.
- Владо Жура (3 ноември 1946) — македонски новинар и публицист
- Димитар Зарчев (17 Ноември 1940) — македонски архитект
- Димче Јанко (1919 - 2014)
- Мишо Јузмески (1966)
- Глигор Каневче (3 јануари 1946) — македоснки професор и член на МАНУ
- Јаким Каневче (1948 - 31 март 2016) — македонски новинар
- Јанка Каневчева (11 јуни 1878 - 3 март 1920) — македонска револуционерка
- Иван Карадак (16 јули 1946 - 17 декември 2017, Скопје) - македонски писател, драматург и сатиричар
- Антон Кецкаров (12 декември 1865 - 30 јануари 1945) — македонски револуционер
- Анастас Коцарев (5 мај 1889 - 29 март 1931) — македонски онколог и деец
- Димче Коцо (1910 - 1993) — македонски историчар на уметноста, ликовен уметник и академик
- Жаклина Лазаревска (3 ноември 1964) — пратеничка во македонското Собрание
- Владимир Лазоски (8 февруари 1946) — македонски вајар и сликар
- Перо Латкоски (1980) — македонски универзитетски професор
- Иван Лимончев (1864 - 1899) — македонски револуционер
- Александар Маленко (20 јануари 1979) — македонски пливач
- Владо Маленко (1 септември 1938 - 20 октомври 2013) — македонски археолог и конзерватор
- Димче Маленко (21 септември 1919 - 6 април 1990) — македонски писател
- Александар Митрески (5 август 1980) — швајцарски фудбалер
- Верица Недеска (8 август 1978) — македонска глумица
- Димитар Пандев (1958)
- Методи Патчев (7 мај 1875 - 25 март 1902) - македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација
- Петре Пирузе (5 мај 1907 - 12 јануари 1980) — македоснки партизан, учесник во НОБ и политичар
- Анастасиос Пихеон (1836 - 1912) - грчки револуционер
- Григор Прличев (1 јануари 1830 - 6 февруари 1893) - македонски поет и преродбеник од 19 век
- Кирил Прличев (1 март 1875 - 9 февруари 1944) - македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација
- Александар Протогеров (1867 - 1928) - генерал-мајор во Бугарската армија
- Константин Робев (1818 – 1900)
- Димитар Робев (1822 – 1890)
- Стефан Робев (1842 – 1880)
- Иван Снегаров (1883 - 1971)
- Драган Спасески-Охридски (22 јуни 1960 - 27 ноември 2020) — македонски сликар и поет
- Евтим Спространов (1868 - 1931)
- Наум Спространов (1851 – 1887)
- Горан Стојановски (2 септември 1969) — македонски глумец
- Владо Дојчиновски (27 февруари 1986) - македонски глумец
- Гоце Толески (5 мај 1977) — македонски фудбалер
- Здравко Точко (22 март 1943 - 26 декември 2014) — македонски фудбалер и фудбалски судија
- Иван Точко (9 јануари 1914 - 12 ноември 1973) - македонски писател
- Ахил Тунтев (11 декември 1939 - 9 ноември 2020) — македонски дипломат и новинар
- Ангел Узунов (8 мај 1886 - ?) — деец на ВМОРО, адвокат и делегат во Народното собрание на Бугарија, брат на Христо Узунов
- Христо Узунов (22 октомври 1878 - 24 април 1905) - македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација
- Славе Филев (1924 - 1999)
- Илија Филипче (28 јули 1946 - 29 мај 1997) — македонски лекар, професор и политичар
- Данчо Целески (9 септември 1967) — македонски фудбалски голман
- Иван Чорбев (1980) — македонски универзитетски професор
- Климент Џеров (1867 - 1916) — генерал-мајор во Бугарската армија
- Климент Шапкарев (30 јануари 1875 - 12 септември 1949) — македоснки револуционер
- Кузман Шапкарев (1 февруари 1834 - 18 март 1909, Софија) — македонски собирач на народни умотворби и учебникар,
Збратимени градови
Градот Охрид е збратимен со градовите:[15]
Следниве градови имаат потпишано протокол за соработка со Охрид:[15]
Охрид како тема во уметноста и во популарната култура
Охрид како мотив во книжевноста
- „Вонземјани и крапови во Охрид“ — кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[16]
- „Охрид“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[17]
- „Балада на охридските трубадури“ — песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[18]
- „Викенд во Охрид“ — книга на Владимир Петрушевски-Фили.[19]
Охрид како мотив во музиката
- „Ој ти момче охриѓанче“ — македонска староградска песна.[20]
- „Охрид, Охрид, убав мил“ — македонска староградска песна.[21]
- „Охрид, Охрид“ — песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов.[22]
- „Охрид и јас“ — песна на Александар Џамбазов.[23]
Галерија
-
Мотив од Охрид
-
Мотив од Охрид
-
Мотив од Охрид
-
Мотив од стариот дел на Охрид
-
Мотив од стариот дел на Охрид
-
Поглед на стариот дел на Охрид и езерото
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Панорама на Охрид
-
Пристаништето во Охрид
-
Каналот Студенчишта
-
Поглед на Самулиовата тврдина од езерото
-
Горна порта
-
Охрид - поглед на тврдината и градот
-
Куќата на Паунковци, пример на градската охридска архитектура
-
Куќата на Уранија (лево) и куќата на Робевци (десно)
-
Куќата на Робевци (1861-1863)
-
Куќата на Џамбаз (19 век)
-
Куќата на Бојаџиеви (19 век)
-
Куќата Ламбески (19 век)
-
Куќата на Рилковци
-
Куќата на Димзови (19 век)
-
Пример на староградска охридска архитектура
-
Куќата на Уранија
-
Куќата на Крапче
-
Куќата на Момирови (19 век)
-
Куќата на Петанов
-
Куќата на Хаџиеви
-
Куќата на гемиџијата Марко Бошнаков
-
Куќата на Методија Патчев (19 век)
-
Спомен-куќата на Христо Узунов
-
Бистата на Христо Узунов во градскиот парк во Охрид
-
Бистата на Андон Дуков во градскиот парк во Охрид
-
Бистата на Андон Дуков во градскиот парк во Охрид
-
Бистата на Методија Патче во градскиот парк во Охрид
-
Споменикот на св. Климент Охридски во дворот на истоименото основно училиште во Охрид
-
Споменикот на Св. Кирил и Методиј
-
Споменикот на Св. Наум Охридски
-
Саат-кулата во Охрид
-
Заштитено дрво „Кочеџик“ (Celtis Australis), засадено од Никола Чудо на 6.4.1886 год.
-
Стариот чинар
-
Стариот чинар
-
Стариот чинар
-
Разгледница од Охрид, Чинарот, 1922 година
-
Разгледница од Охрид, од воздух, од 1930 година
-
Разгледница од Охрид, од 1930-те години
-
Ресторанот „Св. Софија“ во Охрид
-
Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид
-
Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид
-
Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид
-
Амбулантата „Маларична“
-
Седиштето на локалната самоуправа
-
Стоковната куќа „Стара НАМА“
-
Хотел Сити палас во Охрид
-
Хотел Гарден
-
Хотел СУ
-
Хотел Тино
-
Хотел Нова Ривиера
-
Хотел Милениум Палас
-
Античкиот театар (фрагмент)
-
Античкиот театар (фрагмент)
-
Црквата „Св. Јован Богослов“ (Канео) во Охрид
-
Црквата „Св. Јован Богослов“ (Канео) во Охрид
-
Камбанаријата на црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид (подарок од Михајло Пупин во 1923 год.)
-
Црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид (јужна страна)
-
Црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид
-
Црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид (фрагмент)
-
Црквата „Мал св. Климент“ во Охрид (1378)
-
Црквата „Св. Богородица Пандонос“ во Охрид
-
Црквата „Св. Димитрија“ во Охрид (1378-79)
-
Црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид
-
Црквата Св. Богородица Болничка (14 век)
-
Црквата Св. Варвара (19 век)
-
Црквата „Успение на Богородица-Каменско“ (1832)
-
Црквата „Успение на Богородица-Каменско“ (1832)
Белешки
- ↑ Името на градот во тоа време на турски било Константиние (قسطنطينيه). Официјалното име на градот било променето во Истанбул од страна на Републиканската Турска влада, на 28 март 1930.
Наводи
- ↑ „Охрид“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Весник Дневник — Интервју со амбасадорот на Израел во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2012-09-04.
- ↑ Миладиновци (1962). Зборник. Кочо Рацин. стр. 480.
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 54
- ↑ Шукарова, Анета; Панов, Митко Б.; Ѓорѓиев, Драги; Битовски, Крсте; Катарџиев, Иван; Стојчев, Ванче; Велјановски, Новица; Чепреганов, Тодор (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 141. ISBN 9789989159237.
- ↑ Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 58-59
- ↑ „Охрид низ историјата. Охрид за време на Втората светска војна“. www.ohrid.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-23. Посетено на 2012-09-17.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900.
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
- ↑ Отиди кај: 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2016.
- ↑ http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
- ↑ Огледалото на македонскиот дух, 2004, ISBN 9989730385, стр 72: "... и Македонија во катедралната црква Св. Софија во македонскиот Ерусалим - Охрид. 72 ..."
- ↑ † ОСВЕТУВАЊЕ НА КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ХРАМ „СВ. НИКОЛА“ ВО ЧЕКОШТИНА
- ↑ На влезот во Охрид поставен камен темелник за нова црква[мртва врска]
- ↑ Отиди кај: 15,0 15,1 „Пријателски и збратимени градови“. Општина Охрид. Архивирано од изворникот на 2011-11-29. Посетено на 2012-09-02.
- ↑ Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 53-54.
- ↑ Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 5-6.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.
- ↑ Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic featuring Theodosii Spasov, Treta Majka. Avalon, 029, 2004.
- ↑ YouTube, Ohrid, Ohrid ubav mil - Ohridski trubadurski biseri - Ansambl Biljana (пристапено на 19.10.2019)
- ↑ „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
- ↑ „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.
- Забелешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.
Надворешни врски
„Охрид“ на Ризницата ? |
- Охрид на дланка - 360° виртуелен туристички водич
- Официјално мрежно место
- Официјална страница за резервации и инфо за Охрид Архивирано на 27 јуни 2014 г.
- ЈНУ Хидробиолошки институт - Охрид
- Охрид Инфо & Туризам Портал
- Охрид Прес Архивирано на 25 декември 2020 г.
- Велгошти
|
|
|
|
|