Црква „Св. 40 Севастиски Маченици“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети 40 Севастополски маченици

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Прва охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител 40 маченици од Севастија
Изградба 12 век
Архитектонски опис

Свети 40 Севастополски маченицимакедонски православен храм, кој се наоѓа во стариот дел на градот Охрид.[1] Денес црквата е во руинирана состојба и се прават напори за подигање и возобновување. Според остатоците од фрескоживописот може да се заклучи дека потекнува од византискиот временски период. Најстари податоци за оваа црква има кај Козма Китијски, настојник на Охридската архиепископија кому турската власт во 1694 година му наложила да направи попис на христијанското население. Тој го рангира христијанското население во седум маала, а во третото маало ја споменал и црквата Св. 40 Маченици, но сепак не се знаела каде е таа црква. Така било до крајот од осумдесеттите години од XX век,односно до 1989 година, кога била откриена. Според монетите што се најдени во ископувањата, се смета дека таа потекнува од крајот на 12 век, или можеби почеток на 13 век. Раритет е и тоа што Исус Христос тука е насликан на фреска како возрасен човек, додека од 14 век наваму тој се претставува како бебе. Денес постои иницијатива за возобновување на овиј храм. Остатоците кои се пронајдени, односно темелите и ѕидовите се заштитени, и поголем дел од црквата е покриен со трем.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]