Владо Маленко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1 септември 1938
Охрид, Кралство Југославија, денес Македонија
Починал 20 октомври 2013
Охрид, Македонија Македонија
Занимање археолог
конзерватор

Владо Маленко (Охрид, 1 септември 1938Охрид, 20 октомври 2013) бил македонски археолог и конзерватор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Маленко е роден на 1 септември 1938 година во Охрид. Гимназија завршил во Кичево, во 1958 г. Дипломирал на Катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1965 година. Од 1965 до 2004 година работел како археолог-конзерватор во Заводот за заштита на спомениците на културата - Охрид, а потоа и Народен музеј - Охрид, каде и се пензионирал. Вршел ископувања на повеќе локалитети во охридскиот регион: црквата Св. Пантелејмон на Плаошник, на античкиот театар во Охрид, на некрополата на Дебој, на ранохристијанските базилики во Радолишта, во Св. Еразмо, во локалитетот Стоби и др. Во својот работен век објавил голем број трудови во периодични и посебни изданија од областа на археологијата и учествувал на повеќе домашни и меѓународни конгреси и симпозиуми. Исто така, во матичната институција во два мандати бил претседател на Управниот одбор, а смртта го затекла како актелен член на Управниот одбор при НУ Завод и Музеј – Охрид. Починал во Охрид на 20 октомври 2013 година.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Nouvelles decouvertes dans la localité Sv. Erazmo, AIU XV, Београд, 1974, 45-51;
  • Нови антички наоди во Охрид и охридско, XXVIII, Скопје 1978, 339-349;
  • Раносредновековна материјална култура во Охрид и охридско, Охрид (монографија) кн. 1, дел VI,Охрид-Скопје, 1985, 269-339,
  • Македонско- украински врски, X–XX v., МАНУ, Скопје, 2004

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. I (I издание). ISBN 978-608-203-024-2. 
  2. „Почина археологот Владо Маленко“ (македонски). конс. 2013-10-21.