ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево
|
ОСУ „Мирко Милески“ | |
| Место | |
| Општина: | Кичево |
| Место: | Кичево |
| Основни информации | |
| Настава на: | македонски и албански |
| Контактни информации | |
| Портал | mirkomileskikv.schools.edu.mk |
ОСУ „Мирко Милески“ — средно општинско училиште, се наоѓа во строгиот центар на Кичево на улица Рудничка бр. 2[1]. Центарот располага со 25970 метри квадратни. На овој простор се сместени главната зграда, спортската сала, отворените игралишта за фудбал и кошарка, како и две машински работилници. Гимназијата има на располагање 24 училници, од кои во 21 може да се изведува класична настава.
Моментално во центарот наставата редовно ја посетуваат 900 ученици, а бројот на стручниот кадар што ја води наставата брои 90 лица. наставата се изведува на македонски . ОСУ Мирко Милески започна со работа дамнешната 1952/53 година како виша гимназија Мирко Милески. Со општествениот развој како и поради економските прилики се спроведуваат реформи во сите училишни центри во Р Македонија, а и нашиот центар не претставува исклучок. Во текот на долгогодишната работа покрај гимназиското образование се појавуваат и други струки.
Образовни Профили
[уреди | уреди извор]- Фармацевтско-лабораториски техничар
- Општествено-хуманистичко подрачје
- Електро-техничар за компјутерска техника и автоматика
- Економски техничар
- Медицинска сестра
- Природно-математичко подрачје
- Јазично-уметничко подрачје
- Машинско-енергетски техничар
Познати лица кои учеле во училиштето
[уреди | уреди извор]- Антонијо Милошоски (1990-1994) - политичар, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за надворешни работи на Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-27. Посетено на 2022-01-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- http://mirkomileski.edu.mk Архивирано на 16 мај 2014 г. Мрежно место на училиштето
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
| Оваа статија училиште во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |