Верица Недеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Верица Недеска (Охрид, 8 август 1978) филмска и театарска актерка и магистрант по филмско сценарио на ФАМУ во Прага.

Образование[уреди | уреди извор]

Дипломирала во 2001 година, на Факултетот за драмски уметности, отсек актерска игра, во класата на професорот Владимир Милчин. Во 2012 година се запишува на магистерски студии по сценарио на престижниот ФАМУ (Film Academy of Performing Arts) во Прага.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Нејзиниот актерски талент, уште додека е студентка на Факултетот за драмски уметности, ја прави една од најангажираните млади актерки, како на театарските сцени, така и во филмот. Во нејзиното театарско творештво, остварува поважни соработки со еминентни режисери како Слободан Унковски, Владимир Милчин, Иван Поповски, Никита Миливојевиќ, Зоја Бузалковска, Деан Дамјановски, и во филмската уметност со режисери како Дамјан Козоле, Рајко Грлиќ, Иво Трајков, Вит Панцир и др. Во 2012 година, добива целосна стипендија за магистерски студии по филмско сценарио на престижниот ФАМУ во Прага(Film and TV School of Performing Arts - Prague). Таа е учесник на неколку работилници за сценарио на Филмскиот фестивал во Трст (Trieste Film Festival), Симпозиумот “Писателите за европа“ ( Writers for Europe symposium), Амстердам и Мидпоинт. Таа се јавува и како режисерка на две од четирите нејзини авторски сценарија “Домашна работа“ и „Растење“ (“Home work” and “Growing up”). Нејзиниот краток филм „Прекршување на круговите“ (“Breaking the circles“) ја добива Специјалната награда од Жири на Monaco Charity Film Festival, во 2012, а нејзиното четврто сценарио “Само за губитници“, е истотака филмувано. Во моментов таа работи на нејзиното прво сценарио за долгометражен филм. Верица Недеска е основачка и членка на музичко - поетскиот проект Starowski.


Филмографија[уреди | уреди извор]

Сценарист: 2013– САМО ЗА ГУБИТНИЦИ (краток) 2013 – РАСТЕЊЕ (краток) 2012 – НЕДОВРШЕНА ПРИКАЗНА (краток) 2012 – ДОМАШНА РАБОТА (краток)

Режисер: 2013 – РАСТЕЊЕ (краток) 2012 – ДОМАШНА РАБОТА (краток)

Актерка во долгометражни филмови:

2015 – МЕДЕНА НОЌ (Ана) 2012 – ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ (Жамила) 2012 – СТРАНЕЦ (Лина) 2010 – РАДОСТ (Неда) 2009 – СОЗЕРЦАНИЕ (Олива) 2008 - СЕСТРА (Црна) 2006 – КАРАУЛА (Мирјана) 2005 – БАЛ – КАН – КАН (Силуваната) 2004 – ГОЛЕМАТА ВОДА (Оливера) 2003 – КАКО ЛОШ СОН (Вера) 2003 – РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ (Илинка)


Награди и признанија[уреди | уреди извор]

2014 – Комплетна стипендија за работилница за сценарио во Грција – МФИ. 2012 – Специјална награда од жирито за "Недовршена Приказна" – Monaco Charity Film Festival 2003 – Награда за најдобра женска улога – театарски фестивал Војдан Чернодрински 2001 – Награда за најдобар млад актер – театарски фестивал Војдан Чернодрински


Надворешни врски[уреди | уреди извор]