Прејди на содржината

Буково (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Буково
Буково во рамките на Македонија
Буково
Местоположба на Буково во Македонија
Буково на карта

Карта

Координати 41°10′8″N 20°56′44″E / 41.16889°N 20.94556°E / 41.16889; 20.94556
Регион Југозападен
Општина Охрид
Население во атар1нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО19041
Надм. вис.1200 м
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Буково — историско село во Ресенско, денес во крајниот јужен атар на селото Свиништа, Општина Охрид.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во густа букова шума на планински превој меѓу Галичица од југ и Плакенска Планина на север, на надморска височина од околу 1.200 м[2]. Лежело кај изворите на Крива Река, под врвот Бандера.[3] Денес местото е на самата граница со Општина Ресен (крајниот источен агол на атарот на Горно Крушје).

Историја

[уреди | уреди извор]

Буково било старо македонско село кое порано било православно. Во турските дефтери од 1519 г. селото се спомнува со 44 православни семејства, а во 1583 г. се води со 40 православни семејства.[2]

Во втората половина на XVIII век населението овде живееле Македонци муслимани, а потоа се населиле и Албанци-муслимани.[2] Во турските документи се спомнува дека селото било дервенџиско (биче чувари на превојот).

На австроунгарска воена карта е означено како Буково (Bukovo).[4]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го звел Буково како село во Ресенската каза со 17 куќи на Македонци муслимани, чие машко население се состоело од 70 лица.[5][6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. во Буково (Boukovo) е село во Ресенската каза со 15 домаќинства во кои живеат 32 жители муслимани.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Буково, Ресенска нахија на Битолската Каза, жвееле 120 Македонци христијани.[5][8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Буково е претставеноа како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 91 куќа.[9] Лев Огненов во 1902 г. го води Буково со 41 куќа сочинета од 199 жители.[2]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Буково (Bukovo) имало 210 Албанци.[10] Според Георги Трајчев во 1912 г. селото имало 25 куќи во кои живееле 163 Албанци.[2]

Селото е засекогаш напуштено за време на Балканските војни кога неговото население се иселило во Охрид и Ресен.[2] По отпишувањето на Буково, неговиот атар влегол во атарот на Свиништа.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 6 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 64. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. Топографска карта ЈНА 1: 50.000.
  4. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  5. 1 2 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 302.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 86–87. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 242. ISBN 954430424X.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 18.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 170–171.