Габавци
Габавци — историско село во Охридско, близу градот Охрид.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓало северозападно од Охрид, на Габавскиот Рид, на патот кон Струга, денес во атарот на Долно Лакочереј. Месноста и денес да се нарекува Габавци.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во 1974-1975 г. при изградбата на новиот пат Скопје - Кичево - Охрид, крај Габавци се откриени доцноантички и средновековни наоди,[3] како дел од поголемата античка населба Хермелеjа.
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Габавци (Gabavtzi) имало 6 домаќинства со 23 жители Македонци, а Долно Габавци (Dolno gabavtzi) имало 5 домаќинства и 21 жител, Македонци.[4][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 30 жители, сите Македонци.[4][6]
На почетокот на XX век целото население на Габавци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 32 Македонци, христијани.[4][7]
Селото почнало да се напушта по Илинденското востание.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Габавци“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Станковска, Љубица (2009). „Етимологиjата на имењата на раселените села од Охридско“. Македонистика. 10: 135–136.
- ↑ „Општина Охрид — Археологија“. Архивирано од изворникот на 2010-12-28. Посетено на 2017-12-18.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 252.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 162-163.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|