Долно Лакочереј
Долно Лакочереј | |
Координати 41°9′32″N 20°47′44″E / 41.15889° СГШ; 20.79556° ИГДКоординати: 41°9′32″N 20°47′44″E / 41.15889° СГШ; 20.79556° ИГД | |
Општина | Охрид |
Население | 728 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6000 |
Шифра на КО | 19015, 19515 |
Надм. вис. | 698 м |
Долно Лакочереј — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Долно Лакочереј се наоѓа во северниот дел од Охридската Котлина, во подножјето на ридот Градиште (936 м.) што претставува дел од планинскиот масив Копарница што ја дели Охридската од Струшката Котлина. Се наоѓа на 5 км северно од градот Охрид и се надоврзува на градот веднаш после населбата Радојца Новичиќ, на надморска висина од 698 м. Од западната и северната страна селото е заградено со ридесто земјиште, а од источната и јужната страна се простира Охридското Поле.
Подрачјето на селото Долно Лакочереј (каде катастарски влегува и селото Орман) зафаќа површина од 11,3 км2. Од север се наоѓа селското подрачје на Горно Лакочереј, од исток е подрачјето на селото Лескоец, од југ е градското подрачје на Охрид, а од западната страна се подрачјата на селата Подмолје и Оровник.
Селото е од збиен тип со издолжен облик во насока север-југ, што е како резултат на конфигурацијата на теренот и е поделено на три маали: Горна, Средна и Долна маала. Во последните години селото и брзо се проширува кон југоисток, вдолж патот и целосно е споено со градот.
Денес Долно Лакочереј повеќе личи на градска населба. Сите селски улици се асфалтирани,а од 1961 година низ селото е поставена водоводна и електрична мрежа. Надворешниот поглед на куќите и нивната внатрешна опременост даваат карактеристики на современ градски живот. Од објектите што се во селото се истакнува Задружниот дом изграден уште во 1948 година со доброволно ангажирање на жителите од селото.Во приземјето од истиот денес е сместена современа фабрика за конзервирање на зеленчук МАЕМИ од Охрид.Истата почна со работа во 2001 година. Задружниот дом(Културен центар Македонија-реновиран кон крајот на 2007 година) располага со современа културно уметничка сала за потребите на жителите од селото во која се одржуваат свечености за време на православните празници, како и современа кујна и канцеларија.
Има две училишни згради од кои едната е постара и изградена е во 1929 година и се користи за потребите на месната заедница(целосно е реновирана во 2002 година), а новата зграда е изградена во 1966 година(целосно реновирана во 2001) во кое се изведува настава за основно образование.
Во Горна Маала е и селската црква „Св. Недела“ која е обновена во 1974 година врз темелите на постара црква.Во непосредна близина на црквата се наоѓа изворот Милигоец кој има добиено прекрасен нов лик во 2003 година благодарение на месната заедница чиј претседател беше Насте Сотироски .
Оваа месна заедница раководеше со селото во периодот 2000-2004 година и ќе остане запамтена како најуспешната месна заедница која реализира 20-тина значајни проекти за Долно Лакочереј.Во неговиот тим работеа и :Ѓорѓиески Ило Папе -благајник, Крстаноски Ѓоре Мате-секретар,Ангелоски Злате Пидан и Илиески Тане.Во контролен одбор беа Сотироски Гоце и Здравески Димче.
Во 2012 година изграден е нов водоводен систем во вкупна должина од 4.500м .Истиот е финансиран со средства од М.З.Долно Лакочереј.За реализацијата на овој капитален проект особен придонес дадоа лицата: Сотироски Насте,Трифуноски Гоце, Костоски Влатко, Сотироски Гоце, Јованоски Номче, Љаткоски Владо, Петрески Љубе и други.
Низ Долно Лакочереј минува Коселска-Лакочереска река која е богата со риба, меѓутоа во последниве години поради човечка негрижа истата е во лоша состојба поради ниската еколошка свест.
Историја[уреди | уреди извор]
Според пронајдените археолошки материјали во подрачјето на селото Долно Лакочереј може да се каже дека животот во овој простор започнал уште од најраните човекови периоди.
Во II век п.н.е. кога овој крај потпаднал под римска власт, на местото каде што денес се наоѓа селото Долно Лакочереј минувал познатиот пат „Вија Егнација“ кој ги поврзувал западните со источните делови на Римското Царство. Тука живеело илирското племе Десарети.
Во триесеттите години од VII век Охридската област била целосно колонизирана од словенското племе Берзити, при што биле извршени коренити општествени промени. Имено, биле ликвидирани околните робовладетелски стопанства и се формирани селски слободни општини во кои постоела широка распространета задужна сопственост.
Кон средината на IX век овој крај подпаѓа под бугаркса власт, а во 969 година цар Самуил ја создал првата македонска држава. во 1018 година Охридскиот крај подпаѓа под Византија, од 1216 до 1230 година се наоѓа под епирска власт, па потоа повторно се наоѓа под Византиска власт сè до 1334 година кога Охрид го зазема српскиот цар Душан. По смртта на цар Душан Охридскиот крај се одделил како самостојна феудална држава по управа на кралот Волкашин и Марко.
Кон крајот на XIV бек оваа област потпаѓа под турска-османлиска власт. Во овој период треба да се бара и почетокот на формирање на населбата под име Долно Лакочереј, кое административно припаѓало на нахијата Охрид. Од податоците што ги дава Опширниот пописен дефтер од 1582 година на Охридскиот санџак, може да се констатира дека селото боло мешано по етнички состав, така што во него живееле 21 христијанин и 10 муслимани. Заедно со селата Хрит Захрит, Биџово и Градец, селото Долно Лакочереј било меѓу најмалите села во нахијата Охрид.
Што се однесува до општествено-економските односи, со доаѓањето на Турците, бил воспоставен тимарско-спахиски систем,а земјата во поголем дел била државна сопственост. Феудално зависно население држело ограничени парчиња земја, анречени баштини, кои по правило се наоѓале во рацете на христијанското население. Според тогашните општествени норми, ако баштината не се обработувала од сопственикот, тогаш таа преминувала во заедничка сопственост на сите жители од селото. На тој начин почнале да се формираат и чифлизите во Долно Лакочереј.
Во стопански поглед, во тоа време, населението главно се занимавало со земјоделство и сточарство. Веројатно уште тогаш било развиено и одгледувањето на овоштие, со оглед на податоците од 1592 година, селото Горно Лакочереј се вбројува меѓу најголемите производители на ореви. Долно Лакочереј во тоа време се споменува меѓу најголемите производители на мед, така што плаќало по 150 акчиња годишен ушур.
Кон крајот на XVIII век земјата во Долно Лакочереј била под непосредна управа на полунезависниот феудалец Џеладин-бег. По неговото владеење од 1830 година земјата била прогласена за царска своина (емљах).
Натамошниот период од XIX век е исполнет со разновидни револуционерни движења против турската-османлиска власт на Балканскиот Полуостров, а со тоа економската состојба на населението била доста неповолна поради зголемените даноци и давачки за војните. Во овој период се засилува и активноста на албанските разбојнички банди кои го ограбувала и онака сиромашното население. Заради тешката економска положба, се зголемило и миграционото движење на населението од ридско-планинските кон полските села во Охридскиот крај, така што овој период се смета како време кога селото Долно Лакочереј ја добива денешната физиономија.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Лакочереј живееле 140 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Лакочереј имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 728 жители.
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 727 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140[1] | 200[2] | 601 | 699 | 747 | 826 | 889 | 931 | 646 | 728 |
Родови[уреди | уреди извор]
Во селото Долно Лакочереј живеат македонски православни родови, сите родови во селото се доселенички.
Според истражувањата од 1978 година, родови во Долно Лакочереј се:
- Доселеници: Иљовци (20 к.) еден од најстарите родови во селото, доселени се од градот Поградец, во Албанија; Прдуловци (20 к.), Пидановци (13 к.) и Трајковци (8 к.) доселени се кога и Иљовци, доселени се од селото Велгошти; Илијовци (16 к.) доселени се од селото Лактиње во Дебрца. Во Илијовци се знае следното родословие: Ставре (жив на 71 г. во 1978 година) Јанаќи-Илија предокот кој се доселил од Лактиње. Споменатиот Илија имал браќа Стојан и Паунко, кои се населиле во селото Оровник, таму се познати под името Паунковци; Милевци (13 к.) доселени се од некое село во Струшко; Матевци (10 к.) доселени се од некое село во Дебрца; Крчевци (5 к.) и Речковци (6 к.) доселени се од селото Речица; Сметановци (12 к.) доселени се од селото Плаќе; Мутлаковци (6 к.), Устијановци (7 к.), Ликовци (5 к.) и Јовчевци (5 к.) се доселеници од непознато место; Сирулци (30 к.) најмлади доселеници, доселени се по Втората светска војна од селото Сирула.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Староседелци: Цапевци (3 к.), Бабачевци (1 к.), Шилигуновци или Димовци (2 к.), Маџуковци (1 к.), Тртевци (2 к.), Мутлаковци (3 к.), Сотировци (2 к.) и Грдановци (1 к.)
- Доселеници: Пидановци (4 к.), Крчевци (2 к.), Сметеновци (3 к.), Колимачевци (2 к.) и Мартиновци или Ликовци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Матевци или Милевци (9 к.) доселени околу 1850 година од селото Сошани во Дебрца; Прдуловци (8 к.) доселени се во исто време од селото Велгошти; Трајковци (2 к.) доселени се околу 1852 година од селото Оздолени во Дебрца; Пашичовци (1 к.) доселени се од селото Лешани во Дебрца; Маклијовци (4 к.) доселени се од селото Вапила; Јовевци (2 к.) доселени се околу 1880 година од селото Велмеј во Дебрца; Самарјановци или Илијовци (4 к.) доселени се околу 1880 година од селото Лактиње во Дебрца; Иловци (10 к.) доселени се околу 1885 година од селото Лин крај Охридското Езеро, денес во Албанија; Плаќановци или Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1887 година од селото Плаќе; Лаптевци (2 к.) и тие се од Плаќе; Алачовци (4 к.) доселени се од селото Оровник; Грацковци (2 к.) доселени се од селото Вапила; Кадијовци (2 к.) доселени се од селото Сирула; Жилеви или Филиповци (2 к.) доселени се од селото Орман; Опеничани или Ѓоргијовци или Тодоровци (2 к.) доселени се во 1919 година од селото Опеница; Консуловци или Везировци (1 к.) доселени се од селото Ливоишта; Долгачовци (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Сирула; Иловци или Терзија (1 к.) доселени се од селото Скребатно; Целевци или Опеничани (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Опеница; Кулуман или Николовци (1 к.) доселени се од селото Косел.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото постои нова училишна зграда изградена 1966 година, комплетно реновирана 2001 година во која е сместено ОУ „Кочо Рацин“ подрачно училиште на ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид.
Во центарот постои стара училишна зграда изградена уште во 1929 година која е целосно реновирана во 2001 година и која се користи за потребите на месната заедница.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта
- Баник — некропола од римското време;
- Василички Гробишта — раносредновековна некропола;
- Градиште — населба од бронзеното време;
- Дујгас — населба од римското време;
- Лак - Предикамица — населба од римското време;
- Св. Недела — населба и некропола од римското време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- 14 јануари, Василица. На овој ден традиционално почнувајќи од 2000 година во Културниот центар Македонија се организира прослава во чест на Василица.Истата е спонзорирана од месната заедница Долно Лакочереј.
- 20 јули, селска слава Св. Недела
- 11 октомври, Јаболкобер
Личности[уреди | уреди извор]
- Лазар Трајков Апостолоски — македонски револуционер од ТМОРО.[6]
- Насте Секулов Мутлак — македонски револуционер од ТМОРО.[7]
- Јонче Мутлакоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Ристо Мутлакоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Наум Ристов Петровски — македонски револуционер од ТМОРО.[9]
- Насте Мартиноски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Марко Маркоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Димо Шилигуноски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Ристо Ликоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Стојан Пердулоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Ристо Крчески — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Јове Бајрактарот — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Ристо Иљоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Ѓорѓи Иљоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Трифун Иљоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Веле Плаќаноски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Ѓорѓи Сметеноски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Лазар Трајкоски — македонски револуционер од ТМОРО.[8]
- Блаже Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Тоде Сметеноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Димко Гацкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Спасе Секулоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Насте Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Сребре Котески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Васил Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Тане Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Пере Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Спиро Димоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Коле Димоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Аргил Сотироски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ристо Устијаноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Илија Јованоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Науме Милески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Неде Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Коле Димкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Петруш Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Илија Тодороски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Трајче Илиески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Спасе Николоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Наум Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Крсте Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Никодин Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ѓорѓи Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Стојан Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ѓорѓи Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Пере Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Лазе Митрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Јонче Цветкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Борис Ристески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Лазар Ристески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ламбе Ристески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Петруш Матлијоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Стојан Јовески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Крсте Тасески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Трајче Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Димче Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ефтин Стевоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Крсте Костоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ѓорѓи Костоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Стојан Мартиноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Вангел Мартиноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Тане Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Димитри Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ставре Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Климе Маркоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Злате Целески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Димче Сметеноски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ристо Матески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Пере Тасески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Мицко Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Никола Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ладе Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Димуш Трајкоски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Ламбе Ѓорѓиески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Канагина Ѓорѓиеска — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Васил Тодороски — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Петруш Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Климе Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
- Митре Петрески — македонски револуционер, учесник во НОВ.[10]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 8,10 8,11 8,12 8,13 8,14 Смилески, Димитар (1986). Долно Лакочереј. Охрид: Месна заедница Долно Лакочереј. стр. 35.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 10,20 10,21 10,22 10,23 10,24 10,25 10,26 10,27 10,28 10,29 10,30 10,31 10,32 10,33 10,34 10,35 10,36 10,37 10,38 10,39 10,40 10,41 10,42 10,43 10,44 10,45 10,46 10,47 10,48 10,49 10,50 10,51 10,52 10,53 10,54 10,55 10,56 10,57 10,58 10,59 10,60 Смилески, Димитар (1986). Долно Лакочереј. Охрид: Месна заедница Долно Лакочереј. стр. 67.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|