Орман (Охридско)
Орман — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 50 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орман имало 88 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 104 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 50[1] | 88[2] | 88 | 104 | 139 | 160 | 139 | 161 | 121 | 104 |
Родови[уреди | уреди извор]
Орман е македонско село.
Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:
- Доселеници: Тодоровци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Оровник, го знаат следното родословие: Никола (жив на 67 г. во 1978 година) Димо-Тодор, основачот на родот кој се доселил, тоа било во 1880 година; Стојановци (10 к.) доселени се од селото Косел; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се од селото Завој; Трајковци (1 к.) доселени се од селото Куратица; Балазовци (1 к.) доселени се од селото Велмеј, Дебрца; Николовци (3 к.) доселени се во 1933 година од селото Косел; Ристевци (3 к.) доселени се во 1934 година од селото Речица; Трајчевци (3 к.) доселени се од селото Коњско; Младеновци (2 к.) и Ничевци (1 к.) доселени се од селото Коњско после Втората светска војна; Неделковци (1 к.) доселени се од селото Куратица после Втората светска војна; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Свиништа после Втората светска војна.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[6]
- Маалски Рид — населба и некропола од римското време;
- Мауцкер — градска населба од хеленистичкото време од IV век п.н.е;[7]
- Орман — населба од младото камено време и некропола од римското време
- Чекоштина — некропола од доцноантичкото време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Но и покрај тоа што во селото се забележувало доселување од околните села. Тоа сепак и дало иселеници. До 1980 година иселеници има во Охрид (две семејства) и во Австралија (четири семејства).[5]
Орманчани се иселиле во селото Подмоље.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 254. ISBN 9989649286.
- ↑ Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошки сондажно истражување на Мауцкер
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|