Лагадин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лагадин
Улици низ Лагадин.jpg

Поглед на дел од населбата

Лагадин во рамките на Македонија
Лагадин
Местоположба на Лагадин во Македонија
Лагадин на интерактивна карта

Карта

Координати 41°2′24″N 20°48′35″E / 41.04000° СГШ; 20.80972° ИГД / 41.04000; 20.80972Координати: 41°2′24″N 20°48′35″E / 41.04000° СГШ; 20.80972° ИГД / 41.04000; 20.80972
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Ohrid Municipality (2014).png Охрид
Област Охридско
Население 81 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 696 м
Лагадин на општинската карта
Лагадин во Општина Охрид.svg

Атарот на Лагадин во рамките на општината
Commons-logo.svg Лагадин на Ризницата


Лагадин — летна туристичка населба, изградена во втората половина на дваесеттиот век. Се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, непосредно покрај патот Охрид-Свети Наум.

Во Лагадин како постојано население живеат само неколку семејства, а другите тука доаѓаат само во летниот период. Целата населба се состои од стотина приватни вили и неколку хотели.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа веднаш до Охридското Езеро.

Историја[уреди | уреди извор]

Лагадин започнал да се гради по завршувањето на Втората светска војна.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Туризмот е најзначајна стопанска гранка.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
200220—    
202181+305.0%

За Лагадин не се водела посебна евиденција на населението до пописот од 2002 година.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Лагадин живееле 20 жители, од кои 18 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 81 жител, од кои 79 Македонци, 1 Албанец и 1 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 20 81
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, населбата како дел од селото Елшани била дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Елшани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото Елшани било дел од некогашната општина Пештани, во која влегувале селата Елшани и Пештани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Населбата е опфатена во избирачкото место бр. 1294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Долно Коњско. Во избирачкото место се опфатени населените места: Коњско, Долно Коњско, Лагадин, населба Здравје и населба Исток.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 647 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата „Св. Петка“ во населбата
Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  3. Податоците за населените места Елешец и Лагадин, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Елшани.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2020.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 9 јануари 2020.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 9 јануари 2020.
  12. КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ХРАМОТ „ПРЕП. ПАРАСКЕВА“ ВО ЛАГАДИН, ОХРИД[мртва врска]
  13. НАД 400 ВЕРНИЦИ ВО ЛАГАДИН ГО ПРОСЛАВИЈА ПРАЗНИКОТ ВЕРА, НАДА И ЉУБА И ВЕЛИКОМАЧЕНИЦАТА СОФИЈА

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]