Елшани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елшани
Elshani 2008 06 10.JPG

Глетка на Елшани од Галичица

Елшани is located in Македонија
Елшани
Местоположба на Елшани во Македонија
Координати 41°1′31″N 20°48′48″E / 41.02528° СГШ; 20.81333° ИГД / 41.02528; 20.81333Координати: 41°1′31″N 20°48′48″E / 41.02528° СГШ; 20.81333° ИГД / 41.02528; 20.81333
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Ohrid Municipality (2014).png Охрид
Област Охридско
Население 590[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Надм. вис. 870 м
Слава Илинден
Мреж. место Елшани
Елшани на општинската карта
Елшани во Општина Охрид.svg

Атарот на Елшани во рамките на општината
Commons-logo.svg Елшани на Ризницата


Елшани — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Селото најпрвин запишано како Елшани се сретнува во 1583 година во турски документи. Се верува дека името е изведено од наставката -јани од основата „евла“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Охридско, во средишниот дел на територијата на Општина Охрид, на западната падина на планината Галичица, чиј атар се издига до сртот на планината каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен, а на друга страна атарот допира до брегот на Охридското Езеро.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 878 метри. Од градот Охрид, селото е оддалечено 14,4 километри.[3]

Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 900 метри. Околни села се Пештани на југ и Коњско на север. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од селски чешми, а денес има водовод, кој бил направен во 1974 година. Водата доаѓа од изворот Вршек, кој извира крај селото.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голем Врв, Чашкини, Трно Слива, Локма, Влашко Бачило, Зелејно, Диво Јами, Студено, Двана Камена, Орешки, Равен, Власејца, Црвена Шума, Орелци, Јамишта, Арблок, Кава Леска, Долга Лозина, Дукојца, Леска, Вели Камен, Кејвана, Колибичиња, Календерица, Круша и Св. Мартинија.[4]

Селото има збиен карактер и е поделено на три маала: Горно, Средно и Долно Маало. Во тие маала се групирани куќи на исти родови.[4] Новата придружна населба Елешец, која се наоѓа непосредно со брегот на Охридското Езеро, во последниве години функционира како издвоен дел од селото.[5]

Панорамски поглед на селото, погледнато од дворот на црквата „Св. Илија

Историја[уреди | уреди извор]

Гравура од Христофор Жефаровиќ од XVIII век на која се прикажани: Охрид, Елшани, Пештани, Трпејца и црквата „Св. Богородица Заумска“

Денешното село Елшани не е старо село. Тоа било основано кога во него се доселиле три денешни рода: Шоповци, Стојовци и Јузмевци. Тие дошле тука околу 1840 година и се пренесува дека земјата не била беговска.[4]

Сепак, во втората половина на XIX век, Елшани станало чифлик на Јашар-бег од Гостивар. Тоа се случило кога бегот бил на гости кај својот зет Салија од Охрид и се возел со чамец по Охридското Езеро. Од езерото го здогледал Елшани и му се учинило многу убаво село. На ова се спротивставиле селаните Аврам, Рубан и Таул, кои подоцна биле убиени. Другите селани се согласиле да станат чифчии. За чифлигот се грижел охридскиот бег, бидејќи Јашар-бег живеел во Гостивар. Нему му предавале десеток од добиените, како во земјоделството, така и во сточарските работи.[4]

Во XIX век, Елшани било село во Охридската каза, на Отоманското Царство.

Во текот на Илинденското востание, мештаните учествувале со своја чета, а особено се истакнал војводата Никола Митрев-Езерски.

Селото било окупирано од страна на Србите во текот на Првата балканска војна, кои вршеле воена мобилизација на машкото население. Загинале 13 селани. Во текот на Првата светска војна, селото, пак, потпаднало по бугарска воена окупација.

Во 1941 година, селото било окупирано од страна Италијанците. Во 1943 година било пак окупирано од страна на Бугарите. Многумина мештани се приклучиле на НОБ, при што седуммина биле убиени во борбите.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на Елшани од месноста Вршек

Селото зафаќа простор од 17,1 км². На него преовладуваат пасиштата на површина од 870,9 хектари, на шумите отпаѓаат 352,5 хектари, а на обработливото земјиште 243,2 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

До Втората светска војна, мештаните се занимавале главно со сточарство и најмногу се одгледувале кози и овци. Стоката била напасувана на планината Галичица, во месностите Вирчиња, Равен, Долга и Волково Лозје. Исто така, мештаните се занимавале и со сеча на шума и подоцна го продавале дрвото за огрев во Охрид, но и како градежен материјал.[4]

По војната, мештаните ги промениле занимавањата. Скоро цело машко население вршеле градежни работи.[4]

Повеќето од жителите на Елшани се вработени во хотелите на езерскиот брег или во охридските претпријатија. Многумина развиваат самостојна стопанска дејност во градот или во селото. Сепак, многу од традиционалните селски занимања се зачувани: секое семејство има свое лозје и градина, се одгледуваат животни, а задржано е и традиционалното производство на вино и ракија.

Туризам[уреди | уреди извор]

Со редовен автобуски сообраќај Елшани е поврзано со градот Охрид (10 км), 10-12 пати преку целиот ден. Почести се врските меѓу Охрид и Пештани при што автобусите секогаш застануваат и во близина на селото Елшани, кај авто-кампот во Елешец.

Сместување може да се најде во десетина семејни куќи во текот на целата година и со различна местоположба, покрај Охридското Езеро или повисоко во планината Галичица. Покрај езерото е сместен и авто-кампот во Елешец, кој е добро организиран, но работи само во летно време.

Елшани е извонредна почетна точка за планински прошетки или искачување по карпи во Националниот парк Галичица. Од друга страна, разгранетата мрежа од патеки, тесни селски улици и локални неоптоварени патишта се идеални за пешачење, трчање или велосипедизам, за луѓе од сите возрасти и степени на подготвеност.

Население[уреди | уреди извор]

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Истанбул во 1878 година, во која е прикажена статистиката на машкото население од 1873 година, селото Слишани е посочено со 30 домаќинства и 96 жители, а селото Лешани со 70 домаќинства и 200 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Елшани живееле 240 жители, сите Македонци.[7] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Елшани имало 240 жители, егзархисти.[8]

Селото е средно по големина, со позитивен популациски биланс. Во 1961 година, селото броело 501 жител, додека во 1994 година бројот се зголемил на 674 жители, македонско население.</ref>[9]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Елшани живееле 590 жители, сите Македонци.[1]

Елшани има околу 600 жители кои во селото живеат преку целата година. Во летните денови околу 400 други луѓе престојуваат како повремени жители во нивните привремени домови подигнати во близина на езерото во населбата Елешец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[10] 1905[11] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240 240 441 490 501 619 643 679 674 590
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Елшани е македонско православно село, сите родови во селото се доселеници.[4]

Родови во селото Елшани се:

  • Постари доселеници: Шоповци (25 к.), доселени се од селото Сопотско во Преспа, ја знаат следната генеологија Димко (жив на 75 год. во 1980 година) Коле-Тасе-Шопче кој се доселил во селото; Стојовци или Ѓорговци (30 к.), Робановци (7 к.) и Трајановци (3 к.), потекнуваат од ист предок и доселени се некаде од Црна Гора, други пак сметаат дека се доселени од некое место во Албанија и Јузмевци (10 к.), доселени се некаде од Албанија.
  • Помлади доселеници: Кордовци (11 к.) и Кочовци (11 к.), доселени се од некое место Кордо во Албанија; Стевовци (8 к.), Павлевци (8 к.) и Матлиовци (3 куќи), потекнуваат од ист предок, и доселени се однекаде; Мишевци (4 к.), доселени се однекаде и Маџаровци или Тауновци (9 к.), доселени се од некое место во Унгарија.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Елшани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пештани, во која влегувале селата Елшани и Пештани.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1293 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Елшани. Во изборното место е опфатена и населбата Елешец.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 567 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки локалитети[15]
  • Елшани — некропола од доцноантичко време; и
  • Купејнца — населба од доцноантичко време.
Цркви[16]
Параклиси
  • Параклис „Св. Петка“
  • Параклис „Св. Богородица“
Спомен-чешми
  • Спомен-чешма „Клајнец“ за НОБ

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави[4]
  • Илинден (2 август) — црковна и селска слава

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Елшани

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Селото не бележело иселување, ниту до војните, ниту по нив.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 6 јануари 2020. 
  2. Ivanova, Olga, 1939-; Иванова, Олга, 1939-. Rečnik na iminjata na naselenite mesta vo R. Makedonija (B, Ǵ, E, J, N, R, T, Ḱ, U, F, H, Dž, Š). Skopje. ISBN 9786082200262. OCLC 909857299. https://www.worldcat.org/oclc/909857299. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 121. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 6 јануари 2019 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 4,9 Trifunoski, Jovan F.; Трифуноски, Јован Ф. (1992). Ohridsko-struška oblast : antropogeografska proučavanja. Beograd: Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. https://www.worldcat.org/oclc/27418468. 
  5. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  9. Податоците за населените места Елешец и Лагадин, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Елшани.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  13. „Описи на ИМ“. конс. 6 јануари 2020. 
  14. „Претседателски избори 2019“. конс. 6 јануари 2020. 
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]