Љубаништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубаништа
Љубаништа is located in Македонија
Љубаништа
Местоположба на Љубаништа во Македонија
Координати 40°55′0″N 20°46′59″E / 40.91667°СГШ 20.78306°ИГД / 40.91667; 20.78306Координати: 40°55′0″N 20°46′59″E / 40.91667°СГШ 20.78306°ИГД / 40.91667; 20.78306
Општина Општина Охрид
Население 171 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1269 м
Commons-logo.svg Љубаништа на Ризницата

Љубаништа е село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид, во непосредна близина на манастирот Свети Наум.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Плажата во кампот Љубаништа

Селото Љубаништа се наоѓа на југоисточниот брег на Охридското Езеро, во непосредна близина на границата со Република Албанија (2 километри). Селото е оддалечено 27 километри јужно од градот Охрид, а 12 километри источно од Поградец, преку македонско-албанскиот граничен премин. Соседни села се Трпејца на север (во Македонија) и Тушемиште на запад (во Албанија).

Историja[уреди | уреди извор]

Љубаништа е стара населба. Прв пат се споменува во 1582 година, кога тука живееле 70 христијански домаќинства.[1] Постои предание дека за време на османлиското ропство селото било чифлик на познатиот Џеладин-бег од Охрид. Бегот подоцна го поклонил селото на манастирот Св. Наум, а жителите ја обработувале манастирската земја како исполџии.[1]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Љубаништа живееле 350 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Љубаништа имало 360 Македонци, патријаршисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Љубаништа е мало село со 171 жител. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 169
Турци 1
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 1

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години: [5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 350[6] 360[3] 700 497 455 348 324 196 185 171

Родови[уреди | уреди извор]

Љубаништа е македонско православно село, сите родови во селото се староседелски.

Родови во Љубаништа се: Аврамовци (4 к.), Доневци (3 к.) и Јаневци (2 к.) како се мисли овие родови се староседелски. Од нив потекнуваат следните нивни гранка: Булевци (9 к.), Спировци (6 к.), Перовци (5 к.), Наумовци (5 к.), Пуљчевци (4 к.), Ристевци (1 к.), Трпевци (4 к.), Марковци (2 к.), Климовци (2 к.) и Ристевци (1 к.). Во ова село чести биле имињата Наум и Крстан.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]


Борци во НОБ[уреди | уреди извор]

  • Ванѓел Митрев Павлески - роден на 23 февруари 1922 година. Доброволно стапува во НОБ на Албанија во септември 1943 година. На 29 април 1944 година се приклучува кон Првата македонско-косовска ударна бригада. Загинува во борбите со балистите кај с. Росоки на 13 август 1944 година.
  • Коста Николов Додески - роден на 25 мај 1925 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада загинува во несреќен случај при чистење на оружјето на 12 јули 1944 година кај с. Ржаново.
  • Крсте Стојанов Булески - роден на 22 август 1924 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, учествува на Сремскиот фронт, и загинува кај Товарник на 12 април 1945 година.
  • Мити Јованов Тасески - роден на 8 август 1922 година. Симпатизер е на движењето уште од 1941 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада загинува на Сремскиот Фронт, на позиција кај Винковци на 13 април 1945 година.
  • Наум Јаќимов Николоски - роден на 1 декември 1922 година. На 6 септември 1944 година ја напушта бугарската окупаторска војска и стапува во редовите на НОБ. Како борец на Деветата македонска бригада, загинува во борбите со германските сили кај Неготино на 9 септември 1944 година.
  • Никола Јованов Пулчески - роден во 1907 година. Доброволно стапува во НОБ на 9 септември 1944 година. Како борец во Првата македонска ударна бригада загинува во борбите за Струга, кон крајот на октомври 1944 година.
  • Танас Несторов Ристески - роден на 13 јануари 1920 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Загинува во втората борба за Дебар на 2 август 1944 година.[7]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1992) (на српски). Охридско-струшка област. Српска академија наука и уметности. стр. 157. 
  2. Шаблон:МЕС
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.252.
  7. Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]