Прејди на содржината

Турски Гробишта (Љубаништа)

Координати: 40°55′0″N 20°46′59″E / 40.91667°N 20.78306°E / 40.91667; 20.78306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Турски Гробишта

Карта

Местоположба 40°55′0″N 20°46′59″E / 40.91667°N 20.78306°E / 40.91667; 20.78306
Основни податоци
Место Љубаништа
Општина Охрид
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Турски Гробишта археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува некропола од доцната антика. Југозападно од селото, на просторот каде што се изградени новите викендички и во околината се среќаваат фрагменти од керамички садови и биле откриени гробови градени од големи тегули. Гробните прилози не се зачувани, со исклучок на една крстовидна фибула која се чува во Заводот имузеј во Охрид.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069