Мити Тасески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мити Јованов Тасески (8 август 1922 во Љубаништа, охридско — 13 април 1945 во Винковци, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мити Јованов Тасески е роден на 8 август 1922 година. Симпатизер е на движењето уште од 1941 година. Доброволно стапува во Првата македонско-косовска ударна бригада на 28 април 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада загинува на Сремскиот Фронт, на позиција кај Винковци на 13 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)