Свиништа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свиништа
Свиништа is located in Македонија
Свиништа
Местоположба на Свиништа во Македонија
Координати 41°12′11″N 20°56′34″E / 41.20306° СГШ; 20.94278° ИГД / 41.20306; 20.94278Координати: 41°12′11″N 20°56′34″E / 41.20306° СГШ; 20.94278° ИГД / 41.20306; 20.94278
Општина Општина Охрид
Население 64 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1192 м
Commons-logo.svg Свиништа на Ризницата

Свиништа е село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Свиниѓта се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Охрид, во преминот меѓу Плакенска и Петринска Планина, на патот Охрид - Ресен.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Охридската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Свиништа живееле 475 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиништа имало 480 Македонци, егзархисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 64 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 475[1] 480[2] 744 840 833 701 354 136 130 64

Родови[уреди | уреди извор]

Свињишта е чисто македонско православно село. По народното предание селото е настанато околу 1820 година од доселеници од селото Смилево. Сите родови кои дошле од Смилево имаат подалечно потекло од мијачкиот крај.[5]

Родови во Свињишта се: Смилевци (30 к.), доселени од селото Смилево, подалечно потекло од мијачкиот крај, ја знаат следната генеологија Ѓорѓе (жив на 68 год. во 1980 година) Смиле-Петре-Смиле кој се доселил од Смилево; Чавдаровци (20 к.), и тие се доселени од Смилево, подалечно потекло од мијачкиот крај; Муренковци (10 к.), исто така доселени од Смилево, каде имаат кумови, подалечно потекло од мијачкиот крај; Аџиовци (10 к.), доселени се од соседното село Опеница; Таневци (10 к.) и Огненовци (7 к.), доселени се од соседното село Куратица. Огненовци потекнуваат од домазет. И покрај тоа што повеќето родови се со потекло од Смилево, сепак брачни врски не одржувале со населението од Смилево, поради големата оддалеченост. Најмногу брачни врски свињиштани одржувале со околните охридски и ресенски села.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468.