Свињиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свињиште
Свињиште се наоѓа во Republic of Macedonia
Свињиште
Местоположба на Свињиште во Македонија
Координати 41°26′11″ СГШ 20°54′52″ ИГД / 
Општина Општина Кичево
Население 57 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 780 м
Карта на општина Другово со селските атари.

Свињиште — село во Општина Кичево, во областа Копачка, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долна Копачка, во близина на Беличка Река. Оддалечено е 10 километри јужно од градот Кичево.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 29 домаќинства со 105 жители христијани.[1]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Свињиште:[2]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
40 50 83 7 90 61 114 175

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свињиште имало 360 жители, сите Македонци.[3]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свињиште имало 320 Македонци, егзархисти.[4]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 57 жители, сите Македонци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[3] 320[4] 228 243 237 172 125 109 98 57

Родови[уреди | уреди извор]

Денешното село не е многу старо, основано е крајот на XVIII век. Прв кој дошол бил родот Велевци. Во селото родовите се делат, на родови што си го знаат местото на потекло и родови со непознато место на старина.[7]

Родови со познато место на старина се: Велевци најстар род во селото дојдени од селото Брждани, со подалечно потекло од некое село од околината на Елбасан, во Брждани се дојдени средината на XVIII век и Караџовци најмлад род во селото доселени се почетокот или средината на XIX век од селото Врбјани, во Свињиште дошол основачот на родот Мојсо.

Родови со непознато место на старина се: Стамевци, Џорџиовци и Поповци.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  2. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  3. 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  4. 4,0 4,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 156 – 157.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  7. Ф., Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина : сеоска насеља и становништво. Izdanje autora]. OCLC 18500423. http://worldcat.org/oclc/18500423. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]