Вишово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вишово
Вишово се наоѓа во Republic of Macedonia
Вишово
Местоположба на Вишово во Македонија
Координати 41°09′42″ СГШ 20°46′41″ ИГД / 
Регион Југозападен
Општина Охрид
Население нема жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 915 м


Вишово или Вишево — историско село во Охридско, на границата меѓу Општина Охрид и Општина Дебарца.

Географија[уреди | уреди извор]

Вишово било сместено северозападно од Охрид, во планината на патот за Струга, во атарот на на селото Оровник кон оној на Долно Лакочереј, над месноста Кулиште. Денес мештаните местото го нарекуваат Вишо (од Вишево > Вишово > Вишоо > Вишо).

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се води во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридска нахија од 1582-1583 г. е запишано под името Вишешево (а во второто издание, како Вишово) со 31 христијански семејства и 11 неженети лица.[1]

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со вкупно 22 жители Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вишово (Вишоо) имало 18 жители, сите Македонци.[2][4]

На почетокот на XX век населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Вишево (Vichevo) имало 16 жители, Македонци.[2][5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Станковска, Љубица. Етимологиjата на имењата на раселените села од Охридско. „Македонистика“ том  10: 133 - 135. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 252.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 164-165.