Јанковец
Јанковец е село во Општина Ресен, во близина на градот Ресен.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско поле, некогаш 2 км северно, а денес е предградие на Ресен. Јанковец граничи од север со Избишта и Кривени, од исток со Златари, од југ со Ресен и од запад со Болно. Јанковец е рамничарско село на надморска височина од 890 метри.
По средината на рамничарскиот дел тече Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.
Историja[уреди | уреди извор]
Потеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некој си Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.
Економија[уреди | уреди извор]
Во близина на манастирот се наоѓа и ресторанот “Манастир” кој е еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Јанковец живееле 1.080 жители, од кои 900 Македонци и 180 Власи.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанковец имало 1.200 Македонци, егзархисти, 200 Македонци патријаршисти и 150 Власи.[2]
Според пописот од 2002 година во селото Јанковец живеат 1.169 жители, од кои:[3]
Во селото според последниот попис живеат 1169 жители од кои:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1.149 |
Албанци | 0 |
Турци | 6 |
Роми | 0 |
Власи | 7 |
Срби | 6 |
Бошњаци | 0 |
други | 1 |
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.040[1] | 1.550[2] | 716 | 690 | 747 | 925 | 1.307 | 1.307 | 1.214 | 1.169 |
Родови[уреди | уреди извор]
Јанковец е македонско село.
Родови во селото се: Аврамовци, Буневци, Босилковци, Божиновци, Бузлевци,Павловци,Блажевци, Балаловци, Бутевци, Бучковци, Бошковци, Видиновци, Воденичаровци, Гештаковци, Гулевци, Дуневци, Думовци, Денесовци, Димитровци, Ѓоршевци, Ѓоревци, Еленчовци, Зузаровци, Замановци, Здравевци, Златановци, Икономовци, Јотовци, Јосифовци, Јанковци, Јанкуловци, Китановци, Картанџиовци, Калеш-Ѓоргијовци, Куменџиовци, Костовци, Котевци, Кузмановци, Ламушевци, Мачевци, Мазниковци, Младеновци, Марковци, Малевци, Низамовци, Нечевци, Недовци (Чачаковци), Огненовци, Пројовци, Пиљаковци, Радевци, Ристовци, Спировци, Савевци, Станчевци, Спасоевци, Сотировци, Саламовци, Старковци, Теговци, Таневци, Танковци, Трајковци, Туртановци, Трифуновци, Томчевци, Циглевци, Чаушевци, Чаковци, Чадевци, Шушевци, Шулевци, Шентевци и Шалевци.[6]
Можно е некои од македонските родови да имаат влашко потекло.
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Со своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960 година е подигнато денешното училиште.
- Цркви[7]
- Црква „Св. Јован Крстител“ - главната селска црква, осветена 1866 година;
- Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на околу 1 км источно од селото;
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Црква „Св. Игнатиј Богоносец“ - манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Археолошки локалитети[8]
- Св. Атанас - средновековна некропола;
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Во селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на Ванчу Икономовски и Теговци.
Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 км источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г.
Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”, кој се претпоставува дека е изграден пред 18 век. Во неговиот склоп постои манастирска црква, бидејќи пред 1866 година други цркви во селото немало.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Празник “Успение на пресвета Богородица” се празнува на 28 август, кога на ова место се собира народ од поблиските села и градот Ресен. Во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско-преспанскиот владика Дионисиј кој бил Грк по потекло.
Личности[уреди | уреди извор]
- Кире Гештаковски (р.1954), Македонски политичар, пратеник на ПСД
- Андреј Кезепов (1880 - 1904), македонски револуционер, кресненски војвода на ВМОРО
- Никола Миљовски (1883 - 1940), македонски револуционер
- Христо Низамов (1903 - ?), американски новинар и деец на МПО
- Димитар Бузлевски (р. 1952) - македонски политичар и поранешен пратеник во македонското Собрание како член на СДСМ
- Трифун Иванов, македонски револуционер.
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
ФК Јанковец, оформен 1921 година под името Кралевиќ Марко, за време на Кралството СХС.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 170-171.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069