Евла (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евла
Евла is located in Македонија
Евла
Местоположба на Евла во Македонија
Координати 41°4′29″N 20°57′21″E / 41.07472° СГШ; 20.95583° ИГД / 41.07472; 20.95583Координати: 41°4′29″N 20°57′21″E / 41.07472° СГШ; 20.95583° ИГД / 41.07472; 20.95583
Општина Ресен
Население 106 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 23012
Надм. вис. 894 м
Евла на општинската карта
Евла во Општина Ресен.svg

Атарот на Евла во рамките на општината


Евла — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Евла административно ѝ припаѓа на општината Ресен. Сместено е на западниот дел на Преспанската Котлина во подножјето на планината Галичица. Од Ресен е оддалечено на пет километри, а со градот е поврзано со асфалтен пат. Населбата е распространета на рамничарски простор на надморска височина од 925 метри. Западно од селото се протегаат падините на планината Галичица, обрастени со богат фонд на дабова и букова шума, а на источната страна е полето во кое се сместени нивите, ливадите, лозјата и овоштарниците со јаболкови насади.

Соседни населени места на село Евла се: на северната страна - селата Петрино и Болно, на јужната Горно Дупени и Лавци, на источната - Преспанската Котлина со градот Ресен, а на западната - планината Галичица и градот Охрид.

Атерот на населбата зафаќа површина од 26,1км/2. Во него доминираат шумите со површина од 1.438 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 374, 3 ха, а на пасиштата 327,8 ха. Водениот потенцијал на просторот е доста богат. Низ средината на селото тече мала планинска река Елска Река, која ја дели населбата на два дела, а на северо – источната страна, по целата должина на атерот, поминува Источка Река, која е поголема и на неа порано биле изградени и успешно функционирале пет воденици. Издашноста на водата во реките дозволувала да се наводнуваат полињата на селата Евла и Горно Дупени, а во периодот 1952- 1953 година да се изгради и мала хидроцентрала. За тоа време, во услови кога селските населби не билеа електрфицирани, ова село ја имало привилегијата да биде меѓу првите што има електрично осветление.

Ридско – планинскиот појас кој како потковица го обвиткува селото, го прават ограноците на планините: Вртелка со највисока кота 1056 метри, Спаса (1100 метри), Јаворец (1236 метри) и Исток (1241 метар). На овој простор, во реонот Спаса, на 3 километри западно од селото, во близина на наоѓалиштето Елски Копанки, се наоѓа познатиот пештерски манастир Свети Спас. Овој манастир со убавата шума околу него, зелениот папрат, ливадите и планинската студена вода, е привлечно излетничко место за населението на цела Преспа и пошироко. До него по адаптиран шумски пат, во секое време може да се дојде и со моторно возило.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза, во рамките на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Местоположбата на населбата, сообраќајните врски, близината со градот Ресен, а посебно минувањето на еден крак од римскиот пат Вија Игнација низ атерот на селото, биле значаен предуслов за негов побрз стопански развој. Покрај тоа оваа населба располага и со други ресурси меѓу кои позначајни се: богатиот водостој на реките, шумскиот фонд со густа дабова и букова шума, познатите пасишта на наоѓалиштето Исток и на планината Галичица како и поволната умерено - континентална клима во Преспанската Котлина, му овозможувале на населението подобро да ја обезбедува својата издршка.

Таквите природни карактеристики на просторот овозможувале населението да ги задоволува своите животни потреби од сопствени извори. Во таа насока голем придонес имале: градинарството, овоштарството, лозарството, сточарството, шумарството и трговијата. Покрај земјоделските производи на наведените стопански гранки, населението било во можност на пазарот да нуди и други производи како огревно дрво, ќумур, вар, млечни производи, планински чај, печурки, мед и други производи.

Веројатно поради таквите можности за време на турско – османлиското владеење во Преспа, власта одлучила во селото Евла да биде седиштето на нивниот бег. Тој задоволен од условите за живот, одлучил за себе и своето семејство да изгради голема куќа – кула со високи чардаци сместена на влезот од селото.

На стопански план во текот на времето, овоштарството прераснало во најдоходовна гранка, не само во оваа населба, туку и во целата општина Ресен. Тоа овозможило овој регион да прерасне во најголем производител на квалитетно јаболко не само во Македонија туку и пошироко во соседните земји.

Според бројни историски податоци, евидентно е дека селото Евла е стара населба. Како таква, во своето повеќевековно опстојување станала привлечна за живеење на луѓето од целата Преспа. Исто така интересни се и податоците кои зборуваат за најтешкиот период од животот на населението. Имено, за време на Илинденското востание во 1903 г., во близината на селото, една вооружена чета од 250 востаници водела борба против турската војска, составена од 2 500 војници.[1] По неуспехот на востанието, во знак на одмазда, селото било целосно изгорено, а населението, за да се заштити од репресалиите, се повлекло на запад во густата шума на Галичица. По повлекувањето на Турците од Балканот, селото било обновено.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Евла живееле 300 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Евла имало 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Оваа населба сè до осумдесеттите години од десеттиот век, според бројот на жителите, била третирана како средно развиена. Подоцна, поради процесот на миграцијата на населението на релација село – град, тој статус е заменет со мала населба.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 106 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 300[2] 384[3] 458 481 426 313 232 175 138 106

Од завршувањето на Втората светска војна па сè до 1955 година населбата броела околу 450 жители. Во тој период во селото имало: основно четиригодишно училиште, две активни цркви, задружен дом, земјоделска задруга, продавница со колонијална стока, музички состав, импровизирана кино сала и фудбалски клуб. Со тоа селото го доживеало својот најголем просперитет.

Подоцна, во втората половина на дваесеттиот век, состојбата започнала да се менува со што населбата почнала да го губи својот сјај. Според пописите на населението спроведени од страна на Сојузниот и Републичкиот заводи за статистика констатирано е дека во Евла имало: во 1953 г. 481 жител, во 1981 г. 232, во 1994 г. 138, а во 2002 година 95 жители.

Наведените податоци покажуваат дека, за периодот од 1953 до 2002 година, бројот на населението во селото се намалил за 386 жители или за 80,2 %.

Трендот на намалувањето што е евидентен во изминатите шест децении, продолжува и денес. Од нашите истражувања спроведени во селото во 2010 година, се констатира дека моментално во населбата има само 28 активни куќи во кои живеат 80 жители, а од нив повеќето се стари и изнемоштени лица. Очигледно процесот на иселувањето и понатаму е активен и за кратко време можно е населбата да ја снема од географската карта.

Ваквите демографски карактеристики на населението, бидејќи се карактеристични и алармантни не само за Евла, туку и за повеќето селски населби во Република Македонија, потребно е државните органи да изготват студиска програма за ревитализација на сите рурални населби.

Родови[уреди | уреди извор]

Евла е македонско село.

Родови во селото се: Атанасовци, Богдановци, Босилковци, Гошевци, Гештаковци, Гаџовци, Гелибаловци, Демировци, Јоновци, Китевци, Кочевци, Камшиговци, Крстевци, Колевци, Лозевци, Марковци, Николовци, Петревци, Секуловци, Савевци, Стојчевци, Трповци, Тасевци, Тракталовци, Угриновци (доселени од некогашното село Исток), Цветковци и Шуминовци.[6]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Чодевци (2 к.), Угриновци (2 к.), Марковци (4 к.), Китевци (8 к.), Николовци (3 к.), Савевци (8 к.), Душковци (6 к.), Богдановци (1 к.)
  • Доселеници: Секуловци (1 к.) доселени се од некогашното село Исток; Лозевци (5 к.) доселени се од селото Лескоец; Ѓештаковци (15 к.) доселени се исто така од селото Лескоец; Босилковци (5 к.) доселени се од селото Стипона; Јоновци (2 к.) доселени се од некогашното село Исток; Стипонци (1 к.) доселени се од селото Стипона; Атанасовци (1 к.) доселени се од селото Прељубје; Шуминовци (4 к.) доселени се од селото Горно Дупени; Славевци (2 к.) доселени се од Горно Дупени; Гацовци (5 к.) доселени се од селото Грнчари; Кочевци (3 к.) доселени се од селото Исток; Камшиковци (3 к.) доселени се од селото Волкодери; Ѓелиболци (1 к.) доселени се однекаде.[7]
  • Општествени установи

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1628 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект на динче кочовска.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 76 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

На 3,5 километри од селото се наоѓа манастирот Свети Спас или Вознесение Христово, до кој може да се стигне само пеш или со теренско возило. Според преданието, манастирската црква се наоѓала на друго место (Стара Спаса), но подоцна, иконата била преместена на сегашното место на кое била изградена средновековната пештерска црква. На празникот Вознесение Христово, во манастирот доаѓаат луѓе од целата Преспа, како и од околните села на охридскиот регион. Исто така, во селото се наоѓа и црквата Успение Богородично од 1848 година на чија западна страна е вградена мермерна плоча на која се прикажани три интересни лика. Во близината на селото се наоѓа и топонимот „Калуѓерска Краста“ кој укажува дека ова место има историско минато. Во книгата „Преспа“ на Георги Трајчев, објавена во 1923 година, е опишано местото „Влашки колиби“ кое било живеалиште на Каракачаните кои на падините над селото се занимавале со овчарство.[10]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Места од интерес[уреди | уреди извор]

Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Исток — црква од среден век;
  • Св. Спас — црква од среден век;
  • Кале — населба од среден век;
  • Ливадица — осамен наод од доцноантичко време;

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници од селото има во САД (9 семејства), Аргентина (8 семејства), Бугарија (5 семејства), Канада, Турција, Ресен и Скопје. Иселени пред 1949 година.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, Евла, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 117.
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  7. 7,0 7,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Александар Матески, Евла, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 116-117.
  11. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  12. 12,0 12,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  13. 13,0 13,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  14. 14,0 14,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]