Дрмени
Дрмени е село во Општина Ресен.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Дрмени се наога во југозападниот дел од Македонија и е сместено во централниот дел на Преспанската котлина.
Историja[уреди | уреди извор]
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 216 жители и 103 домакинства. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 204 |
Турци | 12 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Дрмени е македонско-турско село.
- Македонски родови се: Белешовци, Беќаровци, Бутевци, Волчевци, Вецовци, Гелејчевци, Гошаревци, Гештаковци, Дериволовци, Ѓоревци, Каракотевци, Касовци, Колевци, Липовци, Лавчани (доселени од селото Лавци), Љатевци, Меровци, Рабановци, Таневци, Филиповци, Цуцевци, Шарентрајковци и Шутурковци.
- Турски родови се: Асановци, Бекташовци, Демирчевци, Иљазовци, Керимовци и Реџовци.[2]
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Религиски објекти[3]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - главната селска црква. Изградена е во 1811 година;
- Црква „Св. Петка“ - малечка црква на неколку киломентри од селото. Изградена е во 21 век;
- Џамија - селска џамија. Изградена во поново време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Мице Котев Лазаровски — македонски револуционер од ВМОРО.[4]
- Тале Наумов Андоновски — македонски револуционер од ВМОРО.[5]
- Тале Гошев Несторовски — македонски револуционер од ВМОРО.[6]
- Илија Јончев Темелковски — македонски револуционер од ВМОРО.[7]
- Илија Стевов Петковски — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во Дрмени уште одамна се негувал спортот. Како и во останатите села од овој крај така и во Дрмени најпопуларен спорт е Фдбалот. Низ историјата имало повеќе фудбалски тимови а најголем успех постигна Ф.К Дрмени, кој неколку сезони играше во погорните Македонски лиги. Во Дрмени освен фудбалот се негува и одбојката како спорт во кој Дрменици секогаш биле најдобри во својот регион. За жал во последно време овој спорт ја нема популарноста кај младите и полека изумира.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Генот кој е застапен кај секој еден човек, а тоа е борбата за подобар живот, бил многу присутен и кај селаните од Дрмени. Не само во минатото туку и сега но со помал интезитет иселеништвото е присутно во овој прекрасен предел од нашата земја. Низ минатото голем бил бројот на луѓе кои во борба за попристоен живот биле приморани да го напуштат својот крај и да заминат далеку од својата родна грутка. Поголемиот дел од нив за секогаш се збогувале со своето село а само мал дел се вратиле да го продолжат остатокот од животот онаму каде што му почнал. Сега, во денешно време, со најновите збиднувања, со развојот на индустријата и други фактори сѐ уште е застапено иселување од селото, но овој пат не во друга земја туку во некој од поголемите градови. Бројот на иселени лица од Дрмени во дијаспората изнесува неколку стотици луге од кои само една четвртина си доаѓаат редовно преку лето.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.