Прејди на содржината

Раец

Координати: 41°25′30″N 21°50′51″E / 41.42500°N 21.84750°E / 41.42500; 21.84750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Раец

Воздушен поглед на селото Раец

Раец во рамките на Македонија
Раец
Местоположба на Раец во Македонија
Раец на карта

Карта

Координати 41°25′30″N 21°50′51″E / 41.42500°N 21.84750°E / 41.42500; 21.84750
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Раец
Население 58 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1423
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11034
Надм. вис. 300 м
Слава Ѓурѓовден
Раец на општинската карта

Атарот на Раец во рамките на општината
Раец на Ризницата

Раец (во минатото Рајец или Рајац) — село во истоимената област, во Општина Кавадарци, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на дел од селото со поглед на патот до него

Името на селото се сретнува во овој облик уште во XV век во турски документи, а неговото значење се поврзува со зборот Рајец, што означува богато плодно место или место каде безгрижно и среќно се живее како рај. Како второ значење се поврзува со личното име Рајо. Како трета варијанта се понудува дека потекнува од зборот Равц со значење ров или бразда.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Раец се наоѓа во крајниот северозападен дел на Општина Кавадарци, од десната страна на реката Раец, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[3] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 300 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 17 километри.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3.

Селото се наоѓа на левиот брег на Желишка Река, на нејзиниот излез кон долината на реката Раец, пред самата Дреновска Клисура. Водата за пиење во минатото доаѓала од селската чешма.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Тисавец, Девол, Орлиште и Самовелец.[4]

Селото имало две маала: Горно и Долно Маало.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е основано како чифлик кон крајот на XVIII век.[4]

Во Првата балканска војна, од селото имало четворица доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 10,8 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 423 хектари, на пасишта отпаѓаат 355 хектари, а обработливото земјиште зафаќа површина од 255 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Во минатото, селаните повеќе се занимавале со земјоделство, отколку со сточарство. Повеќето работеле како чифлигари.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948211—    
1953245+16.1%
1961238−2.9%
1971229−3.8%
1981205−10.5%
ГодинаНас.±%
1991137−33.2%
1994128−6.6%
2002110−14.1%
202158−47.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раец живееле 193 жители, сите Македонци.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раец имало 200 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 238 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 128 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Раец живееле 110 жители, од кои 109 Македонци и 1 Македонски Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 42 Македонци, 2 Роми и 14 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 193 200 211 245 238 229 205 137 128 110 58
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Раец е македонско село.[4]

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото се:

  • Староседелци: Весовци (3 к.), доселени се од местото Борисов Рид во близина на Раец. Тоа било кон крајот на XVIII век; Панковци (3 к.) и тие се од местото Борисов Рид, а подалечно потекло од селото Радобил (денес Голем и Мал) и Кичевци (4 к.), доселени се од некое село во Кичевско, кон крајот на XVIII век.
  • Постари доселеници: Марковци (3 к.), доселени се од селото Дебриште; Цековци (2 к.), доселени се од селото Радобил (денес Голем и Мал) и Тасовци (2 к.), доселени се од селото Мрамор.
  • Понови доселеници: Здравевци (1 к.), доселени се од селото Радобил (денес Голем и Мал); Шалевци (1 к.), доселени се од селото Дреново; Златовци (3 к.), доселени се од селото Царевиќ; Јамевци (1 к.), доселени се од селото Шивец; Ќимовци (1 к.), доселени се од селото Дреново; Чоковци (1 к.), доселени се од селото Конопиште; Силевци (1 к.), доселени се од селото Смолани и Ризевци (1 к.), доселени се од селото Дреново.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Во текот на 1970-тите и 1980-тите години, од селото е забележано иселување кон поголемите градови.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Раец било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Раец се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Раец, во која влегувале селата Ќесендре, Раец и Фариш.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0696 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви
Реки[19]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[4]
  • Ѓурѓовден — главна селска слава; и
  • Свети Јован — селска слава.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 132.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 251. Посетено на 18 јануари 2025.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 515-516.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 874.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-13. Посетено на 7 јуни 2019.
  17. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 18 јануари 2025.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155-156. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]