Кошани
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Кошани е село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Кошани | |
Општина | Општина Кавадарци |
Население | 2 жит. (поп. 2002) |
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Тиквешката каза во Отоманската Империја.
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кошани живееле 150 жители, сите Македонци.[1]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат само 2 жители, Македонци.[2]
На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150[1] | 116 | 98 | 97 | 35 | 18 | 6 | 4 | 2 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кошани е македонско село.
Според истражувањата од 1920тите, Родови во селото се:
- Староседелци: Цуцковци (1 к.)
- Доселеници:
- Тасевци (3 к.) доселени се од селото Куманичево во почетокот од 19ти век.
- Скандевци (3 к.) доселени се од селото Бегниште, кога и претходниот род. Таму се доселени од областа Азот во велешко.
- Илевци (3 к.) доселени се исто така од Бегниште, и во исто време. Подалечно потекло од областа Азот во велешко.
- Митковци (1 к.) доселени се од селото Гарниково, а таму од велешки Азот.
- Грковци (2 к.) доселени се од селото Бегниште, а таму од околината на Бер во Егејска Македонија, денес Грција.
- Крачевци-Ицовци (1 к.) доселени се од селото Бегниште, а таму од велешки Азот.
- Мантевци-Бунарци (2 к.) доселени се од селото Бунарче, а таму од Мариово.
- Ѓошовци-Бојанчишци (3 к.) доселени се од селото Бојанчиште.
- Јечменковци-Вачовци (1 к.) доселени се од селото Куманичево.
- Толевци (1 к.) доселени се од селото Гарниково, а таму од велешки Азот.
- Рочковци (1 к.) и Димовци (1 к.) доселени се од селото Зборско во Меглен, во 1916 година.[4]
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 28 јули 2016.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.