Глишиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глишиќ
Глишик
Панорама на Глишиќ.jpg

Панорама на приградската населба, а во позадина дел од градот Кавадарци

Глишиќ is located in Македонија
Глишиќ
Местоположба на Глишиќ во Македонија
Координати 41°26′58″N 22°01′24″E / 41.44944° СГШ; 22.02333° ИГД / 41.44944; 22.02333Координати: 41°26′58″N 22°01′24″E / 41.44944° СГШ; 22.02333° ИГД / 41.44944; 22.02333
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 1.562[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1430
Повик. бр. 043
Надм. вис. 274 м
Глишиќ на општинската карта
Глишиќ во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Глишиќ во рамките на општината
Commons-logo.svg Глишиќ на Ризницата


Глишиќ (понекогаш нарекувана Глишик) — приградска населба на градот Кавадарци, во областа Тиквеш. Поради својата близина со градот Кавадарци, ова некогаш големо село прераснало во приградска населба, како што и официјално е означено во статутот на Општина Кавадарци.[2]

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова големо село се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, но бидејќи лежи на само три километри од градот Кавадарци, селото влегува во рурбалната зона на централното место. Сместено е на самиот регионален пат Кавадарци-Неготино.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 235 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 3 километри.[3]

Поради непосредната близина, Глишиќ во текот на времето прераснал во приградска населба на градот Кавадарци. Приградската населба се наоѓа на десната страна од реката Луда Мара, во рамница и на блага падина под отсекот Градиште. Горното и Долното Маало ги раздвојува само патот.

Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 548,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 93,2 хектари, а на шумите само 19,5 хектари.[3]

Селото е од збиен тип, поделено на две маала, Горно и Долно Маало.[4]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото било христијанско-муслиманско и не било чифлик во турско време.[4]

Во XIX век, Глишиќ било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[3]

Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Глишиќ имало 284 жители, од кои 200 христијани и 84 муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глишиќ имало 224 жители.[6]

Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Поради близината на градот, Глишиќ станало место во кое се доселувале. Така, во 1961 година селото броело 346 жители, а во 1994 година бројот се зголемил дури на 1.365 жители, од кои 1.359 биле Македонци, а пет жители Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Глишиќ имало 1.562 жители, од кои 1.547 Македонци, 4 Власи, 5 Срби и 6 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 284 224 272 317 346 652 1.001 1.252 1.365 1.562
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Глишиќ се споменуваат:[4]

  • Христијански родови:
    • Старинци: Савевци (Горно М. 4 и Долно М. 2) 6 к.; Данаиловци-Аѓункаровци (Долно М.) 1 к.; Маркудевци (Долно М.) 2 к.; Лашовци (Долно М.) 1 к.; Маскаровци (Долно М.) 1 к.; Крпејке (Долно М.) 1 к.; Попуњевци (Долно М.) 1 к.; Ѓираџијовци (Долно М.) 1 к. и Андовци (Горно М. 2 и Долно М. 1) 3 к..
    • Постари доселеници: Гроздановци (Горно М.) 1 к.; Марковци (Горно М.) 1 к.; Пичуровци (Горно М.) 1 к. и Бонџевци (Долно М.) 1 к..
    • Понови доселеници: Јаниќијовци (Горно М.) 3 к.; Колевци (Горно М.) 1 к.; Димовци (Горно М.) 1 к.; Дубровци (Долно М.) 1 к.; Апостоловци (Горно М.) 1 к.; Дисанци (Долно М.) 1 к.; Караџовци (Долно М.) 1 к.; Новевци (Горно М.) 1 к.; Поп-Давчевци (Горно М.) 1 к. и Колевци (Долно М.) 1 к..
  • Муслимански родови:
    • Старинци: Оџевци (Долно М.) 1 к.; Шеовци (Долно М.) 1 к.; Хаџи-Алијовци (Долно М.) 2 к.; Шатоковци (Долно М.) 3 к.; Нумановци (Долно М.) 3 к. и Беќировци (Горно М.) 3 к..
    • Доселеници: Долгачовци (Горно М.) 3 к. и Хаџи-Цувковци (Горно М.) 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кавадарци, во која се наоѓале градот Кавадарци и селото Глишиќ.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Глишиќ се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Марена и Сопот.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Целосно обновената главна селска црква „Св. Димитриј“

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0662 според Државната изборна комисија, кое го опфаќа селото Глишиќ и дел од градот Кавадарци, кое е сместено во основното училиште во селото Глишиќ.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 723 гласачи.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 717 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[14][15]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Глишиќ
  • Никола Бадев (1918-1976) — еден од најпознатите пејачи на изворни македонски песни.
  • Ване Чавкаров (?-1905) — член на ВМРО и комита во четата на Добри Даскалов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 25 февруари 2018. 
  2. „Статус на Општина Кавадарци“ (PDF). Општина Кавадарци. декември 2005. конс. 25 февруари 2018. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 69. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 25 февруари 2018 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 377-379. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „ООУ Тошо Велков Пепето“. конс. 25 февруари 2018. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 25 февруари 2018. 
  12. „Локални избори 2017“. конс. 23 февруари 2018. 
  13. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. „Цркви во Маренската парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 23 февруари 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]