Црква „Св. Димитриј“ - Глишиќ
Свети Дмитриј | |
Поглед на новата црква | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Маренска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°27′17″N 22°1′28″E / 41.45472°N 22.02444°E |
| Место | Глишиќ |
| Општина | Кавадарци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитриј Солунски |
| Изградба | 1869 |
| Архитектонски опис | |
Свети Димитриј — главна селска црква во кавадаречкото село Глишиќ.[1][2]
Таа се наоѓа во самото село, сместена под Горното Маало. Околу нејзе се сместени и селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Старата црква била подигната во 1869 година.[2]
Старата селска црква била срушена и за жал не е сочувано ништо од неа. Поранешната црква била напуштена и скоро пред распаѓање. Поради тоа дошло до нејзино обновување во периодот 1982-2014 година, но за жал не е ништо сочувано од старата црква.[2][3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]По својата архитектурна форма, старата црква била еднокорабна, изградена и живописана во XIX.[2][3]
Црквата имала отворен трем од западната страна и дрвена таваница која била на распаѓање.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Пред обновата на црквата, на северниот ѕид во наосот на црквата било насликано Второто пришествие Христово (Страшниот суд). На јужниот ѕид фреските биле пред распаѓање, а биле сочувани само ликовите на Св. Зосим, Марија Египќанка и Св. Игнатиј.[3]
На иконостасот имало царски двери изработени во копаница со иконопис со следната содржина:[3]
Во останатите делови во наосот и олтарниот простор фреските биле уништени. Денес, од гореспоменатите фрески нема ништо сочувано.[3]
| „ | „Сија двери ја приложил Стојан Николов и син му Ило и внук му Лазо зограф Иоана Џиков от Осои и Спасе Ангелков от Гари 1869“ | “ |
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта на Глишиќ
- Влезот на црквата
- Новата камбанарија на црквата
- Натпис на црквата над апсидата
- Апсидата на црквата
- Портата на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 25 февруари 2018.
- 1 2 3 4 5 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Архивирано од изворникот на 2014-02-25. Посетено на 25 февруари 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Глишиќ на Ризницата ?


