Долна Бошава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Бошава

Стара куќа во селото Долна Бошава

Долна Бошава во рамките на Македонија
Долна Бошава
Местоположба на Долна Бошава во Македонија
Долна Бошава на карта

Карта

Координати 41°17′26″N 22°7′18″E / 41.29056° СГШ; 22.12167° ИГД / 41.29056; 22.12167Координати: 41°17′26″N 22°7′18″E / 41.29056° СГШ; 22.12167° ИГД / 41.29056; 22.12167
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Бошава
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО
Надм. вис. 510 м
Слава Илинден
Долна Бошава на општинската карта

Атарот на Долна Бошава во рамките на општината
Долна Бошава на Ризницата

Долна Бошава — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Реката Бошава низ селото

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава, чиј атар со долг и тесен облик, се издига до сртот на Кожуф, каде што се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 510 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 21 километар.[2]

Селото има заеднички атар со соседното село Горна Бошава, којшто зафаќа простор од 43,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.916,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 827,8 хектари, а на обработливото земјиште 550,5 хектари.[2]

Селото се наоѓа на ниска тераса на левата и присојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Селото се наоѓа во долината на реката Бошава. До селото се доаѓа преку асфалтен пат од Кавадарци преку Витачево и селата Страгово и Крњево. Од Долна Бошава продолжува земјен пат до Конопиште по долината на Бошава.

Историја[уреди | уреди извор]

Долна Бошава е старо село, кое пред основањето на соседното Горна Бошава, се нарекувало само Бошава. На почетокот на XIX век, селото поради зулум на Рибаровци се раселило, старите родови побегнале во Меглен. Подоцна, некои од нив се вратиле.[3]

Во XIX век, Долна Бошава било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Селото подеднакво се занимаваат со земјоделство и сточарство. До ослободувањето од турско ропство, Долното Маало било во посед на Шаќири-бег Рибаровски од Долни Дисан, додека Горното Маало било во посед на Усни-бег Рибаровски од Кавадарци.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Селската чешма во селото
Споменик на загинатиот бранител Блашко Толев
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948221—    
1953249+12.7%
1961217−12.9%
1971177−18.4%
198199−44.1%
ГодинаНас.±%
199152−47.5%
199446−11.5%
200225−45.7%
20212−92.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Горна и Долна Бошава имало 625 жители, сите Македонци христијани.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]

Селото е мало и во 1961 година броело 217 жители, а во 1994 година 46 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Долна Бошава имало 25 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 625 221 249 217 177 99 52 46 25 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Долна Бошава се споменуваат:[3]

  • Старинци: Савевци-Караџовци (1 к.) некогаш во дамнешни времиња избегале во Меглен, па потоа се вратиле назад. А таму останале некои нивни роднини.
  • Доселеници: Мановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Бешиште во Мариово; Поспаловци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Бегниште; Бадевци (2 к.) доселени се околу 1840 година од селото Страгово; Димовци (2 к.) доселени се околу 1840, но не знаат од каде; Кошанци (1 к.) доселени се околу 1840 година од селото Кошани; Аврамовци (2 к.) доселени се околу 1860 година од селото Конопиште; Ѓоговци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Горни Дисан; Мировци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Моклиште; Гркљановци (1 к.) доселени се околу 1880 година од селото Страгово; Ѓорѓовци (1 к.) доселени се околу 1890 година од околината на Костур; Најдовци (1 к.) доселени се околу 1890 година од селото Конопиште; Крстевци (1 к.) доселени се околу 1890 година од селото Конопиште; Николовци (3 к.) доселени се околу 1890 година од селото Стрмашево; Ѓурчијовци (1 к.) доселени се околу 1902 година од селото Стрмашево; Ѓорѓевци (1 к.) доселени се околу 1905 година од селото Бунарче; Данчевци (1 к.), Димковци (1 к.), Афковци (1 к.), Ичковци (1 к.) и Танчевци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Бешировци (1 к.) доселени се во 1917 година од селото Страгово, а таму во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Аџијовци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Страгово. А таму во 1916 година од селото Зборско во Меглен.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Долна Бошава се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0706 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на основното училиште.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на Бошавичкиот манастир
Цркви[14][15]
Споменици
Манастири
Реки[16]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Стари иселеници има во областа Меглен (Ќосовци, Дафиновци, Савевци и др.) во Егејска Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 102. Посетено на 14 јануари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 307-310. |access-date= бара |url= (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2018.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 14 јануари 2018.
  12. „Локални избори 2017“. Посетено на 14 јануари 2018.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 9 декември 2017.
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]