Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долна Бошава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Ваташка
Местоположба

Карта

Координати 41°18′16.98″N 22°6′27.03″E / 41.3047167° СГШ; 22.1075083° ИГД / 41.3047167; 22.1075083Координати: 41°18′16.98″N 22°6′27.03″E / 41.3047167° СГШ; 22.1075083° ИГД / 41.3047167; 22.1075083
Место Долна Бошава
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба 1839
Живопис 1880
Зограф Коста, Никола и Вангел
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Архангел Михаил — главна и единствена манастирска црква на Бошавскиот манастир во кавадаречкото село Долна Бошава.[1][2]

Се наоѓа на еден километар северно од селото веднаш над патот што води кон селото Крњево. Црквата е подигната во 1839 година заедно со манастирските конаци. Овој податок се наоѓа над северниот влез во црквата од надворешната страна врежан врз камена плоча.

Градба[уреди | уреди извор]

Архитектонски опис[уреди | уреди извор]

Црквата е трокорабна со два реда колони што формираат три кораби. Во горните делови на јужниот и северниот ѕид се наоѓаат прозорците што ја осветлуваат внатрешноста на црквата. Сводовите се покриени со дрвени таваници, од кои страничните се пониски од средниот кораб. Постојат два влеза на црквата, еден од северната, а друг од западната страна. Манастирската црква има отворен трем откај западната и мал дел од северната страна.

Живопис[уреди | уреди извор]

На северниот ѕид, во првата зона од запад кон исток се зографисани: пророкот Исаија, Св. Петка, Св. Харалампиј, Св. цар Константин и царица Елена. Во втората зона е композицијата од Стариот завет - „Жртва Аврамова", потоа следуваат фигурите на Св. Прокопиј и Св. Пантелејмон.

На јужниот ѕид, во првата зона од исток кон запад во цел раст се претставени: Св. Антониј, Св. Ефтимиј, Св. Сава, Св. Зосим и Марија Египќанка, Св. Кузман и Дамјан. Следува една сцена за праведниот човек и за грешниот човек и на крајот е ликот на Св. Онуфриј. Во втората зона се насликани: Св. Меркуриј, Св. Мина, Св. пророк Илија, Собор на ангелите и Св. Трифун.

На западниот ѕид е насликано Второто Христово пришествие, односно „Страшниот суд". На оваа композиција има поширок текст испишан на црковнословенски јазик а во превод гласи: Пророк Мојсеј му велет на Евреите: вие архијереи и Евреи ви реков да го верувате Христа, вие го мачевте и го распнавте на крст, сега џуап да мудајте. Овие се што се потурчуват. Овие се што прават пушлук сос родината. Овие се што наслушуват у комшиите. Овие се што даваат ексик. Овие се што спијат спрот светаја недела, што не одат на црква. Овие се ороспиите што фрлаат копиле. Овие се коџабашиите што јадат от сиромасите...

Крушевските зографи Коста, Никола и Вангел кои се автори на фрескоживописот во манастирската црква на Бошавскиот манастир тие ги зографисале и црквите: во село Бохула - „Св. Атанасиј“ во 1879 година, во село Конопиште - „Св. Стефан“ во 1880 година, во Ресава - „Св. Архангел Михаил“ во 1881 година и во село Бегнише - „Св. Богородица“ во 1880 година, сите во Кавадаречко.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 13 јануари 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]