Прејди на содржината

Драгожел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгожел
Драгожел во рамките на Македонија
Драгожел
Местоположба на Драгожел во Македонија
Драгожел на карта

Карта

Координати 41°19′23″N 22°01′02″E / 41.32306°N 22.01722°E / 41.32306; 22.01722
Регион Вардарски
ОпштинаКавадарци
Население во атар10 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО11015
Надм. вис.737 м
Драгожел на општинската карта

Атарот на Драгожел во рамките на општината
Драгожел на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Драгожел — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Драгожел се наоѓа на 737м надморска висичина. Во селото има многу извори од кои е настаната самата(Драгожелска река) која што минува низ селото. Селото Драгожел граничи со висорамнината Витачево од источната страна, а од западната страна со Тиквешко Езеро. Драгожел е ридско-планинско село којшто е заобиколен со нискостеблеста шума, до селото се стигнува преку 3 патишта од селото Гарниково и селото Бегниште а другиот пат е преку ладно долче со кој може и да се оде со возило

Историја

[уреди | уреди извор]

Драгожел под денешното име се спомнува уште во 1340 година , во 1378 кога Царот Душан го поклонил на манастирот Хиландер. Во почетокот на 1920 година селото броело 34 куќи. Населението било христијанско. Селото е од збиен тип. Куќите биле изградени од камен на приземјето и спрат со чардак. Главно занимање на населението било сточарството, а во помал обем и земјоделство. Денес во селото се останати 10 куќи, со 2 домаќинства и 4 жители. Во околината на селото регистрирани се неколку Археолошки наоѓалишта: Ресава, Селиште, Св.Лазар. Во селото постои црква која во олтарниот дел е разурната. Постои иницијатива од мештаните да ја обноват. Селска слава е Св.Никола-зимски.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Покриеност на земјиште на Драгожел 2023

Населението на Драгожел, во најголем дел се занимавало со сточарство, земјоделство. Од сточарство најголем дел се одгледувале овци, кози и говеда.

Според сателитско мерење во 2023 година, атарот на Драгожел зафаќа вкупна површина од 1.580,4 хектари. Според користењето на земјиштето, најголем дел од територијата на атарот зафаќаат површините под листопадна широколисна шума со 1.209,4 хектари (76,5%). Во останатиот дел од атарот се застапени и тревни површини (пасишта) (185,5 хектари), иглолисна шума (174,2 хектари), повеќегодишни култури (6,1 хектар), празен терен (4,3 хектари), обработливо земјиште (0,9 хектари), изградено (населено) земјиште (0,1 хектар) и водени површини (0,02 хектари).[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожел живееле 180 жители, сите Македонци.[3]

Селото претежно било населено со православни христијани и едно семејство од муслиманска вероисповед. Селото најголемата сила ја достигнало во 1920 година кога имало 34 куќи со околу 300 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 — 153 149 136 87 28 9 6 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Драгожел било македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

  • Доселеници: Шоповци (16 к.) се делат на Јанковци, Цветковци, Николовци, Шалевци, Темковци и Ташовци . Доселени биле од шоплук . т.е од Штипско . Овде живеат од крајот на XVII век: Бошковци (7 к.) доселени биле од Велешко . Доселени кога и претходниот род: Весковци-Трповци (3 к.) доселени биле однекаде: Трипуновци (1 к.) доселени биле од Ресава : Јовчевци (1 к.) доселени биле од Гарниково : Тасевци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево : Парапановци (1 к.) доселени биле од селото Бојанчиште , а таму од селото Полчиште во Мариово : Бакарјовци (1 к.) доселени биле од селото Гарниково : Палијовци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево : Мановци (1 к.) доселени биле од селото Гарниково .[9]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Драгожел:

Природни и културни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[10]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од иселеништвото се достигнал во 1965 од кога што почнала имиграцијата од село-град со кое што дури 70 % од населението заминало во Кавадарци.

  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Резултатите се добиени во рамки на проектот „Mapping Land Cover and Land Use in the Cadastral Areas of North Macedonia Using Sentinel Satellite Data“
  3. ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  4. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  10. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 148. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]