Прејди на содржината

Дреново (Кавадаречко)

Координати: 41°25′09″N 21°53′24″E / 41.41917°N 21.89000°E / 41.41917; 21.89000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дреново

Воздушен поглед на селото Дреново

Дреново во рамките на Македонија
Дреново
Местоположба на Дреново во Македонија
Дреново на карта

Карта

Координати 41°25′09″N 21°53′24″E / 41.41917°N 21.89000°E / 41.41917; 21.89000
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Раец
Население 508 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1423
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11016
Надм. вис. 330 м
Слава Спасовден
Дреново на општинската карта

Атарот на Дреново во рамките на општината
Дреново на Ризницата

Дреново — село во областа Раец, во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Селото е познато својата средновековна црква „Св. Богородица“, која била изградена во XIV век, а живописана во 1356 година. За време на отоманскиот период била разурната и била обновена дури на почетокот на XIX век. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Сретселото

Дреново се наоѓа во северозападниот дел на Општина Кавадарци, на потегот помеѓу Црна и Раечка Река, а недалеку од патот Градско-Прилеп. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Росоман.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 330 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 13 километри, додека од патот Градско-Прилеп нешто помалку од 2 километри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3.

Селото Дреново лежи на ниска тераса на Тиквешкото Езеро, под северната падината на Вров, високо над вливот на реката Раец во Црна. Во минатото, во селото имало три чешми од изворите на Вров.[3] Денес, водоснабдувањето во селото е решено со изградбата на новиот бунар и потисниот цевовед со капацитет од 5 л/сек. Исто така, во селото постои канализација.

Селото има збиен тип, поделено седум делови помеѓу кои се наоѓа Сретсело. Маалата се нарекуваат Прво, Синановско, Црквенско, Мутовско, Џиновски, Капиџи и Пољак.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Железничката станица во Дреново за време на Првата светска војна

Како и самата црква, селото потекнува од средниот век со зачувани староседелски родови. На почетокот на XVIII век, во селото се случило потурчување.[3]

Во минатото, во селото имало џамија, општинска зграда и дуќани.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 19,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 713 хектари, на шумите отпаѓаат 702,9 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 444,2 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото, во него работела земјоделска задруга, а денес има продавници и угостителски објекти.[2]

Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Поради Црна Река и Раец околните ниви се доста плодни. Кон Вров на северната страна од селото се наоѓаат пасишта и шуми.

За време на отоманскиот период, муслиманското население се занимавало со земјоделство, додека христијанското население се занимавало со земјоделство и со сточарство, обработувајќи свои ниви. За време на овој период, а по уништувањето на Желиште и Вариш-Дервен во селото се одржувал пазар во недела. Во селото, исто така, постоел ан и железничка станица.

Денес, селото го има зафатено миграција и голем број на семејства се доселени во Кавадарци. Сепак за време на летните месеци и викендите се враќаат во селото и го обработуваат своето земјиште. Жителите на Дреново располагаат со поголем број на крупна и ситна стока и претежно се занимаваат со земјодеслтво и сточарство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948924—    
19531.059+14.6%
19611.136+7.3%
19711.066−6.2%
1981888−16.7%
ГодинаНас.±%
1991728−18.0%
1994699−4.0%
2002648−7.3%
2021508−21.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дреново живееле 1.040 жители, сите Македонци, од кои 800 муслимани и 240 христијани.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дреново имало 144 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 50 Турци.[6]

Дреново било големо село, но по пат на емиграција на населението, преминало во средно село по големина. Така, во 1961 година броело 1.136 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 699 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дреново живеат 648 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 508 жители, од кои 438 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин и 68 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.040 144 924 1.059 1.136 1.066 888 728 699 648 508
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Дреново е македонско село. Во минатото позастапени биле Македонците-муслимани.[3]

Според истражувањата од периодот на 1920-1924, родови во селото биле.

  • Македонски православни родови:
    • Староседелци: Ангелковци (8 к.), Горовци (1 к.), Бендеровци (2 к.), Каревци (1 к.), Божиновци (4 к.), Митиќовци (1 к.) и Левковци (1 к.).
    • Доселеници: Пецовци (2 к.) доселени се средината на XIX век од селото Грбовец; Ицовци (2 к.), доселени во средината на XIX век од прилепското село Радобил; Лаловци (1 к.), доселени во 1890 година од прилепското село Царевиќ; Цветковци (2 к.), доселени во 1911 година од селото Грбовец; Ѓоргевци (1 к.), доселени во 1913 година од прилепското село Никодин; Бечовци (2 к.), доселени во 1913 година од селото Грбовец; Мојановци-Божјаци (1 к.), доселени во 1915 година од селото Галиште.
  • Македонски муслимански родови:
    • Староседелци: Бектешовци (7 к.), Зулфери (2 к.), Османковци (6 к.), Аметовци (3 к.), Мујковци (2 к.), Мемедовци (3 к.), Ејуповци (1 к.), Идризовци (4 к.), Синановци (р.11 к.), Алиловци (3 к.), Бушовци (2 к.), Муратовци (1 к.), Селимовци (1 к.), Пиперковци (11 к.), Мастаковци (4 к.), Имер-Спаијовци (6 к.), Омеровци (2 к.), Хусовци (2 к.), Зеќировци (1 к.), Таквинчевци (1 к.), Митовци (5 к.), Кадичевци (1 к.), Асан-Спаијовци (2 к.), Пелиовци (1 к.), Иметовци (2 к.), Езаџијовци (1 к.), Јусуфовци (3 к.), Паковци (1 к.), Зурановци (1 к.), Хаџијовци (2 к.), Шеовци (2 к.), Јанузовци (1 к.), Камберовци (р.1 к.), Велијовци (1 к.), Глушчевци (1 к.), Сулејмановци (1 к.), Ибрајимовци (2 к.), Пашовци (4 к.), Чортевци (1 к.), Бекировци (4 к.), Беловци (1 к.), Мецковци (1 к.), Али-Еминовци (4 к.), Борупчетовци (1 к.), Еминовци (р.1 к.), Мемишовци (4 к.), Демировци (1 к.), Мулезимовци (1 к.), Јановци (1 к.), Елмаз-Муратовци (1 к.) и Саздовци (1 к.), последниот род бил последно исмамизиран.
    • Доселеници: Пољаковци (7 к.), доселени се на почетокот на XVIII век од Дебарско. По доселувањето на основачот на овој род, започнала исламизацијата во селото Дреново; Муаџировци (1 к.), доселени се како мухаџири во 1878 година од околината на Врање во Србија; Адемовци (8 к.), доселени во 1884 година од селото Сирково; Сулејмановци (4 к.), доселени се во 1888 година од велешкото село Долно Чичево; Арифовци (1 к.), доселени се во 1898 година од селото Сирково; Мустафовци (1 к.), доселени во 1916 година од Кавадарци.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, селото бележи константно намалување на бројот на населението.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Дреново било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дреново, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Грбовец, Дебриште, Дреново и Драдња.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0695 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на младинскиот дом.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 468 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 485 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Богородица“ (порано позната како „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Споменици

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Дреново

  • Душан Конев Лазов (р. 1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Димо Петров Мицев (р. 1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
  • Ѓорѓи Петров Митрев (р. 1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 48. дивизија[18]
  • Ристо Андов Недев (р. 1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Ѓело Дончев Николов (р. 1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Стојан Ѓорѓи Настов (р. 1900) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во месна чета[18]
  • Трајко Милан Николовски (р. 1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во велешкиот одред[18]
  • Васил Ифтимов Настов (р. 1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во 15. корпус[18]
  • Мустафа Алиов Омеров (р. 1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Деветтата македонска бригада[18]
  • Крсте Несторов Орданов (р. 1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Единаесеттата македонска бригада[18]
  • Верко Јованов Попов (р. 1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
  • Сотир Николов Петров (р. 1910) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
  • Ристо Томе Петков (р. 1904) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Васил Гичов Панов (р. 1906) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Ристе Мицев Петков (р. 1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
  • Димо Ѓорѓиев Ристовски (р. 1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Ѓело Трајков Рајчинов (р. 1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Деветтата и Седумнаесеттата бригада[18]
  • Ордан Стојчев Ристов (р. 1917) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата бригада[18]
  • Доно Темов Ристов (р. 1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
  • Илија Павлов Стојанов ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата и Единаесеттата македонска бригада[18]
  • Тоде Павлов Стојков (р. 1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата бригада[18]
  • Трајко Митрев Трајков (р. 1914) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Тодор Атанасов Трајков (р. 1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Деветтата македонска бригада[18]
  • Ристо Јованов Трајчев (р. 1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Деветтата македонска бригада[18]
  • Цандо Ристов Кимов (р. 1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Неделко Неделков Филипов (р. 1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Стефан Соколов Филипов (р. 1916) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
  • Блажо Димков Филипов (р. 1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
  • Јован Димитров (1921-1945) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ
  • Ило Ганчев Стојанов (1924-1944) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ
  • Јана Кузманова (1915-1944) — жртва на бомбардирањето од страна на Германија врз Дреново, за време на Втората светска војна
  • Ристо Попов (1924-1944) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ
  • Ристо Соколов Сокол (1957-2015) — македонски уметник

Доселени во Дреново

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 114. Посетено на 19 јануари 2025.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 442-445.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 153.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 23 јануари 2025.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 150. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 18,11 18,12 18,13 18,14 18,15 18,16 18,17 18,18 18,19 18,20 18,21 18,22 18,23 18,24 18,25 18,26 18,27 18,28 18,29 18,30 18,31 18,32 18,33 18,34 18,35 18,36 18,37 18,38 18,39 18,40 18,41 18,42 18,43 18,44 18,45 18,46 18,47 18,48 18,49 18,50 18,51 18,52 18,53 18,54 18,55 18,56 18,57 18,58 18,59 Камчевски, Петре (2008). Селото Дреново низ вековите. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 273–274. ISBN 987-9989-2432-9-5 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid prefix (help).

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]