Сирково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сирково
Сирково МК 01.jpg

Поглед на Сирково од црквата „Св. Ѓорѓи“

Сирково is located in Македонија
Сирково
Местоположба на Сирково во Македонија
Координати 41°30′23″N 21°53′18″E / 41.50639° СГШ; 21.88833° ИГД / 41.50639; 21.88833Координати: 41°30′23″N 21°53′18″E / 41.50639° СГШ; 21.88833° ИГД / 41.50639; 21.88833
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Росоман
Област Тиквеш
Население 603 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1421
Шифра на КО 11040
Надм. вис. 234 м
Сирково на општинската карта
Сирково во Општина Росоман.svg

Атарот на Сирково во рамките на општината
Commons-logo.svg Сирково на Ризницата

Сирково — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сирково е сместено на крајното јужно подножје на планината Клепа, во Тиквешката Котлина. Поточно, населбата се наоѓа во Росоманското Поле, на западниот дел на Општината Росоман, чиј атар се допира со просторот на Општината Градско[1]. Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 300 метри[1]. Атарот зафаќа пространство од 23 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 1249 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 837 хектари[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Нива со расцветан афион кај Сирково

Селото Сирково има полјоделско-сточарска функција[1], односно најголемиот дел од населението се занимава со земјоделство и сточарство. Од земјоделството најразвиено е лозаро-овоштарството, односно одгледувањето на винова лоза и особено многу овоштарството со одгледување на пространи и голем дел на новоподгинати овоштарници на праски, круши, цреши, кајсии, сливи и лешници од различни видови. Во Сирково во минатото на големи површини, а денес повторно се возобновува одгледувањето на афион со многу висок квалитет. Од поледелските култури се застапени житарките: пченица и јачмен, градинарските култури: кромид, лук, пипер (различни видови), домати, модар патлиџан, морков, спанаќ, грашок од кои се одгледува и расад за продажба. Од сточарството на горниот крај на селото на подножјето на Клепа постојат штали и бачила во кои се одгледуваат овци, кози и крупен добиток како крави и волови. Дел од населението се занимава и со други дејности во индустријата и фабриките во Кавадарци, Неготино, претпријатија во Росоман, автопревоз и други услужни дејности.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сирково живееле 1.471 жител, од кои 1.400 Македонци муслимани, 60 Македонци православни и 11 Роми.[2]

Според потписот од 2002 година селото има 603 жители од кои:[3]

Националност Вкупно
Македонци 474
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 127
Бошњаци 0
Други 2

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 719
1953 493 242 ... 1 736
1961 556 4 ... ... 300 ... 33 893
1971 611 ... 266 ... 17 894
1981 556 212 ... 7 775
1991 520 151 ... 30 701
1994 498 154 ... 5 657
2002 474 127 2 603

Родови[уреди | уреди извор]

Сирково било македонско муслиманско село, сега е доминанто православно село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Староседелци: Хасанчевци со Мемиш-агини Имет-агини, Емин-агини (18 к.), Ѕенѕеровци (10 к.), Ѓурдовци (11 к.), Муратовци (2 к.), Лукаровци (3 к.), Пастаровци (5 к.), Барјактаровци (5 к.), Сулевци (4 к.), Шаловци (6 к.), Халовци (3 к.), Реџовци (1 к.), Касамовци (4 к.), Алишковци (8 к.), Кавазовци (5 к.), Митровци (7 к.), Татаровци (7 к.), Ленковци (8 к.), Бечовци (6 к.), Џамбазовци (6 к.), Чебовци (6 к.), Пуневци (6 к.), Шабановци (2 к.), Али Беговци со Зулферовци, Оџевци и Брковци (24 к.), Караговци (4 к.), Идризовци (8 к.), Телевци (8 к.), Остраковци (4 к.), Бишовци (4 к.), Абдовци (7 к.), Мула Салијовци (6 к.), Каралијовци (8 к.), Ахметовци (5 к.), Пирковци (4 к.), Емчевци (3 к.), Адиловци (3 к.), Вотковци (2 к.), Букевци (2 к.) и Шулишовци (3 к.)
  • Доселеници: Рамовци (1 к.) доселени кон крајот на 18 век од Јуручкиот предел; Бизевци (7 к.) доселени на почетокот од 19 век од селото Бизевиќ, и овде се исламизирале.[5]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 717 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушевица.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Во атарот на Сирково се познати следниве археолошки наоѓалишта:[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Муслиманите од селото се имаат иселено во Турција.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 271-272. Посетено на 16 декември 2018.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 160. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]