Манастирец
Манастирец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Тиквеш, оддалечено 10 километри северно од Кавадарци, 19 километри западно од Неготино и 4,5 километри јужно од општинскиот центар Росоман.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Манастирец е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Хусков Рид над селото.[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Манастирец живееле 188 жители, сите Македонци, од кои 116 христијани и 72 муслимани.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година селото имало 321 жител, од кои 315 Македонци и 6 Срби.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 188[2] | 72[3] | 273 | 261 | 256 | 203 | 173 | 116 | 117 | 321 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото биле:[6]
- Македонски муслимански: Веселовци-Оџевци (4 к.) староседелци од старото село; Сулејмановци (3 к.) доселени се од Кавадарци на почетокот од XIX век; Јусуфовци (4 к.) и Салијовци (1 к.) доселени се во различен период од Сирково.
- Македонски православни: Соколовци (2 к.) доселени се од селото Паликура во 1850 година; Соколовци (1 к.) доселени се од селото Бунарче, а таму од Мариово; Нацовци (1 к.) доселени се од селото Рибарци; Иговци (1 к.) доселени се од селото Ракле; Малиновци (1 к.) доселени се од селото Трстеник; Науновци-Табаковци (1 к.) доселени се од селото Рибарци, а таму од Сопот; Мицовци (1 к.) доселени се од селото Ваташа.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Никола“, започната во 2007 г.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 715 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 258 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[1]
- Вршник — населба од доцноантичкото време
- Лаката — населба од римското време
- Манастирец — некропола од римското време
- Хусков Рид — населба од бронзеното време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Фудбалскиот клуб Љубаш се натпреварува во општинската лига на Кавадарци.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 154. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.153
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|