Трстеник (Тиквешко)
Трстеник | |
![]() Воздушен поглед на селото Трстеник | |
Координати 41°28′29″N 21°55′08″E / 41.47472°N 21.91889°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Тиквеш |
Население | 209 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1422 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11042 |
Надм. вис. | 140 м |
![]() |
Трстеник — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Селото првпат се споменува во XVI век (1568 г.) под истото име во турски документи. Се претпоставува дека доаѓа од трст, трска со значење „река обрасната со трски или вода што тече меѓу трски“.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, непосредно до реката Црна.[3] Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 140 метри.[3] Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 17 километри северозападно од градот Кавадарци и 7 километри јужно од општинскиот центар Росоман.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3.
Селото се наоѓа на ниска тераса на десниот брег од Црна Река, при излезот на малата клисура. Во минатото, водата за пиење доаѓала од реката.[4]
Селото има збиен тип.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Трстеник е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Макарија на 1 километар југозападно од селото. Денешното село датира од средниот век судејќи по остатоците од тоа време најдени на сретселото.[5]
Во селото постоела Илимска (Елинска) црква, којашто била подигната во XIV век. По градба била мала и постоела и во XVIII век.[3] Таа се наоѓала во малата клисура кај Трстеничките Стени.[4] Денес, на тоа место се наоѓа манастирската црква „Св. Петка“.
За време на отоманскиот период, селото претставувало чифлиг со 30 христијански куќи, кое било уништено во Балканските војни. Во 1922 година било обновено од страна на српските колонисти.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]
Атарот на селото зафаќа простор од 6,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 409 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 175 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трстеник живееле 140 жители, сите Македонци, од кои 116 христијани и 72 муслимани.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Во 1961 година, селото имало 326 жители, од кои 307 биле Македонци и 14 жители Срби. Во 1994 година бројот се намалил на 248 жители, од кои 238 биле Македонци и девет жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеел 246 жители, од кои 239 Македонци и 7 Македонски Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 199 Македонци, 3 Срби и 7 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | — | 181 | 328 | 326 | 328 | 306 | 258 | 248 | 246 | 209 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Трстеник е македонско село, во кое во минатото биле населени српски колонисти.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[4]
- Колонисти: Роквиќи (1 к.), Кукобати (1 к.), Срдиќи (1 к.), Калабе (1 к.), Ѓермани (1 к.), Штрбци (1 к.), Влаиќи (1 к.), Мишковиќи (1 к.), Ромиќи (1 к.), Игнатовиќи (1 к.), Јовановиќи (1 к.), Ѓириќи (1 к.), Здравковиќи (1 к.), Ѓурѓевиќи (1 к.), Белиќи (1 к.) и Ранисављевиќи (1 к.).
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- Подрачното основно училиште „Пере Тошев“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Пере Тошев“ - Росоман
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Трстеник било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Росоман, во која покрај селото Трстеник се наоѓале селата Камен Дол, Крушевица, Манастирец, Паликура, Рибарци, Росоман и Сирково. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Манастирец, Рибарци и Трстеник.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0716 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 171 гласач.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[5]
- Цркви
- Црква „Св. Петар и Павле“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква.
- Манастири
- Трстенички манастир — мал манастир кај Трстеничките Стени.
- Споменици
- Споменик на НОБ
-
Главната селска црква „Св. Петар и Павле“
-
Трстенички Стени
-
Манастирската црква „Св. Петка“
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Спомен-плоча на споменикот
-
Мал водопад
-
Споменик на НОБ
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 182. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 303. Посетено на 16 февруари 2025.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 417-418.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 161. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 февруари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 16 февруари 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|