Паликура
Паликура — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во северниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 12 километри северозападно од Неготино, 13 километри северно од Кавадарци и 5 километри североисточно од општинскиот центар Росоман.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
За потеклото на името на ова село, кое се наоѓа на височинка, има две приказни.
Според жителите на Паликура, името е од пред неколку века, уште од турско време. Кога доаѓал аскерот да ги гаѓа комитите на височинката со топови, се слушале команди: "Пали!" Бидејќи Турците промашувале, овие одозгора им покажувале среден прст или цела рака и ги провоцирале на цел глас.
Д-р Јачева - Улчар, пак, објаснува дека името Паликура има грчко потекло. "Палаиос" е грчка придавка, со значење стар, вели таа. И именката "хорион" е грчка, а значи село, па, според тоа, Паликура е Старо Село.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Паликура живееле 130 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Паликура имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година селото имало 183 жители, од кои 176 Македонци и 8 Срби.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130[1] | 128[2] | 464 | 381 | 387 | 325 | 309 | 216 | 209 | 183 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според податоците помеѓу 1914-1924 година, родови во селото
Македонски
- Доселеници: Атанасковци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Сопот; Петрушевци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Горно Чичево; Јановци (1 к.) доселени се во 1899 година од селото Крајници кај Велес; Лазорковци (2 к.) доселени се во 1904 година од селото Долно Чичево; Шоповци-Драгожели (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Драгожел. А таму се доселени од околината на Штип; Јовановци (2 к.) доселени се во 1906 година од селото Росоман; Аврамовци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Горна Бошава; Димовци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Глишиќ; Лазорковци (1 к.) доселени се во 1907 година од селото Горна Бошава; Ѓоргијовци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Долно Чичево; Петровци (1 к.) доселени се во 1910 година од Горно Чичево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Крстец кај Прилеп.
Српски
- Доселеници: Перовиќи (2 к.) доселени се од Селишта, срез Косанички, округ Топлички; Иванчевиќи (1 к.) доселени се од Добри Дол, срез Косанички, округ Топлички; Филиповиќи (1 к.) доселени се од Матевац, срез Нишки, округ Нишки; Ристиќи (1 к.) и Анѓелковиќи (1 к.) доселени се од Бабушница, срез Лужнички, округ Пиротски; Ѓоргевиќи (2 к.), Пејчиќи (1 к.) и Ќириќи (1 к.) доселени се од Крупца, срез Нишавски, округ Пиротски; Јовановиќи (1 к.) и Панчиќи (1 к.) доселени се од Велики Јовановац, срез Нишавски, округ Пиротски; Јовановиќи (1 к.) доселени се од Трнава, срез Нишавски, округ Пиротски; Панајотовиќи (1 к.) доселени се од Басаре, срез Нишавски, округ Пиротски; Пасулски (1 к.) доселени се од Кралево, округ Пиротски; Павловиќи (1 к.) доселени се од Влахово, срез Сврљишки, округ Нишки; Нсапуски (1 к.), Следски (1 к.), Поп (1 к.), Даруд (1 к.) доселени се од Требља, во романскиот дел од Банат. Може се од романско потекло; Лаибиќи (1 к.) доселени се од Љугоша, во Банат; Скврге (1 к.) доселени се од Капеље, срез Коренички, округ Огулински; Миковиќи (1 к.) доселени се од Чело-Брда кај Бока Которска во Црна Гора; Кашанејери (1 к.) доселени се од Пржнова кај Бока Которска во Црна Гора; Зеновиќи (1 к.) доселени се од Крстач кај Бока Которска во Црна Гора; Андровиќи (1 к.) доселени се од Ќутовиќа кај Бока Которска во Црна Гора; Гвозденовиќи (1 к.) доселени се од Црмница кај Вирпазар во Црна Гора.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 713 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 134 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Гробот — гробница од римското време;
- Црквиште (Манастир) - Паликурска Базилика - ксенодохион, старохристијанска базилика и некропола од Среден век.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 155, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|