Горна Бошава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горна Бошава
Село Горна Бошава.jpg

Поглед на селото

Горна Бошава is located in Македонија
Горна Бошава
Местоположба на Горна Бошава во Македонија
Координати 41°16′58″N 22°06′26″E / 41.28278° СГШ; 22.10722° ИГД / 41.28278; 22.10722Координати: 41°16′58″N 22°06′26″E / 41.28278° СГШ; 22.10722° ИГД / 41.28278; 22.10722
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Бошава
Население 70[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Надм. вис. 590 м
Слава Илинден
Горна Бошава на општинската карта
Горна Бошава во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Горна Бошава во рамките на општината
Commons-logo.svg Горна Бошава на Ризницата


Горна Бошава — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото во Горна Бошава

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава, чиј атар со долг и тесен облик, се издига до сртот на Кожуф, каде што се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 21 километар.[2]

Селото има заеднички атар со соседното село Долна Бошава, кој што зафаќа простор од 43,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.916,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 827,8 хектари, а на обработливото земјиште 550,5 хектари.[2]

Селото се наоѓа на пространа тераса на десната и осојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има збиен тип. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е основано околу 1830 година од разни бегалци. Основачите („темејлије“) покрај сточарство барале и места за ниви, а на беговите плаќале „ќесим“.[3]

Во XIX век, Горна Бошава било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Селаните живееле од стока и од планината. Нивите се ретки и неплодни.[3]

Во селото има неколку стада на кози, како и едно стадо од стотина крави. Има една продавница која ги задоволува основните потреби за жителите на Горна Бошава.

Население[уреди | уреди извор]

Традиционална куќа во селото

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Горна и Долна Бошава имало 625 жители, сите Македонци христијани.[4]

Во 1961 година селото броело 331 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 56 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Горна Бошава имало 52 жители, од кои 51 Македонец и 1 Србин.[1]

Во селото постојано живеат околу триесетина жители, а за време на летниот период има повеќе поради неколкуте новоизградени викендички.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 625 413 400 331 253 121 73 56 52
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Горна Бошава се споменуваат:[3]

  • Старинци: Лукадоровци (Горно М.) 3 к.; Меловци (Горно М.) 3 к.; Гечковци (Горно М.) 1 к..
  • Постари доселеници: Вачовци (Горно М.) 3 к.; Стаменковци (Горно М.) 3 к.; Аврамовци (Долно М. 2, Горно М. 1) 3 к.; Градишки-Николовци (Долно М.) 2 к..
  • Понови доселеници: Весковци (Долно М.) 1 к.; Степановци (Горно М.) 2 к.; Атанасовци (Горно М.) 1 к.; Чашковци (Горно М.) 1 к.; Џигевци (Горно и Долно М.) 2 к.; Деловци (Долно М.) 1 к.; Арнаути-Илевци-Весковци (Долно М.) 1 к.; Мановци (Долно М.) 1 к.; Јанчевци (Долно М.) 2 к.; Шуневци-Лазарковци (Долно М.) 1 к.; Скандевци (Долно М.) 1 к.; Галевци (Долно М.) 1 к.; Ѓондевци (Долно М.) 1 к.; Дисанковци (Долно и Горно М.) 2 к.; Дуруновци (Горно М.) 1 к.; Пецанковци (Долно М.) 1 к.; Шамендовци (Долно М.) 1 к.; Весковци (Горно М.) 1 к.; Кадијовци (Горно М.) 1 к.; Галевци (Долно М.) 2 к.; Марковци (Горно М.) 1 к.; Богдановци (Горно М.) 2 к.; Илчевци (Горно М.) 1 к.; Сабатковци (Горно М.) 1 к.; Протоѓеровци (Долно М.) 1 к.; Анѓелковци (Долно М.) 1 к.; Павлевци (Долно М.) 1 к.; Чочковци (Долно М.) 2 к. и Деловци (Долно М.) 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште во селото
  • Поранешно основно училиште

Основното училиште „Илинден“ кое е изградено пред 50-тина години, имало капацитет од 300 ученици кои наставата ја слушале во ова училиште а доаѓале од околните села како: Долна Бошава, Конопиште, Рожден, Страгово и Крњево. Денес, училиштето е затворено.

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Горна Бошава се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0705 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 46 гласачи.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 38 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква во селото
Цркви[11][12]
Споменици
Манастири
Реки[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Горна Бошава

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 јануари 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 73. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 7 јануари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 302-305. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Описи на ИМ“. конс. 7 јануари 2018. 
  9. „Локални избори 2017“. конс. 7 јануари 2018. 
  10. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. „Цркви во Ваташката парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 9 декември 2017. 
  13. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]