Драчевица (Демиркаписко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драчевица
Драчевица is located in Македонија
Драчевица
Местоположба на Драчевица во Македонија
Координати 41°21′00″N 22°11′45″E / 41.35000° N; 22.19583° E / 41.35000; 22.19583Координати: 41°21′00″N 22°11′45″E / 41.35000° N; 22.19583° E / 41.35000; 22.19583
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 18010
Надм. вис. 890 м
Драчевица на општинската карта
Драчевица во Општина Демир Капија.svg

Атарот на Драчевица во рамките на општината

Драчевица — село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на 8 км јужно од градот Демир Капија.

Историја[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочат остатоците од населба со некропола во наоѓалиштето Падарница.

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Драчевица е заведена како наполно македонско село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Црквата „Св. Димитриј“ е изградена во 1858 г.[1] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Долна Драчевица имало 80, а в Горна Драчевица — 382 жители сите Македонци христијани.[2][3]

Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во едната Драчевица (Dirtchevitza) имало 80, а во другата 368 Македонци, сите под егзархијата.[2][4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2002 година во селото немало жители.

Родови[уреди | уреди извор]

Драчевица било христијанско македонско село.

Родови во селото биле:

  • Староседелци: Таовци-Чаушовци (8 к.), Златевци (2 к.), Јовановци (4 к.), Минчевци (1 к.), Аџијовци (6 к.), Баба Анќини (1 к.), Бошковци (5 к.) и Ѓуровци (1 к.)
  • Доселеници:
  • Поп-Дамовци Власи (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Ливада во Егејска Македонија, денес Грција. Потекнуваат од предок Влав. Поп Дамо-Влавот се доселил во селото околу 1840 година.
  • Трајковци (1 к.) доселени од некое село Прекопрнци.
  • Митревци (1 к.) доселени од селото Стрмашево.
  • Петковци-Шепендије (1 к.) и они се доселени од селото Стрмашево.
  • Стојановци (1 к.) исто така од Стрмашево.
  • Камчевци (1 к.) доселени од селото Долни Дисан.
  • Несторовци (1 к.) доселени од селото Бесвица.
  • Клисуровци-Зеленгоровци (1 к.) доселени од селото Клисура.
  • Геговци (1 к.) доселени од селото Стрмашево.
  • Татаровци (2 к.) доселени од селото Радња. Во Радња припаѓале на истоимениот род. Таму се доселени од селото Полчиште во Мариово.
  • Митревци (1 к.) доселени од Јанков Чифлик, а таму од селото Тимјаник.
  • Аврамовци (1 к.) доселени во 1916 година од селото Тушин во Меглен.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Падарница — населба и некропола од доцноантичко време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Повардарска епархија. 3 јуни 2008 http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=376&Itemid=55. Посетено на 20 февруари 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
  5. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]