Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Демиркаписка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°20′54″N 22°11′45″E / 41.34833°N 22.19583°E |
| Место | Драчевица |
| Општина | Демир Капија |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитриј |
| Изградба | 1858 |
| Живопис | XIX век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Димитриј — главна селска црква во демиркапиското село Драчевица.[1][2]
Црквата се наоѓа јужно од селото, под возвишението Зајчар, кое преовладува во околината.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа под возвишението Зајчар,[3] кое е сместено јужно од селото.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1858 година,[4] што е испишано на лакот од северниот влез во црквата.[2] Била подигнато на старо вакавиште, каде биле ископани неколку грчки надгробни плочи.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својот архитектонски облик црквата е трикорабна со главен влез на северната страна.[2]
Црквата е скоро напуштена поради отселување на луѓето во Демир Капија.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата била зографисана кон крајот на XIX век, а нејзиниот живопис е обновен во 1927 година според сочуваниот натпис над северниот влез во црквата, кој гласи „Сеи храм обновисја 1927 г. III 26 зoграфи Димитриа и Георгиа браќа Андонови и наследници Андон Илиа из Дебар“.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот го исполнуваат мноштво икони изработени во периодот од 1863 до 1866 година од зографот Григориј (Пецанович) од Струмица.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот (северен) влез
- Припратата
- Припратата
- Споредниот (западен) влез
- Ниша со фреска над главниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 6 7 „Повардарска епархија - Демиркаписка парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-09-95. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - 1 2 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 292.
- ↑ „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 26 август 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Драчевица на Ризницата ?


