Дублино

Координати: 41°25′32″N 22°11′57″E / 41.42556° СГШ; 22.19917° ИГД / 41.42556; 22.19917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дублино

Поглед на местото на некогашното село

Дублино во рамките на Македонија
Дублино
Местоположба на Дублино во Македонија
Дублино на карта

Карта

Координати 41°25′32″N 22°11′57″E / 41.42556° СГШ; 22.19917° ИГД / 41.42556; 22.19917
Регион  Вардарски
Општина  Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО
Надм. вис. 114 м
Дублино на општинската карта

Атарот на Дублино во рамките на општината
Дублино на Ризницата

Дублино — историско село во Општина Демир Капија, Македонија. Денес, во месноста има обработливи површини и се наоѓа во атарот на селото Бистренци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дублино се наоѓало под селото Бистренци, скоро допирајќи се со него, над устието на Дублинска Река во Вардар. Во атарот извираат изворите Стубулски и Белачки, а во самото село имало чешма и повеќе бунари.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Бела Земја, Јаловици, Голобове, Острика, Слатина, Копанец, Строшка, Млачиште и Долна Лака.[2]

Селото имало збиен тип, поделено на четири маала: Вардарско, Прекоречко, Средно и Календеровско.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Дублино имало христијанско население, кое до 1913 година живеело на чифлик под Прекоречко Маало, додека над Белачкиот извор се наоѓало црквиште и гробишта. Христијаните таму давале курбан за време на зимскиот Св. Атанас.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селаните главно се занимавале со земјоделство.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дублино имало 50 Македонци христијани и 250 Македонци муслимани.[3][4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Дубљани (Dubljani) како македонско муслиманско село.[3][5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Дублино било муслиманско македонско село.[2]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Аличковци (4 к.), Мола-Мамутовци (1 к.), Алдовци (1 к.), Хаџи-Тајнрагини (4 к.), Хаџи-Усковци (1 к.), Ајлевци (2 к.), Матуховци (2 к.), Абдишовци (2 к.), Халилковци (2 к.), Чаушовци (2 к.), Јашковци (1 к.), Гуријовци (1 к.), Календеровци (2 к.) и Краповци (1 к.).
  • Доселеници: Баловци (1 к.), доселени се од Бесвица околу 1870 година; Маренци (1 к.), доселени се од селото Марена околу 1870 година; Муаџировци (1 к.), побегнале од Бела Слатина, кај Ораовец, Бугарија во 1878 година; Хасанковци (1 к.), Абдил домазет во Хаџи-Усковци од Војшанци се доселил во 1890 година; Топчијовци (1 к.), Ибраим домазет во Хаџи-Усковци од Прждево се доселил во 1897 година; Кошаровци-Рифкини (3 к.), доселени се од селото Прждево во 1902 година; Мола-Аметовци (1 к.), доселени се од селото Бистренци во 1903 година; Мола-Насафци (1 к.), доселени се од селото Корешница во 1907 година; Фератовци (2 к.), доселени се од селото Бистренци во 1907 година; Масарлијовци (1 к.), Ибраим домазет во Баловци од Корешница се доселил во 1912 година; Суловци (1 к.), доселени се од селото Барово во 1912 година, по потекло од Долни Дисан; Салаовци (1 к.), побегнале од Бесвица во 1913 година, кога селото било запалено; Шилковци (1 к.), доселени се од селото Бистренци во 1914 година; Хасановци (1 к.), доселени се од селото Барово во 1914 година; Мендаковци (1 к.), доселени се од селото Прждево во 1915 година; Амеќовци (1 к.), доселени се од Долни Дисан во 1916 година; Чинаровци (1 к.), дошле од селото Тимјаник во 1916 година; Бековци (1 к.), Абдил домазет во Аличковци од Бесвица доселен во 1916 година; Тапанаровци (1 к.), дошле како аргати од Прждево во 1918 година; Ушиновци (1 к.), Мустафа домазет во Мола-Мамутовци од Бистренци доселен во 1918 година; Фејзовци (1 к.), доселени од селото Тимјаник во 1918 година; Ќошковци (1 к.), Али домазет во Ајгеровци од Долни Дисан доселен во 1919 година; Гаревци (1 к.), доселени од Бистренци во 1919 година и Алисовци (1 к.), доселени од Барово во 1921 година.
  • Турски Цигани:
    • Доселени: Демировци (1 к.), дошле како ковачи од Прждево во 1916 година.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Дублино било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 494–495.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]