Леонард Шулце Јена
Леонард Шулце Јена Leonhard Schultze-Jena | |
---|---|
Роден(а) | 28 мај 1872 Јена, Саксонија-Вајмар-Ајзенах, Германско Царство |
Починал(а) | 29 март 1955 Марбург, Хесен, Германија | (возр. 82)
Занимање | етнограф, зоолог, ботаничар |
Леонард Шулце Јена (германски: Leonhard Schultze-Jena; 28 мај 1872 - 29 март 1955) — германски етнограф, зоолог и ботаничар, познат по истражувањата на Македонија на почетокот на XX век.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1872 г. во Јена, Германија.
Во 1903 година, тој заминал за колонијата што е денес територијата на Намибија[1] и до 1905 година, тој патувал низ територијата на денешна Јужна Африка и во 1907 година, ја издал книгата „Од Намаленд и Калахари“ (Aus Namaland und Kalahari). Во 1911 година, тој станал професор во Кил, а од 1913 година, на универзитетот во Марбург. Во 1927 година, Шулце го објавил делото „Македонија — предел и култура на живеење“ (Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder), издадена на македонски во 2013 година.[2][3]
Шулце починал во Марбург во 1955 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Biographies of Namibian Personalities
- ↑ „Книга за Македонија од германскиот научник Леонард Шулце Јена“. Телеграф. 25 ноември 2013. Посетено на 2 декември 2015.[мртва врска]
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Животопис на Леонард Шулце Јена (англиски)
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |