Прждево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прждево
Прждево is located in Македонија
Прждево
Местоположба на Прждево во Македонија
Координати 41°25′12″N 22°09′57″E / 41.42000° СГШ; 22.16583° ИГД / 41.42000; 22.16583Координати: 41°25′12″N 22°09′57″E / 41.42000° СГШ; 22.16583° ИГД / 41.42000; 22.16583
Општина Општина Демир Капија
Население 235 жит.
(поп. 2002)
Прждево на општинската карта
Прждево во Општина Демир Капија.svg

Атарот на Прждево во рамките на општината

Прждево — село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Прждево е село во Општина Демир Капија,Република Македонија.Припаѓа на Повардарскиот регион и се наоѓа во географската област Тиквеш,на 10 километри западно од градот Демир Капија,левата страна од реката Вардар и магистралниот пат Е-75.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Прждево се наоѓа на место каде што се составуваат Вешката Река и Лопатички Дол (Наново) и е нешто понастрана (затскриено зад еден рид од главниот пат). Ј.Г.Хан спомнува дека во педесетите години на XIX век Прждево имало 400 куќи, од кои 160 биле христијански а веќе при крајот на XIX век селото има 500 Македонци (рисјани) и 1200 Турци (муслимани).Старото име на Прждево е Слатина.Старото село Слатина била населба која се наоѓала на десниот брег на реката Вардар во близина на сегашното Прждево. Местото каде е денес селото Прждево пред да се засели воопшто, било шума.Селаните кога почнале да се заселуваат почнале нагло да ја сечат, раскопуваат и особено да ја горат густата шума. Горењето или “пржалењето“ на шумата било толку интензивно, што и буквално местото останало изгорено (пржалено) па и селото кое го образуваат неколкуте фамилии се нарекло – Прждево. Прждево има неколку маала:“Горното Маало“,“Долното Маало“ и “Средното Маало“ а се спомнуваат и “Кршиплод Маало“ и“Масларково Маало“.Во селото има повеќе чешми: “Пинџурица“,“Уткарица“,“Бурга“и др. .Иако и надвор од селото постојат повеке чешми и извори на вода ,сепак во селото нема доволно вода во одредени периоди од годината.

Економија[уреди | уреди извор]

Ова село е едно од поголемите производители на црвен пипер во кое има фабрика за обработка,сушење и производство на пиперот.Сепак најголем проблем за селаните претставува немањето постојана работа.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година селото брои 235 жители. Мнозинството од населението во селото се Македонци (89%), малцинство се Турците (10%). Во почетокот на 20 век, Турците сочинувале околу 2/3 од руралното население. Најголема религија на локалното население е православното.

Родови[уреди | уреди извор]

Прждево било мешано муслиманско-христијанско македонско село.

Родови во селото:

Македонски Христијани

  • Староседелци: Масларковци (1 к.), Самарџијовци (1 к.), Боцевци (3 к.), Соколовци (4 к.), Марковци (1 к.), Катараловци (1 к.), Спидевци (1 к.), Коцовци (1 к.), Самарџијовци-Монтевци (2 к.), Кујунџијовци (1 к.), Пиперовци (1 к.), Поповци-Пинџеровци (12 к.), Тасевци (3 к.), Стефановци (1 к.) и Бошковци (1 к.)
  • Доселеници:
  • Шоповци (1 к.) доселени се од штипско, кон крајот на 18ти век.
  • Ваташани (1 к.) доселени се од селото Ваташа.
  • Баровци (1 к.) доселени се од селото Барово.
  • Деловци (1 к.) доселени се од селото Војшанци, а таму од селото Долни Дисан.
  • Ориларци-Бањански (1 к.) доселени се од селото Оризари, а таму од селото Бања.
  • Атанасовци (2 к.) доселени се од селото Тремник.
  • Стрмашовци (4 к.) доселени се од селото Драчевица. А таму од селото Стрмашево.
  • Деловци (1 к.) доселени се од селото Вешје, а таму од селото Ракета.
  • Дојковци (1 к.) доселени се од селото Долни Дисан.
  • Вешки (1 к.) доселени се од селото Вешје.

Македонски муслимани

  • Староседелци од старото село Слатина: Ќетиповци-Арслановци (17 к.), Татаровци (2 к.), Тронтевци (5 к.), Кадан-Аметовци (2 к.), Амет-Дрдовци (1 к.), Драма-Алијовци (1 к.), Башановци (2 к.), Салаховци (4 к.), Котлевци (3 к.), Мола Мемедовци (5 к.), Кара Алијовци (2 к.), Ускуновци (3 к.), Шунтевци (3 к.), Вејселовци (1 к.), Мамутаговци (4 к.), Бошњаковци (3 к.) биле дарежливи како Бошњаци, Беќировци (1 к.), Колазијовци (1 к.), Мамудовци (3 к.), Табаковци (1 к.), Амедовци (6 к.), Шетовци (2 к.), Гавренци (1 к.), Смрдлевци (3 к.), Дабевци (2 к.), Арифефендијини (2 к.), Шабановци (1 к.), Алибашовци (4 к.), Мукевци (1 к.), Мемковци (2 к.), Тајировци (1 к.), Џевелковци (3 к.), Муслијовци (4 к.), Бакевци (7 к.), Бокевци-Нолбантановци (4 к.), Ќеневци (2 к.), Бешиновци (1 к.), Љутовци (3 к.), Оџевци (4 к.), Хуткини (1 к.), Пеливановци (2 к.), Ќесеџијовци (1 к.), Бораличевци (5 к.), Мола Мамутовци (7 к.), Ќосевци (3 к.), Куртешовци (5 к.), Суџуковци (6 к.), Даутовци (1 к.), Хаџи Алиловци (1 к.), Ајтовци Мисирковци (7 к.), Уста Асановци (1 к.), Муртовци (7 к.), Ајединовци (4 к.) и Бакалиновци (1 к.)
  • Доселеници:
  • Мала Демировци (1 к.) доселени од селото Тремник.
  • Ибрајимовци (1 к.) доселени од селото Бистренци.
  • Еминовци (1 к.) доселени од Радбиште кај Дебар (?).
  • Абдиловци (1 к.) доселени од селото Бесвица.
  • Чифлички (1 к.) доселени од селото Тремник.
  • Хусејиновци (1 к.) доселени од селото Бистренци.
  • Мемедовци (1 к.) доселени од селото Бесвица.
  • Мемедовци (1 к.) исто така од Бесвица.
  • Чебовци (1 к.) доселени од Долни Дисан.
  • Усејиновци (1 к.) доселени од Барово.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

-Во црквениот двор се наоѓало и старото училиште во кое предавале некои од попознатите учители за кои се спомнува и знае. Така се споменуваат : Лазар Чулев (1905 год.), Петре од Ресава, Тодор од Ресава (на кого муслиманите фралале со пушка во училиштето за да го убијат) и Цандо од Кавадарци. Во училиштето се предавало и на “славјански“ а доаѓале и децата од околните села.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • селскиот панаѓур кој секоја година се одржува на 24 мај денот на просветителите Св.Кирил и Методиј
  • секоја година третиот ден од Велигден се испраќа на симболичен начин

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Населбата се оддржува со природниот генерациски прираст, а добар дел од потомството живее во блиското Неготино.

Од муслиманите во 1912 година, 5 семејства се иселиле во Турција.[1]

  1. 1,0 1,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.