Оризари (Кочанско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Оризари)
Прејди на: содржини, барај
Оризари
Orizarska reka vo Orizari.jpg

Оризари и Оризарска Река

Оризари се наоѓа во Македонија
Оризари
Местоположба на Оризари во Македонија
Координати 41°55′21″ СГШ 22°26′46″ ИГД / 
Општина Кочани
Население 3776 жит.
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Надм. вис. 361 м
Commons-logo.svg Оризари на Ризницата
Грб на поранешната Општина Оризари.

Оризари е населба во Општина Кочани.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Оризари е ридско-рамничарска населба што се наоѓа на источната страна од Кочани, сместена на двете страни од Оризарска Река, или како што мештаните ја нарекуваат - Масалница. Должината на населбата изнесува 2,6 км во правецот север-југ, под текот на реката. Просечната надморска височина на која се наоѓа населбата изнесува 361 метар.

Со оглед на интензивната изградба на станбени и други објекти, Оризари веќе е приградска населба на Кочани.

Панорама на Оризари

Историja[уреди | уреди извор]

Во четириесеттите години од XX век Оризари го сочинувале три посебни населби со две одделени маала, и тоа: селото Оризари со Коларско (Лештанско) маало, од левата страна на реката, потоа селото Устран Дол со маалото Дулевци, од десната страна на реката, и селото Витоша од левата страна на реката, над селото Оризари, а спротивно од Устран Дол.

Во секое од селата имало посебни гробишта, кои се уште се во функција. Постоеле и турски гробишта, на локација што се наоѓала на јужната страна на Витоша. Имено, до 1912 година Витоша било населено исклучиво со Турци, кои по Првата балканска војна целосно се иселиле.

Училиштето, во тоа време четиригодишно, било заедничко за сите три села, а објектот се наоѓал во Оризари, јужно од црквата, на местото на постојниот ваковски дом (куќа). Бидејќи тоа не ги задоволувало нараснатите потреби од зголемениот број ученици, во учебната 1939/40 во употреба било предадена нова училишна зграда.

Легенда за името[уреди | уреди извор]

Многу одамна, високо над селото, во реонот на Добра вода, во месностите Бела и Црна Црква, постоело населено место. Од него, во тогашното село се доселила една жена по име Јордана со своите два сина Вито и Тошо, според чиј акроним (Вито+Тошо=Витошо, Витоша) се смета дека селото подоцна и го добило името.[1]

Легенда за Оризари (2)

Оваа легенда се прераскажува низ генерациите овде. Имено некогаш во Оризари владеала “голема чума“ која го “косела“ населението. За да се спасат од чумата двајца браќа- близнаци од Оризари со помош на два вола, исто така близнаци, и со рало “самотворка“ го заорале Оризари. При орање велеле: “ори-заори“, и се така во една насока и во повторна насока. Според преданието така “болеста не можела да работи и да го уништува населението“ . Па според ова предание преку овие два збора “ори-заори“ Оризари го добило и своето име.

Легенда за Оризари (3)

Според некои кажувања легендата за името на Оризари датира од втората половина на 9 век во времето на Константин Брегалнички, кој како епископ владеал по течението на реката Брегалница во овие краеви. Овој епископ илам голем број на помошници-свештени лица а најпознат меѓу нив бил отец Арсо (Арсениј) . За својата преданост кон епископот,црквата и народот како заслужен свештеник Константин како награда на поп Арсо му одобрил средства да го посети гробот на Исус Христос во Ерусалим. Поп Арсо (отец Арсениј) со радост ја прифатил довербата и отпатувал за Ерусалим. По посетата на гробот на Исус Христос, имал време и услови да го разгледа и градот. На пазарот немало што нема.Во една вреќа видел семе-оризова арпа.Од продавачот побарал објаснување за тоа како се одгледува оваа култура,на каква почва расте и купил еден килограм од оризовата арпа. Но семиња преку граница тешко се пренесувале. Според едни кажувања поп Арсо купил бастун со внатрешна празнина и ја наполнил празнината со арпа, а според други пак купил гуска. Ја огладнел многу и на гуската и го дал семето да го исколва.Пред да дојде на граничната контрола ја заклал гуската и така ја пренел со оризовата арпа. На безбедно место од гушата го извадил семето, а гуската ја дал на анџијата, да му ја подготви за вечера. Когха го донел семето,уште истата пролет на подготвена почва го посеал на нива во близина на сегашно Оризари. Во октомври го собрал целото семе.Идната година од семето дал и на други и така секоја година по година семето успевало и се проширувале површините. Оризопроизводителството се стабилизирало и станало доходовна гранка во земјоделството во овој крај и меѓу жителите на оризари. Од тука семето се проширило и во другите населени места во Брегалничката Котлина, а поради оваа култура Оризари го добило и своето име.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година,[2] во селото Оризари живеат 3.776 жители, од кои:

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • Амбуланта
  • Библиотека „Искра“
  • Основно училиште „Крсте П. Мисирков“

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“.

Активен е и фудбалскиот клуб Младост кој една сезона има играно во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Оризари во четвртата деценија на XX век, Љупчо Тодоров Симеонов, монографија, 1999 год.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - книга XIII, Државен завод за статистика на Република Македонија