Горно Оризари (населба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Горно Оризари)
Прејди на: содржини, барај
Горно Оризари
Горно Оризари се наоѓа во Republic of Macedonia
Горно Оризари
Местоположба на Горно Оризари во Македонија
Координати 41°03′03″ СГШ 21°20′48″ ИГД / 
Општина Битола
Население 2.554 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 565 м
Commons-logo.svg Горно Оризари на Ризницата

Горно Оризари е населба во северниот дел на градот Битола, на излезот кон Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Горно Оризари е населба во град Битола која се наоѓа на излезот кон Прилеп на магистралниот пат М-5. Во оваа населба се наоѓа ПОУ „Тодор Ангелевски“ - Горно Оризари, фабриката "Лозар Пелистерка" и фабриката за тутун "Сокотаб". Низ оваа населба поминува железничката пруга Битола-Скопје. Јужно од оваа населба се битолските нови и стари гробишта, како и црквата Црква „Св. Недела“ - Битола. Порано село, сега приградска населба во Битола, Горно Оризари е лоцирано северно од Битола (на далечина од само 1 км), источно од излезниот пат кон Прилеп, и ограничениот пат кој ја поврзува Битола со Охрид и Ресен (западно) и Прилеп (северно).

Околни села се: Долно Оризари на исток и Раштани на запад. Порано, водата за пиење се добивала од чешми (две) и еден бунар. Во дворот од секоја куќа бунарот обично бил длабок 5-10 метри. Но, водата од нив била тешка и избивала од земјата, феномен кој се нарекува "езерска глина".

Атарот на населбата е голем. Потези се: Тумба, Рид, Градено, Лозје, Мутишица, Ограѓе, Подлинија, Гладно Поле, Средно Патче, Мерите и Чаир. Горно Оризари е населба од збиен тип. Куќите се групирани во две маала: Горно и Долно. Поединечни делови во маалите се викаат по родовите - Галевци, Реџовци, Аршинковци итн.

Улици[уреди | уреди извор]

Улици во оваа населба се:

  • Ванчо Јаневски
  • Васил Брклевски
  • Владимир Назор (8-ми Септември)
  • Костурска
  • Крсте Нале
  • Кукуш
  • Мраморец
  • Петко Шалевски (Кире Костадиновски)
  • Рашанец
  • Раштанска
  • Стара Чешма

Историja[уреди | уреди извор]

Во 19. век Горно Оризари било село во Битолската каза на Отоманската Империја. Според статистиката на Васил К'нчов од 1900 година, Горно Оризари имало 236 жители, православни Македонци.

Целото население на селото било под Бугарската егзархија. Според Димитар Мишев, во 1905., Горно Оризари имало 216 православни Македонци.

Крај патот Битола-Прилеп е потегот Тумба. Во 50. години од минатиот век, во селото се пронајдени остатоци од гробови. Мештаните говорат дека тоа биле "арапски гробишта". По тоа тие заклучуваат дека некогаш во ова село живееле Арапи. На местото на тие гробишта денес се наоѓа фабриката за изработка на цигли.

Горно Оризари се вбројува во постарите села од битолскиот крај. Тоа се гледа и по сочуваните старински родови. Најпрво, ова село се викало "Оризаре". Покасно, за да се разликува од новото село Долно Оризари, го добило името "Горно". Името на селото дошло по одгледувањето на ориз. Оризот до средината на 19. век се одгледувал на потезите Мерите и Чаир.

По ослободувањето од Турците во 1912., во Горно Оризари беа забележани неколку чифлици. Сопственици биле: Рифат (имал најмногу земја), Азис, Неџип-ефенди, Шаќир-ефенди, Мемет Бањарот, Анка и други. Сите живееле во Битола, освен малобројните родови Галевци и Реџовци.

Во 1912, селото имало 40 македонски куќи. Потоа мештаните ги купували поседите од читлук сабијата. Некои го добивале земјиштето со аграрна реформа. Во атарот на Горно Оризари, земјиште купувале и жителите на соседните села Карамани, Раштани (Битолско), како и градот Битола. Од некогашниот просторен атар, жителите на Горно Оризари имаат само една четвртина, поради тоа што на атарот се наоѓа и битолскиот монопол.

Економија[уреди | уреди извор]

Со оглед на фактот дека станува збор за малку урбанизирана средина, не може да стане збор за некаква развиена економија. Во населбата има само мали претпријатија и тоа главно од трговски карактер, што е и главна причина за неговата неразвиеност.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, населбата има 2.554 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 2 441
Турци 0
Роми 13
Албанци 0
Власи 1
Срби 3
Бошњаци 0
Други 6

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во Горно Оризари постои ПОУ "Тодор Ангелевски" кое работи во склоп на ЦОУ "Тодор Ангелевски".

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Населбата Горно Оризари и селото Долно Оризари имаат панаѓур за Велигден. Тогаш во овие населени места доаѓаат гости и се приредува собир. Селските гробишта се во црквата Света Недела.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • ФК Младост, настапува во третата македонска фудбалска лига (запад).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.