Горно Оризари (Скопско)
Горно Оризари — село во Општина Шуто Оризари во Скопје.
Население[уреди | уреди извор]
Според Пописот од 2002, селото брои 454 жители, од кои:[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 444 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 9 |
Бошњаци | 0 |
останати | 1 |
Население[уреди | уреди извор]
Горно Оризари според пописот од 2002 година имал 454 жители, од кои 444 Македонци, 9 Срби и 1 друг.
Родови[уреди | уреди извор]
Горно Оризари е македонско село.
Според истражувањата од 1950-тите, родови во селото се:
Мирчевци (6 к.) доселени се од селото Копаница, Полошко. Во споменатото село пред околу 220 години живееле двајца браќа и една сестра, нивната сестра за жена сакал да ја земе некој Албанец, но браќата не ја давале и го убиле Албанецот, и едниот брат побегнал во селото Брезно, а вториот најпрво во селото Кучково, потоа прешол во селото Орман, па од таму во Горно Оризари. Го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 90 г. во 1950-тите) Миајле-Јован-Трајко, предокот кој се доселил во селото; Таневци (8 к.) доселени се од некое албанско село во околината на Витина, Косово. Го знаат следното родословие: Павле (жив на 70 г. во 1950-тите) Петре-Тане-Стевко, предокот кој се доселил, нив во местото на старина ги истерале доселените Албанци; Станковци (4 к.) доселени се од истото место како и претходниот род, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 55 г. во 1950-тите) Станко-Велко-Станко, основачот на родот; Кусо-Митревци (1 к.) отсекогаш имале една куќа, местото на старина како кај претхидните два рода, го знаат следното родословие: Славе (жив на 35 г. во 1950-тите) Никола-Петре-Митре, основачот на родот; Каскаровци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Мирковци, Скопска Црна Гора. Подалечно потекло имаат од селото Блаце, Кај Качаник. Го знаат следното родословие: Александар (жив на 30 г. во 1950-тите) Божин-Нешо-Петре, кој се иселил од Блаце.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви[3]
- Црква „Св. Петка Римјанка“ — главната селска црква, осветена на 7 август 2015 година;
Личности[уреди | уреди извор]
Родени во Оризари:
- Благоја С. Велковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Јовче С. Велковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Атанас С. Велковски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Петко М. Мирчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Тодор Ѓ. Мирчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Спасо Ѓ. Мирчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Миле З. Таневски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Елен П. Таневски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Илија П. Таневски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Младен С. Тодоровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Апостол А. Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Славе Н. Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Ѓорѓи Б. Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Трајан Петровски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Бранко М. Пижевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Павле К. Јовчевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ[4]
- Владо Митревски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Јован Саздовски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2015-10-27.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 35. ISBN 9989-35-022-1.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|