Маџари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маџари
Madžari 01.JPG

Влезен знак на населбата

Маџари се наоѓа во Republic of Macedonia
Маџари
Местоположба на Маџари во Македонија
Координати 41°59′57″ СГШ 21°29′42″ ИГД / 
Регион Скопски
Општина Гази Баба
Област Скопско Поле
Население 12.874 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 236 м
Commons-logo.svg Маџари на Ризницата
Изградба на монтажни станови во Маџари по Скопскиот земјотрес во 1963 г.

Маџари — населба во Скопје, во рамките на Општина Гази Баба.

Историја[уреди | уреди извор]

Местото е населено уште од новото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба.

На крајот на XIX век Маџари било село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маџари живееле 120 Македонци христијани.[1][2]

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Маџари имало 128 жители, сите Македонци.[1][3]

По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци.[4]

Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението полнало да го преградува храмот од темел.[5]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го завел Маџарлик (Madžarlik) како село со нејасен етнички состав.[6]

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 г. Маџари има 12.874 жители.[7]

Народ Жители
Македонци 11.45
Албанци 199
Турци 111
Роми 477
Власи 62
Срби 440
Бошњаци 169
останати 171

Населението низ историјата[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 120 128 996 1.589 3.246 12.874
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црлвата „Св. Спас“

Верски објекти[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

Културно-историска оставнина[уреди | уреди извор]

  • Тумба — археолошко наоѓалиште

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.206
  3. Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
  4. Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 – 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 26. http://www.promacedonia.org/kp_b/kp_b_1.html. посет. 30 јануари 2014 г. 
  5. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. http://www.gazibaba.gov.mk/mk/znamenitosti/znamenitosti. 
  6. Leonhard Schultze Jena. „Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder“, Jena, G. Fischer, 1927
  7. Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  11. „Верски објекти“ (на македонски). Општина Гази Баба. http://www.gazibaba.gov.mk/znamenitosti/verski-objekti. посет. 28 ноември 2010 г.