Прејди на содржината

Долно Оризари (Скопско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Оризари
Долно Оризари во рамките на Македонија
Долно Оризари
Местоположба на Долно Оризари во Македонија
Долно Оризари на карта

Карта

Координати 42°2′24″N 21°25′30″E / 42.04000°N 21.42500°E / 42.04000; 21.42500
Регион Скопски
Општина Шуто Оризари
ОбластСкопско Поле
Население во атар11550 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО25051
Надм. вис.303 м
Долно Оризари на општинската карта

Атарот на Долно Оризари во рамките на општината
Долно Оризари на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Тоа е физички споено со населбата Шуто Оризари, но сепак е водено како посебна скопска населба.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата е сместена околу 7 км северно од средиштето на Скопје. На север лежи селото Горно Оризари, на запад е Визбегово, а на исток се гробиштата „Бутел“, и по нив, населбата Бутел 1. На југ е населбата Топанско Поле, на југоисток е Бутел 2, а на североисток е Радишани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг (Црна Гора) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 3 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 10 мажи христијани, без новороденчиња. Проценувано е дека селото во тој период имало 20 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 година, го забележал со 162 жители.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според Пописот од 2002, населбата брои 1.550 жители, од кои:[4]

Народност Вкупно
Македонци 37
Албанци 1389
Турци 6
Роми 110
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
останати 7

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. ↑ Долно Оризари (Шуто Оризари), Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)